Партизанската улица

19.04.2022 10:15

Замислете
од каде доаѓа оваа улица:
од мрак и беспаќе,
од снежна виулица
мислата стана улица.

Партизанската улица во Скопје
е мисла што води во бесконечноста.
Партизанската улица води во вечноста.

Луѓе, коли
во двете насоки
се движат и дење и ноќе.
Дење ги грее дневната светлина,
ноќе улицата е осветлена.

Партизанската улица
е мисла што води во бесконечноста,
Партизанската улица води во вечноста.

Партизанската улица се натпреварува
со најубавите улици во светот на стварноста.
Партизанската улица води на прослава
на Празникот на солидарноста.

Силен огномет се крева високо,
од небото врнат дождови од ѕвезди
(асфалтните коловози и тротоари
се посипани со конфети од трендафили).

Вие, деца, што пишувате
слободно можете да забележите:
Партизанската улица ги осмислува надежите.

Луѓе, коли
во двете насоки
се движат и дење и ноќе.
Дење ги грее дневната светлина,
ноќе улицата е осветлена.

Партизанската улица
е мисла што води во бесконечноста,
Партизанската улица води во вечноста.

(1981)

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Пандалф Вулкански
Пандалф Вулкански
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото