Зборува: Херојот

21.03.2022 13:00

Јас не сакав да заминам.
Тие ме мобилизираа.

Јас не сакав да умрам.
Тие кажаа дека ми е страв.

Јас се обидов да избегам.
Тие ме дадоа на Воен суд.

Јас не стрелав.
Тие ме нарекоа подлец.

Дадоа команда за напад.
Еден шрапнел ми го раскина стомакот.

Јас викав од болка.
Тие ме одведоа на безопасно место.

Јас умрев на безопасно место.
Тие објавија траурен молк.

Ме избришаа од списоците
и поставија крст врз мојот гроб.

Во родниот град ми одржаа говор.
Јас немав можност да извикам: "ЛАЖЛИВЦИ!"

Велеа, сум го дал животот.
Јас се мачев да го задржам.

Велеа, ќе служам за пример.
Јас пробав да избегам.

Велеа дека се гордеат со мене.
Јас се срамував од нив.

Велеа дека мајка ми исто така треба да се гордее.
Мајка ми плачеше.

Јас сакав да живеам.
Ме нарекоа страшливец.

Умрев како страшливец.
Ме објавија за херој.

 

Превод: Никола Маџиров 

Феликс Полак (Felix Pollak, 1909-1987) - американски писател, преведувач и поет.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото