1016 hPa
70 %

3 °C
Скопје - Пон, 17.02.2025 03:59
Тогаш кога на хоризонтот, чист како солза,
росата се меша со магла, муграта со заод,
а ѕидниот часовник, стар и секогаш точен,
панично одѕвонува полноќ на пладне,
време е за дивеење на свирепата ламја,
опашеста сестра на многуглавата хидра
пред која и дрвјата свиваат крошни,
птицитe уплашенo нурнуваат в небо,
јатата риби полетуваат низ немирни води,
бура што луѓето ја следат без здив
кога преметкува сѐ, а штом запре,
веќе никој не сака да слушне
кому каменот, фрлен во вода,
брановидни закани му праќа,
зошто земјата вртоглаво се врти
а сонцето никогаш не запира да сјае.