1021 hPa
55 %
16 °C
Скопје - Нед, 13.09.2026 21:59
Летот на сколовранците,
летот на штурците
и летот на авионите
немаат ништо заедничко.
О, да! но сепак, но сепак...
како да шумоли светлината,
а нејзиниот свилен шепот
кој да го слушне додека јури
во неповратен лет.
Па сепак, па сепак...
прашуваат нашите погледи
додека го следиме нивниот лет
од нашата XYZT, точка
на време-просторната лента
што беспрекорно ја емитува
Големиот Кинооператор.