Нова српска (а ко да е наша) сатира (14) - Да застанеме! Не ни иде.

12.09.2022 16:57
Нова српска (а ко да е наша) сатира (14) - Да застанеме! Не ни иде.



Миливое Јозиќ

Демократија потекнува од Грција, а понира кај нас.

Потрошувашката кошница е исплетена од прачки на жалната врба.

Кога би го имале она што го немаме, политичарите не би го имале она што го имаат.


Слободан Симиќ

Нашиот пат не е без враќање, туку без тргнување.

За безизлезни ситуации ние редовно наоѓаме влез.

Се правевме мртви додека да мине опасноста. И си останавме мртви.

 


Жељко Желе Јовановиќ

Позитивната страна на нашите пропаднати болници е што во нив дури и најболните пациенти не изгледаат толку лошо.

Продавам чамец за спасување. Го продавам за да се спасам.

Ставија решетки на партиските простории. Добро е, ама тоа не е тоа.


Слаѓан Мартиновиќ Буковски

Прв пат да го прочитаме противникот ‒ тоа се почетоците на нашата писменост!

Почнува нашето златно доба. Само да се ослободиме од каменово!

Берлинскиот ѕид падна... врз нас!

 


Нинус Несторовиќ

Со години се понижувавме себеси, а потоа и на другите им дадовме шанса.

Врската со стварноста моравме да ја прекинеме. Имавме друга на чекање.

Сè додека не научиме да управуваме со отпадот, отпадот ќе управува со нас.


Владимир Ќалиќ

Да застанеме! Не ни иде.

Водачот се разбира и во земјоделство. Сее страв.

Овде политичарите се во мода. Ма нека се носат.

 


Славомир Васиќ

Човек заминал на оној свет. Чуј, заминал ‒ избегал.

На која морална категорија ѝ припаѓате? ‒ Перолесна!

Признавам дека сум глуп ко тркало. Дозволете да се оттркалам.


Марина Аристо Марковиќ

Децата тргнаа во школо. Ќе видиме каде ќе стигнат.

Сакате подобро утре? Полека, сè во свое време.

На паметните што ќе останат во земјата државата ќе им одбие на глупост.

Избор и превод: П. В.

Карикатури: Горан Ќеличанин