Рјуичи Сакамото почина на 71 година

04.04.2023 10:47
Рјуичи Сакамото почина на 71 година

Рјуичи Сакамото e еден од најистакнатите јапонски композитори кој ја направи музиката за филмовите „Последниот император“, „Небото засолниште“ и „Повратникот“ и беше основач на влијателниот техно-поп бенд Yellow Magic Orchestra. Тој почина во вторникот на 71 година.

Неговата страница на Инстаграм го објави датумот на неговата смрт, но не даде повеќе детали. Сакамото изјави во 2021 година дека добил дијагноза на рак и дека добива третман.

Футуристичкото техно, делата за оркестар, нумери за видео игри и интимни солoа на пијано, се жанрови во кои Сакамото се чувствуваше подеднакво креативно свој, и создадаваше музика која беше допадлива, емотивна и длабоко усогласена на звуците околу него. Иако издаваше бројни соло албуми, тој соработуваше со широк спектар на музичари од различни жанрови и доби Оскар, БАФТА, Греми и два Златни глобуси.

Неговиот Yellow Magic Orchestra, кој ги освои топ листите кон крајот на 1970-тите и раните 1980-ти, продуцираше хитови како „Computer Game“, направени на синтисајзери и секвенсери, а истовремено ги сатиризираше западните идеи за јапонската музика.

„Големата тема за него е љубопитноста“, рече музичарот Карстен Николај, и долгогодишен соработник, во телефонско интервју во 2021 година. „Рјуичи многу рано сфати, дека еден специфичен жанр не мора да биде иднината на музиката - дека разговорот помеѓу различни жанрови и необични стилови, можеби е иднината“.

Сакамото стана прилично страсен и како екологист. Тој снимаше звуци на глечер што се топи за неговиот албум од 2009 година „Out of Noise“. За делови од сегментот „асинхронизација“, тој настапи на ненаштиман клавир, кој беше делумно потопен во цунамито во Тохоку во 2011 година.

Сакамото го сними неговиот последен албум, „12“ како еден вид дневник со скици, после долгата хоспитализација, во текот на 2021 и 2022 година. „Само сакав да бидам потопен со звук“, рече тој за плочата. „Имав чувство дека тоа ќе има мало лековито дејство врз моето оштетено тело и душа“.

Во декември, тој одржа соло концерт за пијано, во студиото 509 во Токио.

Сакамото ја остави позади него, партнерката Норика Сора, која му беше и менаџер.  

ОкоБоли главаВицФото