Пу за Мите, пу за сите!

28.06.2022 10:18

Во шумата криенка се игра:
ене го мечокот – зад кактус,
колибрито се крие зад игла,
гнуто зад розов аспарагус.

На магарето увото му ѕирка,
на зајко му се гледа опавчето,
ајкулчето се крие зад икра,
а рунтавиот пес зад мачето.

Нојот со затворени очи бара,
му слетува на глава бубамара,
му вели оти ќе му донесе гости,

штом завршат пролетните пости,
кога одеднаш еднорогот Мите
извика: „Пу за мене, пу за сите!“

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото