1015 hPa
82 %
12 °C
Скопје - Пон, 18.05.2026 10:59
Светот во сонот со слики од секојдневјето
одлушнати од него и вмушнати во нас,
во најдлабоките затемнети ареáли,
ги довикува оние искри што можат
на прескок да се префрлат лесно
од едно на друго место, од една
во друга форма, поинаква и не толку
само колку да не паднат в стапица
за да можат да се распламтат
и сите да нѐ озарат со убавина
што опива наоколу и се опева сега,
овде, веднаш, еднаш засекогаш!