Европска недела на мобилност

16.09.2022 12:42
Европска недела на мобилност

Под мотото „Безбедни и здрави со одржлива мобилност,“ од 16 до 22 септември, во градовите низ Европа, но и пошироко, се одбележува Европската недела на мобилност ЕНМ, кампања која Европската комисија веќе две децении ја спроведува секоја година во третата седмица од септември. Оваа манифестација има за цел да ги фаворизира немоторизираните начини на транспорт во градовите, во споредба со автомобилскиот сообраќај кој користи фосилни горива, сè со цел да се подобри квалитетот на животната средина во урбаните средини. Минатата година речиси 3.000 градови од 50 земји од Европа и светот го прославија овој настан.

Изборот на овогодишното мото, „Безбедни и здрави со одржлива мобилност,“ е резултат на тешкотиите со кои се соочија Европа и Светот во екот на светската КОВИД-19 пандемија, а истовремено се праќа и апел за позитивни промени со кои Европа ќе се избори со сè уште присутната здравствена криза.

Во Македонија, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) со повеќе активности се приклучува во кампањата. Од таму појаснуваат дека „Целта на кампањата е формирање на здрави животни навики, чиста животна средина, побезбеден сообраќај и поддршка на алтернативни форми на мобилност затоа што возењето велосипед е здрава навика која позитивно влијае на здравјето на луѓето, ја заштитува околината и ја намалува емисијата на гасови. Секојдневно користење на велосипед е неспоредливо поевтин начин на урбана мобилност од кое било друго превозно средство со бесплатно место за паркирање. Велосипедот претставува доминантно превозно средство на кратко растојание до 5 километри во урбана средина од аспект на побрзо и побезбедно пристигнување до целта, а секој велосипед повеќе значи моторно возило помалку, што значи и намалување на сообраќајниот метеж и побезбеден сообраќај.“

Извор: Libertas.mk

ОкоБоли главаВицФото