1010 hPa
64 %

20 °C
Скопје - Пет, 25.04.2025 11:21
Во уметничкиот центар „Арт хаб” (во Градскиот трговски центар,2 кат, локал 306), вечерва, 24 јануари, со почеток во 19:30 часот, ќе биде отворена првата самостојна изложба на фотографии на Сашо Саракинов.
„На изложбата ќе бидат претставени околу триесет фотографии, кои ќе бидат поставени во неколку групи. Тоа се настани видени од поинаков агол, со интензивна боја и нагласена форма вклопена во една композиција. Фотографиите го отсликуваат моментот на настанот со нагласен архитектонски израз на она што се прикажува. Забележани се настани и објекти што нè опкружуваат во секојдневието, а, сепак, имаат многу што да кажат и да го свртат вашето внимание”, велат од „Арт хаб”.
За сите љубители на фотографијата, изложбата ќе биде отворена до 2 февруари, 2024 година.