Слез

19.01.2022 13:24
Слез


По еден месец во Индија ce почувствував чудно, како заскитан во сосем друг свет. Дрвја, но поинакви од нашите. Цвеќиња, но не ce како нашите. Птиците пеат поинаку од нашите. Дури волињата и кравите имаат поинакви рогови. И кога е исто, пак е подруго.

Потоа заминавме на обратниот пат за Ирак. Бевме во Багдад, ги посетивме урнатините на Вавилон, стигнавме на север до Мосул, до старата Нинива. И одеднаш, дури ги разгледувавме тие старини, каква изненада и каква возбуда! На ледината, меѓу другите тревки, забележав слез.

Toj лази ниско по земи, пушта нежни виолетови цвеќенца и заврзува малечки-малечки тркалезни лепчиња. Како деца во Прилеп ги беревме по ледините тие лепчиња и ги јадевме.

О радост, о радост! Мојата душа ce уталожи. Почувствував дека сум стапил во своите предели. Тука некаде, иако не близу, треба да биде мојата родна земја.


Извор за текстот: Блаже Конески,
Дневник по многу години

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност / Живот
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото