Првпат во Кукуш

19.03.2022 12:47
Првпат во Кукуш

 

Старите дуќанчиња, што би можеле да нè потсеќаваат на Гоцевото време, ги пломбирале како заби во расипана вилица. Надвладува новото и еден бодар ритам за такво гратче, сигурно засилен и од тоа што нас нè прима. Кога во една таверна ce напив чаша свежа вода, ми ce стори дека тоа беше сигурен допир со нашата традиција.

Чудно задоволство од тоа што го видов Кукуш. Задоволство како без видлива причина. Зашто заправо останав во тоа место околу еден час, гледајќи околу да видам што
повеќе, a гледајќи сосем несигурно поради мојот ослабнат вид. И сепак останува впечатокот дека се пројаснила една темна флека во мојата свест. Освоена е и осветлена од сонце уште една област на мојата мислена и сосем лична географска и историска карта. Тоа е како еден случај на привремена амнезија, што нè мачи, за да сетиме до толку поголемо олеснување кога одеднаш ќе ми ce врати со сите реални подробности тоа што поради некоја причина сосем сме го заборавиле и што оставило болна празнина во самиот наш духовен континуитет.

13. VIII 1987

Слика: Edvard Munch, 1891, Меланхолија

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото