Груевски пред триумфален пораз

01.04.2011 15:04
Груевски пред триумфален пораз

Деновиве напишав дека Никола Груевски може да победи само на избори без СДСМ и со таа реченица веројатно налутив многу приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ. Сега, откако лидерот на водечката опозициска партија, Бранко Црвенковски, објави дека ќе учествува на овие избори и дека веќе за ништо нема да преговара со Груевски, чувствувам обврска да објаснам зошто тврдам дека актуелниот премиер, човекот кому сите анкети му даваат предност пред трката, едноставно, не може да победи на овие избори. При тоа, очигледно, нема да биде доволно ако кажам дека поразот на Груевски почна тогаш кога и тој, токму како и големиот диктатор Адолф Хитлер, поверува дека вистината не е важна, туку само победата и кога понесен од властољубието, не стаса да ја разбере мудроста на старите Римјани, кои знаеја дека на противникот мора да му овозможиш да се повлече, ако сакаш да ја освоиш круната на триумфот.

Затоа, во оваа колумна нема да филозофираме, туку ќе се занимаваме со математика. Внимавајте, имам грда навика во своите пресметки секогаш да се потпирам на „црните“ сценарија, од што многумина, можеби со право, заклучуваат дека ги демотивирам луѓето со кои заедно чекориме кон истата цел. Не знам, така секогаш сум ги правел проекциите за сопствените очекувања и во животот и во бизнисот во кој работам. Затоа, во оваа прилика, ќе се потпрам на оптимистичките прогнози за изборниот резултат кои полујавно ги лиферуваат токму луѓето на Груевски и уверливо ќе докажам дека Водачот навистина е во состојба што може да се опише само со оксиморонот од насловот на овој текст - триумфален пораз.

Еве како изгледа таа „весела“ математика. Познато е дека 30 пратенички места на овие избори ќе освојат албанските партии, а ДУИ, веројатно со право, очекува да го задржи приматот на водечка партија на Албанците (иако јас не би ги потценил амбициите на Мендух Тачи, на Имер Селмани и на Руфи Османи). Македонските партии меѓу себе треба да поделат 90 пратенички мандати. Последната оптимистичка прогноза што ја слушнав од таборот на Груевски е 52 мандати за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Како што ќе се види подоцна, ништо не се менува ако прогнозираме и 55 мандати за Груевски. Напротив, ситуацијата станува уште покомплицирана.

Верувам дека дпмнеовци ќе бидат доволно „дарежливи“ на својот некогашен лидер, харизматичниот Љубчо Георгиевски, да му дадат барем пет мандати, на омразениот Љубе Бошковски два мандата, исто колку и на Јово Манасијевски, а уште еден мандат ќе резервираат за некој од другите тркачи – за Фијат Цаноски (ако овој не се врзе со ДУИ), за Стојанче Ангелов, за Филип Петровски, за Лиле Поповска или за некој друг. Притоа, внимавајте, ја допуштам претпоставката ниту еден од овие дополнителни десет мандати за партиите надвор од кампот на СДСМ да не ги засегне оние 52 пратенички места „резервирани“ за ВМРО-ДПМНЕ. Во таков случај, значи, Црвенковски би можел да смета на 38 пратенички места. За потребата на оваа анализа, молам секој дополнителен глас за помалите партии да се одземе од контото на СДСМ, а не од ВМРО-ДПМНЕ.

Дали е ова доволно оптимистички за моите мили Хунзи? Значи, се движам кон идеалниот исход на кој се надеваат дпмнеовци – новата влада повторно да ја состават Груевски и Ахмети. Единствената неизбежна новост е што во таа влада ВМРО-ДПМНЕ нема да биде поддржана со апсолутно мнозинство од 61 „македонски“ пратеник и што за нејзиниот опстанок секогаш и во секој момент ќе одлучува ДУИ – ако Ахмети ја повлече поддршката, владата паѓа ко круша.

Верувам дека има влијателни луѓе и во македонската елита и во заедницата на странски дипломати во Скопје кои мислат дека ова и не би било лош исход од претстојните избори. Оваа проценка се темели на претпоставката дека новата влада, всушност, ќе има двајца премиери – еден на сонце, со лопата в раце, друг во сенка, со „марлборо“ в уста. На Груевски ќе му биде дозволено да си глуми премиер и да се занесува дека гради нова нација, а Ахмети, поради своите познати релации со меѓународниот фактор, трпеливо ќе ја диктира агендата според очекувањата на Американците и на Брисел.

На прв поглед, ова изгледа како интелигентен план. Странците многу вложија во своите очекувања Груевски да покаже лидерство и да се обиде да го реши спорот за името. Еве, нашиот премиер веќе го гори и вториот американски амбасадор, ложејќи го со приказната дека му недостасува само уште еден четиригодишен мандат за да го реши спорот со Грците (внимавајте, зборуваме за Филип Рикер, човек кој во Македонија дојде со ореолот на полиси мејкер, а не за некаков неамбициозен чиновник од Вашингтон). После толкави надежи и жртви, можно е сега странците да се потпираат на очекувањето токму Ахмети да го бајпасира погубното влијание на популистот Груевски врз македонската политика. Ова дотолку повеќе што првакот на ДУИ јавно ја обзнани својата амбиција да биде фактор на решавање на спорот со Грција, а неодамна и лицитираше со компромисни имиња. Јас сум убеден дека верноста што Али Ахмети му ја нуди на Груевски не потекнува од коруптивни мотиви, како што тврдат некои злонамерници, туку од искрената убеденост на асот од Мала Речица и на неговите странски ментори дека планот може да успее.

Жал ми е што морам да ги разочарам Ахмети, кого го почитувам, Рикер, кој ми е симпатичен и сите други кои добронамерно играат на оваа карта – не бива таа работа! Немојте да ги потценувате ни Груевски ни неговите поддржувачи. Јас, како што е општо познато, сум жесток критичар на политиките на тој човек, но никогаш не сум се осмелил да помислам дека тој, после пет години грижливо билдање на култот на личноста, ќе прифати да биде статист во сопствената влада. Тој филм нема да се дава. Груевски да се натера да го „предаде“ името? Мало морген, што би рекол Милошевиќ. Нема шанси нашиот Пастир да дозволи Ахмети или странците да му предат волна. Македонија ќе пламне ако треба, атомска централа наместо црква ќе се гради, цунами ќе помине преку земјава библиска, а Груевски нема да се предаде на ваков начин. Или ќе се игра по негово, или таа влада ќе пропадне!

Но, да се вратиме малку на нашата „весела“ математика. Предвидувам дека Груевски, свесен дека нема да добие 61 мандат, ќе се обиде да обезбеди уште еден македонски партнер во коалицијата, за да дојде до асполутно мнозинство во парламентот. Но, кого да избере? Љубчо од кого најмногу се плаши (освен од Бранко, се разбира)? Јово звани и змија и магаре? Љубе, кого го нарекува кодош? И како, по ѓаволите, кога никој од нив, нели, нема да освои повеќе од пет мандати? А ете, дури и да успее волшебникот да најде македонски партнер, за да го неутрализира влијанието на ДУИ, зарем навистина некој мисли дека Ахмети цица весла и дека тоа лесно ќе го прифати?

Значи, како и да заврти човек, изборниот резултат – пак велам, изведен врз основа на прогнозите на груевци! - може да доведе само до две ризични сценарија.

Првото сценарио се совпаѓа со прогнозата што неодамна ми ја соопшти еден странски дипломат во Скопје, одличен познавач на нашите локални прилики. „Новата влада, драг мој Героски, ќе ја состават Груевски и Ахмети и таа нема да трае подолго од една година“, ми рече тој. Има логика. Веќе ви објаснив зошто таква влада нема да успее да реши ниту еден важен проблем и нема да ја придвижи земјата кон Европа. Ахмети треба да знае дека ако се согласи на таква коалиција, ризикува да го изгуби кредибилитетот и кај Албанците и кај странците, бидејќи дури сега ќе се покаже дека е немоќен да влијае врз Груевски и дека во владата седи само оти му е мила фотелјата. При тоа, опозицијата нема да има никаква морална обврска да гради консензус со една таква влада, за било кое прашање. На секој обид на странците да бараат соработка, повеќе од кога било порано, Црвенковски и другите опозиционери ќе можат да одговорат: „Простете, господо дипломати, оваа влада, која веќе пет години е на власт, со ваш благослов доби мандат да владее уште четири години. Повелете, ене ви ги Груевски и Ахмети, со нив решавајте ги и спорот за името и меѓуетничките односи и сите други проблеми“. Накусо, една таква влада може само да предизвика длабока политичка криза и брзо ќе доживее хаварија.

Второто можно сценарио – нагласувам по кој знае кој пат, при изборен резултат близок до најоптимистичките прогнози на дпмнеовци! – е да се создаде влада од повеќе партнери, која ќе обезбеди консензус за клучните одлуки што ја очекуваат Македонија во периодот пред нас. Партнерите ќе бидат принудени да соработуваат, да прават компромиси и да донесуваат одлуки, кои потоа ќе ги бранат пред електоратот. Верувам дека во таков случај, политичкиот договор што би се наметнал меѓу нашите партиски султани е да се создаде една влада без силни политички авторитети, која ќе се обиде експертски и со студени глави да донесува крупни одлуки (меѓу кои и најтешката, таа за компромисот со Грците), а партиите на таквата влада и на таквите одлуки ќе им обезбедат политички легитимитет. Тоа е еден сосема нов концепт на лидерство и сосема ново сфаќање на политичката одговорност, апсолутно далечни за дискурсот на политичар од форматот на Груевски.

Да заклучам. Доколку воопшто добие мандат да ја составува новата влада, Груевски ќе има само две опции - или да пактира со Ахмети и да ризикува послушништво и радикална разврска, или да се обиде да состави влада со поширока политичка основа, при што неговиот имиџ на демиург неповратно ќе исчезне до обезличување. Што и да избере, тој никогаш веќе нема да биде она што е денес. А сè можеше да биде поинаку ако Груевски навреме ја сфатеше поуката на големиот Аристотел, кого Филип Втори го најми да му биде учител на големиот Александар. Мудрецот вели: „Јас го сметам за похрабар тој што ќе ги совлада сопствените желби од тој што ќе ги порази своите непријатели – бидејќи најтешката победа е да се победиш себеси“.

Но, почитувани читатели, кој вели дека судбината на Македонија мора да зависи од дилемите со кои сега е соочен човекот кој е на власт веќе цели девет години, од кои четири раководи со државната каса, а цели пет години со владата? Малку ли му беше да покаже колку знае и умее? Неговото се виде. Сега имаме избор. Затоа одиме на избори, зарем не?!

Слики: Thomas Allen

Тоа е тоа 03:00 часот пред

Тоа е тоа 03:00 часот пред дрводекор пичиме накај Солун ќе биде прекрасно, се надеваме и времето ќе не послужи и ќе пиеме кафе покрај морето, чаос

Доколку воопшто добие мандат

Доколку воопшто добие мандат да формира влада, тоа значи дека Груевски ПОБЕДИЛ. Како тоа малку да е страшно после овие глупости што ги направи, уште и опозиционерите се сигурни дека ќе победел, ама не со толкаво мнозинство. Па со ваква усрана опозиција и си го заслужуеме Груевски и среќа што немаме некој дамбетер. Па, уште Геровски опозиционерот му дава 5 пратеника на Љубчо, за когошто се знае дека работи на Груевски, а по два им дава на далеку посериозни и поопозиционо настроени ЛДП и ОМ. Па, Героски, вие за Грујо да не работите бе?

Значи да заклучиме - и самиот

Значи да заклучиме - и самиот Геро очекува победа на Груевски но во исто време е ептен радосен пошто Груевски нема толку убедливо да триумфира а со тоа Али и 20те пратеници ќе може да го условуваат и да ја дупчат Македонија. БравоС!

Во случајов, се согласувам со

Во случајов, се согласувам со коментарите на Вселенец и Д-р Фројд. Преку кур од тоа квазиобјективно броење гласови и од тие ѓоамити анализи поткрепени лебати од високи дипломати и други шпиунчишта... До курца со таа млитавост! Ил веруваш дека сатрапијата мора да се тргне, или си некоја јебана калкулантска мивка од таборот на сеирџиите или од подрумите на СДСМ!
Единствена олеснителна околност за доста ступидните и дефетистички аналази на Героски е што човекот работи под сосема ненормални околности и е изложен на жесток стрес (нема плата, нема коли, закани колку сакаш, ужасни услови за работа итн.)
Против сатрапијата на Златниот-Црниот треба вера&љубов&надеж, т.е. страст дека поинаков свет е можен! А не кулоарски шушкања со вечните фолиранти и медиокритети што од страна го чекаат секој избор - и гледаат да се углават во него.
До Ахмети што се однесува: на клоци треба да се истера од владата! Прв пат велам: Грујо беше сосема во право што таа гнса од партија (ДУИ) не ја сакаше 2006 (но после легна на брашно, ко и за милион други работи, меѓу кои и името). Ахмети треба да одговара за криминалите што ги праеше ем со Бучко ем со Грујо! У апс со сите нив!

Престроги сте кон

Престроги сте кон Героски.
Прво, човекот неколку пати во текстот инсистира дека изборната калкулација ја прави според најоптимистичките очекувања на груевистите.
Второ, неправедни сте кон недвосмислениот и голем ангажман на Героски контра сатрапот (преку ГЕМ дебатите, да речеме).
Трето, го игнорирате можеби клучниот момент во неговата анализа: Героски дава прецизен политички профил на Малиот-Големиот. Тој профил јасно збори: автократ со тенденции кон диктатор. Груевски не трпи поделба на власт со никого. Тој со Ахмети власта не ја дели, туку го плаќа Ахмети колку што треба, да ќути и да не се меша. Груевски не трпи никакво различно мислење дури ни во неговата ступидна партија на климоглавци, а камоли надвор од таму (замислете, еден еклатантен јастреб со фашизоидни политички рефлекси, Антонио Милошоски, е главниот либерал во круговите околу Груевски - и оттаму непожелен!).
Така што, во тој аспект, објаснувајќи дека Николае Грујабе е човек за се’ или ништо, Героски, ми се чини, има право.
Иако, факт е и тоа, Грујабе е непредвидлив (според мене: луд и деструктивен), така што можни се изненадувања и на тој план...

Жал ми е што ги разочарав

Жал ми е што ги разочарав „идните преродбеници“ и што не ја сфаќаат поентата на мојата анализа - фактот дека режимот на Груевски има фатална инхерентна слабост, точка на „топење“, која сите ја чувствуваме. Мислам дека тој факт ќе биде пресуден за падот на овој режим.
Исто така, жал ми е што има луѓе кои не сфаќаат дека во ова време, кога врвен приоритет е да се собори овој режим на Груевски, сите опозициски сили во земјата треба да соработуваат за да не си нанесуваат меѓусебни штети и штети на заедничката цел. Треба ли да потсетувам на српското искуство, на тоа како беше соборен Милошевиќ?
Затоа, дечки, секоја чест за борбеното навивање, но навивачките страсти малку помагаат кога е потребно да се прават сериозни анализи. А што се однесува до мојата политичка определба, моите ставови секогаш биле јасни и директни - ниту сум имал ниту ќе имам потреба да ги затскривам и да ги оправдувам со било чии партиски директиви. Тој филм од Героски нема да го гледате.

Топ беше во Солун, како само

Топ беше во Солун, како само ме облеа миризбата на море просто се навлажнив

„А што се однесува до мојата

„А што се однесува до мојата политичка определба, моите ставови секогаш биле јасни и директни - ниту сум имал ниту ќе имам потреба да ги затскривам и да ги оправдувам со било чии партиски директиви. Тој филм од Героски нема да го гледате.“

Готово - ти верувам.

Анонимен искрен е Героски.

Анонимен искрен е Героски. Тој не извршува партиски директиви туку газдински - оние на газда Велија.

Форсирање на Љубчо како

Форсирање на Љубчо како главен опозиционер освен СДСМ е токму играње на картата на Груевски, а кај Героски забележувам сериозна пристрасност кога е овој човек (ај да не употребувам навредливи зборови) во прашање.

Ете ќе си оди овој режим. А

Ете ќе си оди овој режим. А потоа, нема ли да има режим? Сме се изнагледале режими и Курто - Мурто промени. Критики и премногу, ама предлози за решенија слабо. Философијата да си одат овие а после ќе видиме, не е баш нај нај...

Како некој нормален можи да

Како некој нормален можи да гласа за ваков СДСМ, за не реформиран, мувлосан,безидеен СДСМ, и после ние им сме криви дека ВМРО победувал постојано ??!! Дајте понуда луѓе, дајде идеи,дајте кадар,пензионирајте го веќе еднаш пензионерот, ако насака милум тогаш силум, за ревери и надвор... Па ајде г-ине Геровски напишете малце за тоа охрабрете ги опозиционерите, немојте само да ги вергладе истите глупости како сите новинари и „експерти“ !!!

Не знам од каде се најдов на

Не знам од каде се најдов на оваа страна, али жалам за изгубеното време додека го пишувам овој коментар...
Немав одамна прочитано по глупава статија. За жалење сте!!!

Герче срцуленце ! Кажи ми

Герче срцуленце !
Кажи ми барем една причина зошто да гласам за Бранко !
(без да спомнеш ВМРО, Грујо и сл.)
ЕДНООКИ те поздравуваат гледај не во следната епизода.
Чао маче

ОкоБоли главаВицФото