Загреб ќе „пошизи“ оваа учебна година

07.09.2022 13:03
Загреб ќе „пошизи“ оваа учебна година

Хрватските медиуми најавуваат дека Загреб оваа година ќе „пошизи.“ Имено, во 36 загрепски средни училишта се воведува предметот „Училиште и заедница“ - (Škola i zajednica (ŠiZ)), како факултативен предмет.

На часовите по овој предмет, учениците ќе учат демократија, што претставува залагање за подобро образование и подобро општество. „ŠiZ ги учи учениците како да бидат активни и рамноправни граѓани во општеството“ – објаснува градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ.

Градоначалникот овој потег го смета за огромен успех, и истакнува дека уште на почетокот, на демократски начин, учениците сами избираат на кои проблеми и теми сакаат да се фокусираат, а потоа со помош на наставникот одлучуваат како ќе го спроведат нивното решавање. За своите проблеми може да се обратат дури и до градските власти, на начин на кој тие сметаат дека е оптимален и применлив.

„Во рамки на ŠiZ, учениците уште од првиот ден се следат колку активно учествуваат во дебатите и активностите, колку се одговорни, самостојни, самоиницијативни, колку добро комуницираат и соработуваат, и врз основа на тоа добиваат насоки и оценки од наставниците“ – објаснува Борис Јокиќ, директор на Институтот за социјални истражувања во Загреб, оценувајќи дека една од најдобрите страни на овој предмет е тоа што младите меѓусебно ќе се поврзуваат, независно од нивните идеолошки ориентации, и заедно ќе делуваат за доброто на заедницата, што на хрватското образование ќе му даде нов карактер.

ОкоБоли главаВицФото