Лигавче на риги

06.07.2022 19:33

„Пицаааа“, викна болвата Чеш,
„Јухуууу!“, се надоврза еден еж,
„Ќе кркамее!“, ’ржна гладниот лав,
„А јас?!“, праша тепсијата со грав.

„Што ти?“, праша едно луто пони
кое учеше да јаде гумени бонбони.
„Значи јас за џабе се готвев, а!?“
– хиенски се намурти печениот грав.

„А што, ти не сакаш пица со габи,
скапоцени се твоите гравски заби?
Па сам ли ќе се јадеш, дали си луд?!“
– се вмеша еден работлив трут.

„Нарачајте ми пица со четири сирења,
пиво од бозел и едно парче диња.
Не сум по габите, ми прават киселини,
од нив ми се причинуваат балерини.

А, да – и чепкалка за заби остра,
мислам оти тоа ќе ми е доста“
– рече гравот, му потекоа лиги
и на вратот си стави лигавче на риги.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото