1022 hPa
100 %
6 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 10:59
(...)
По приодите на градот расте острата трева,
и прозорците се кршат од провев
и никој не ги обновува. Спомениците лежат
врз искршените плочи, со лицето кон земјата,
и никој не ги крева. Сонцето косо ги осветлува
празните плоштади и каналите што пресушуваат.
Само во големите сали раскажуваат уморните гласници
дека имаат видено некаде момче
што знае да свири во мртва лушпа од полжав,
но ни тоа, се чини, не е вистина.
(фрагмент од „Песна за времето“, 1966)
Песна за предзнаците
Гласниците се уморни а мостовите стари и дотраени.
Работите врз јавните градби заостануваат. Врз проектите
паѓаат црвојадина и мртви инсекти.
Читачите на судбината си ги собираат парталите.
Никого повеќе не го интересираат убавите прикаски.
Војниците се коцкаат со собирачите на данок
и се поплакуваат на долги пешачења.
Градот го опколуваат бодливите трња
и троскот што исушен прилега на канџи.
Кој ги видел странците на главните патишта?
Кој ги препознал голушките на непознатите овошки
во коњските лепешки? Прирачниците
за далечните народи одамна се спалени.
Невозможно е да се проверува. Невозможно е
да се отиде или што и да е да се направи.
Возможно е единствено
да се остане и да се чека.
(1966, збирка „Манекен во пејзажот“)
Азиски грип
Дење: мокри чадори, автобуси,
лоши гласови, неизбричени лица.
Ноќе: зад градот расте степа,
долетуваат истоштени коњаници.
Дење: купување термометри, брзање,
затворени театри, на асфалтот мртва птица.
Ноќе: зад градот расте степа,
долетуваат истоштени коњаници.
Дење: град што наслушнува еден звук,
звук што е време, град што е невиделица.
Ноќе: зад градот расте степа,
долетуваат истоштени коњаници.
(1967, збирка „Летен дожд“)
Компасот на сонот
Тоа е тој воз што забрзано нè
неговите тркала во слатко лепило тонат.
Напразно се обидуваме да ѕвониме во алармното ѕвоно
бидејќи тоа сето е исполнето со волна. носи кон сонот:
Која е таа девојка која однадвор дланката ја става
врз прозорецот и наместо пејзаж ја нуди?
А после е премногу доцна кога ќе ни јават
дека возот е над бездна а машинистите - луди.
И кога наоколу ќе се склопи густото море
не стасува да нè полази ниту една морница:
оставајќи ги светлините далеку зад себе горе
возот се претвора во мрачна подморница.
(1973, збирка „Ѕвездена терезија“)
Хаос
Сè повеќе има жени со зелени очи.
Сè повеќе возови што не доаѓаат на време.
Сè повеќе луѓе што влегуваат со почит
во една голема сала каде што џелатот дреме.
Сè повеќе има тополи што се сушат.
Сè повеќе има градови од кои се заминува.
Сè повеќе заминати за кои не се слуша.
Сè повеќе провеви од кои се настинува.
Сè повеќе има луѓе што се плашат од сината боја.
Сè повеќе питачи што ве влечат за ракав.
Сè повеќе непознати кои на скалите стојат.
Сè повеќе оние што не прашуваат зошто е тоа така.
(1973, збирка „Ѕвездена терезија“)
Избор: П. Вулкански
Слики: John Tarahteeff
А бе Окнаши, па вие секаде го
Испратено на 17 мај 2011 од ПсихијатарА бе Окнаши, па вие секаде го гледате Грујо, дури и во минатото, кога не бил ни роден. Е ова ти се вика патолошка опседнатост од некого. Стварно сте болни, жими се. Тамам си мислев дека сте го допреле дното, а вие ми покажавте дека се уште имате изненадувања. Свака част, мајстори! Ако ви требаат моите услуги, јавете се на 0800 12345. Не можам да ви ветам дека ќе ве излечам...
„Психијатар“, ко што напишаа
Испратено на 17 мај 2011 од Окнаш„Психијатар“, ко што напишаа во последниот „Фокус“, груевизмот не е политика, веќе дури не е првенствено ни злосторничко здружување, туку - дијагноза.
Така што, јасно ми е зашто си толку врзан за груевизмот, батка.
Што се однесува до песните на Урошевиќ: тие се ПРОРОЧКИ. Како да го антиципираат доаѓањето на едно „маркантно момче со сонце во косата“ (а, пардон, тоа беше за Слоба, Балканскиот касап). Всушност, го антиципираат ГРАДОТ, освоен од варварите.
Како прво, не сум груевист.
Испратено на 17 мај 2011 од ПсихијатарКако прво, не сум груевист. Како второ, батка, ти си исти курац како секој груевист - навредуваш, етикетираш, напаѓаш, агресивен си, се криеш зад милион copy-paste псевдонимчиња, како да не знаеме за кој пациент станува збор. Повторувам, исти курац си како груевистите, и ако продолжиш вака, работиш на сопственото самоуништување. Веќе го изгуби угледот кај непартизираните Македонци (главната гласачка сила која изнесува речиси 50% од вкупните гласачи во Македонија), а кај и да, ќе го изгубиш и кај партизираните (мислам на СДСМ-овците и овните). Груевски не бил роден пред 40-50 години кога Урошевиќ ги пишувал песните, и ова е само уште еден твој обид за манипулација со факти и историски појави. Окно веќе стана полигон за партиски лаги и спинови, и прашање е до кога ќе има некаква разумна публика. Порано го посетував секој ден зашто навистина ми се допаѓаше, ама сега се претвори во тешко срање, уште потешко од Дневник и Вечер заедно. Ама не очекувам да ме сфатиш, ти си болно опседнат од Грујо, и мислам дека и го сонуваш навечер.
Батка, кај тебе само се
Испратено на 17 мај 2011 од ОкнашБатка, кај тебе само се гледаат пропагандните штанци од штабот. Ти си шраф, батка, но со оглед дека шрафот не смрди, лажам: ти си подрумски штакор, оти подрумите ви баздат до небо (од штанците, од глупоста, од лагите).
Ти ли, глупав штакору, ни више ни мање, го мериш „угледот кај народот“?! (башка, толку прецизно го мериш што сондите си ги уфрлил бар кај „два народа“: сдсмоовскиот и „неутралниот“.
Драго ми е само што дури и вие, подрумските штакори (замалку ќе речев штакорските подруми, стварно изглеа одлепуем:), полецка почињате да му се упикуете у гз на „сдсмоовскиот народ“ (изглеа ти подѕирнува глаата, батка, од гзот на груевистичкиот народ, а?! и, што викаш, каков е воздухот на слободата?!; не, не, ти брзо би да најдеш нов гз, нели така?!)
Будало, по втор пат ти зборам: песните на Урошевиќ ги разбираме како ПРОРОШТВА за градот и лудилото во кое градот ќе го доведе еден гегав варварин што се одзива на име: Николае Грујабе (во народот познат и како Панделки /Леле/ Мајко - премиер). Укључи двете виуги у подрумскиот тостер, идиотски изродбенику!
Побаравте ли дозвола од Влада
Испратено на 17 мај 2011 од 949494949Побаравте ли дозвола од Влада Урошевиќ да му ги објавите песните во ваков политички контекст? Чисто ме интересира...
Во каков политички контекст?!
Испратено на 17 мај 2011 од ОкнашВо каков политички контекст?! Што трабуњаш, бе, момче?! (да ни се трансџендер?! вечер бев на трансџендер собир, па извини ако не си момче; по името, може и да си киборг:)
Вака: откоа е света и века уредник уредуе списание - тоа му е работа. Не лаже, не краде, не фалсификуе, не подметнуе. (мада има и такви уредници - Латас, на пример, ходајуќа превара)
Во случајов, уредникот на Окно стаил наднаслов: пророчки песни за груевизмот, од пред неколку децении итн. - јасен, презицен, неманипулативен (а провокативен:) наднаслов - и што има тука проблем?!
Камо среќа вредното книжевно наследство (кое го имаме толку малку!) да се презентира, па макар и со маркетиншки финти!
А дека градот од кошмарите на Урошевиќ заличуе на кошмарот што ни го приреди Златниот-Црниот - заличуе...