Некои особености на кирилицата

10.06.2022 15:45
Некои особености на кирилицата

Ја разбираш вредноста на сопствениот јазик дури кога ќе ти се наложи да прозбориш туѓ. Првите неколку месеци од емигрантскиот живот уште си зашеметен и недостигот некако не се чувствува. Потоа те спопаѓа тешка јазична апстиненција. За жал веќе одиш на курс, кој те учи не на мајчиниот јазик, туку токму на спротивното - на странски. Кирилицата е онаа тенка нишка на Аријадна, која може барем за малку да те врати кон твоите корени. И започнуваш да ја бараш безумно! Ниту еден од градските графити не е на бугарски. Не ни очекуваше дека ќе биде поинаку.

Така минуваат години, додека еден сончев ден очите не ти здогледаат добро оформен дебел натпис во сино: „ХУЙ “. Тоа толку категорично послание во тебе крева радосни бранови на милина, комбинирани со нотки на патриотизам. Да! Бугарскиот јазик е жив, дури и на 3000 километри од родната куќа! Е, како да не му се пофалиш за откритието на некој твој сонародник-емигрант? Со растреперен глас му објаснуваш на првиот Бугарин што си го сретнал какво епохално откритие си направил. Тој, на твое изненадување, се покажува јазично доста пописмен од тебе и ти ги оладува страстите со следната реплика: „Види сега, братче, ти ја разбирам возбудата, ама тоа го напишал некој Русин. Хуй си е русизам, ако беше кур, можеше да бидеш сигурен дека е дело на Бугарин.“ Во главата ти испливуваат сите руски филмови, во кои си го слушнал популарното „иди на хуй“. Да, така е, фактите не се на твоја страна. Што ти останува? Единствената достојна постапка во вакви случаи е да најдеш чист ѕид и со најдебелиот можен спреј да го оставиш своето „КУР“ за идните емигрантски поколенија. Така де, штом Русите можат, зошто ние, Бугарите, да не можеме.

Слики: Вася Ложкин
Превод од бугарски: Иван Шопов
Извор: Мопсът на Вазов, ЕРГО, София, 2021.

ОкоБоли главаВицФото