Фрагменти против груевизмот

22.07.2011 14:15
Фрагменти против груевизмот

Прочитав и дека директорот на ДБК Сашо Мијалков, потврден патриот, има чешка патна исправа, односно чешко државјанство! Има ли уште држави, освен Македонија, во кои првите контраразузнавачи имаат двојни државјанства? И, наеднаш, се сетив на композиторот Беджих Сметана и неговата композиција „Мојата татковина“. На чешки, композицијата се вика „Мá власт“. Имено, зборот „власт“ на чешки значи „татковина“. Изгледа дека Мијалков и неговите се на добар пат да ја укинат таа разлика меѓу двата јазика така што „моја татковина“ на македонски ќе значи „моја власт“. Барем дури се тие на власт.
05.01.11.

Во „Амаркорд“ на Фелини има една антологиска сцена во која маглата ја заробила Италија со која владее Дуче. Луѓето талкаат низ неа, се довикуваат, се бараат и не можат да се најдат, губат ориентација. Таква е и нашата магла, онаа околу нас и онаа во нас. Обезглавени, се изгубивме во неа и никако да ѝ го најдеме крајот. Маглата лаже. Маглата оддалечува, ги затапува сетилата, видот и слухот. Маглата го заматува умот, па ни се чини дека она што им се прави на тутунарите и во А1 се случува некаде далеку и затоа не нè засега. Маглата го голтна млекарот Душко Илиевски, маглата ги голта тутунарите Владо Петрески и Кире Неделковски, маглата ќе ги голта сите, таа е слепа за партиските книшки.
13.01.11.

Во Бекетовата драма „Чекајќи го Годо“, робот Лаки го влечка куферот на својот господар Поцо. Се порева, се тетерави, но камшикот во рацете на господарот го убедува да продолжи по Голготата. Двајцата кои го чекаат Годо, Диди и Гого, најпосле собираат храброст да го прашаат господарот Поцо што има во куферот. „Песок“, гласи одговорот. Што ќе има во куферот што ќе ни го тапоса Груевски по враќањето на Вашингтон? Канта бензин за разгорување на огнот што го потпалија паликуќите на власт? Ќе го свиткаме вратот или ќе одбиеме да се топлиме на пепелта на нашите огништа?
16.02.11.

Недоветна е божемната недоветност на малолетните полнолетни груевисти, нивните партиски сателитчиња и медиумските комбинати. Недоветни им се сите напрегања да ги забошотат заушките што Н.Г. ги доби во Вашингтон. Таму го истуркаа на тротоарот да ни расправа како, божем недоветен за тоа зошто го викнале Бајден и Клинтонка, им продавал басма за „ѕвездените мигови“ на Македонија предводена од него и од неговиот режим. Стратегијата на недоветната божемна недоветност се распрсна како меур од сапуница, кога Американците, не од тротоарот туку од Белата куќа и Стејт департментот, од прва рака нè информираа дека на Н.Г. му ја соопштиле својата загриженост за загрозеното владеење на правото, слободата на медиумите, граѓанското општество и меѓуетничките односи.
23.02.11.

Три години трае „преродбеничкиот“ лов на предавници, платеници, продадени души, соросоиди, изроди и што ти уште не. Три години нè навредуваат, клеветат, колнат и нè пцујат, небаре навредите, клеветите клетвите и пцостите можат засекогаш да го камуфлираат злосторството, кое ќе остане запаметено како ограбувањето на Македонија. Три години јавните добра се преточуваат во приватни џебови. Три години осиромашува Македонија, три години се збогатуваат груевистите. Слој по слој, граѓаните на Македонија лелекаат и пиштат дека гладот им тропа на врата. Режимот на Груевски ниту ги гледа, ниту ги слуша, им ги празни џебовите, па им потфрла рефус, што би рекле еснафите.
02.03.11.

„Занеми, Македонијо“, порачуваат груевистите со зборови и дела. А делата им се бездушни. Таква бездушност Македонија не беше видела пред да биде заробена од јамката груевистичка. „Замолкни, Македонијо“, порачуваат груевистите, „нека замолкнат А1, „Шпиц“, „Време“ и „Коха е ре“, партиската и непартиската опозиција, умот и разумот нека застанат!“. За да може да продолжи лудилото на власта портокалова. Има уште место во преполнетиот затвор во Шутка, порачува Груевски, а истражниот судија исполнува. Со еден туфек, по два зајаци. Семејството и слободата. Здравјето и образот. Правото и правдата. Жените и децата. Животот. Со секоја неправда, со секој уништен живот, груевистите и нивните послушници сè повеќе се оддалечуваат од човечноста. Демократијата и владеењето на правото ги згазија уште на изборите во 2008 година, а ги погребаа на 25 ноември 2010 година.
02.03.11.

Нема сомнеж дека претстојните избори ќе бидат највалканите досега. Груевски и груевци ќе ги употребат сите средства што им се на располагање за да го избегнат заслужениот пораз. Ќе го испразнат буџетот и ќе ја дозадолжат Македонија преку мера. Ќе поткупат сè што може да се поткупи, ќе заплашат сè што може да се заплаши, ќе залажат сè што може да се залаже, ќе уценат сè што може да се уцени. Скапо ќе го платиме поразот на Груевски и груевци, но многу поскапо ќе ја плаќаме нивната победа. Со нивната победа ќе умре надежта. Со нивниот пораз, таа ќе воскресне. Ќе ни се врати на бранот на растечкото незадоволство, бранот кој добива на сила со секоја нова неправда, лага, грабеж и поскапување, со изливите на бездушност и нахалност кои се множат. Но се множат и изблиците на гневот на излажаните граѓани. Јамката на сиромаштијата стегнала толку што лажливите ветувања веќе не помагаат. Груевци чувствуваат дека сонцето во нивната мала империја заоѓа. Ги фаќа страв и несоница. И бладаат, буричкаат и бербатат.
17.03.11.

Во постомунистичката транзиција, позната како „втора акумулација на капиталот“, увозно-извозните претпријатија основани од тајните воени и полициски служби, речиси без исклучок се претворија во фирми со големи и опасни апетити да бидат држави во држави. Денес во Македонија најбогата фирма е партијата на власт, ВМРО-ДПМНЕ. Таа не е држава во државата, таа е држава над државата. Нејзината моќ ја надмина моќта на сите фирми на „новите богаташи“ заедно.
26.05.11.

Разумот ми велеше дека груевци ќе направат сè за да ја задржат власта што им се услади. Емоциите ми велеа дека сепак мора да има некаква црвена линија која ни груевистите нема да ја згазат. Ја згазија. Се заборавија поради преголемата леснотија со која Македонија им се покори. Премногу долго им поминуваше и лагата и кражбата. А кога почнаа да тонат и нивното претање почна да го крева талогот од дното, се претворија во давеник кој се заканува да ги повлече со себе на дното и оние чие верување се расколеба. Прегратката на давеникот се претвори во костец кој, ако не се раскине, се заканува да ја потопи и Македонија. Затоа Македонија мора да се ослободи од тој костец.
01.06.11

Ваква порака на првиот ден по изборите ни испрати претседателот Иванов. Цитирам: „Од друга страна, сметам дека изборите отворија редица прашања за функционирањето на некои сфери од јавно значење, како што се медиумите или невладиниот сектор. Очекувам во наредниот период да ја пронајдат и дефинираат својата значајна улога во општеството и во демократијата“. Кутриот наш претседател, некогашен професор, автор на книгата „Цивилно општество“, прифатил да изврши еден недостоен налог. Прифатил да подготви терен за дефинитивно замолчување на граѓанското општество или барем за нов политички погром. Прифатил да го подметне обвинението дека (сите) медиуми и невладини организации (допрва) треба да ја пронајдат и дефинираат својата значајна (!) улога во општеството и демократијата. Тој, Ѓорге Иванов, снабден со претседателско полномошно, очекува медиумите и невладините организации да се покајат и покорат. Веројатно да се откажат од својата контролна улога што ја имаат во цивилизираниот свет. Она што нашиот претседател се нагрбил да го изнесе на својот грб се вика замолчување на јавната критика на злоупотребите на власта. Дали треба да очекуваме десет претседателски заповеди за тоа што смеат и што не смеат медиумите и невладините организации?
07.06.11.

Бараат да занемиме за убиството на синот и да станеме соучесници во злосторството. Бараат да оглувиме за крикот на мајката и да станеме соучесници во нечовечноста. Премногу! Ни три пати по толку гласови не би им дале право да очекуваат лопатите на „преродбата“ да ги заглушат лопатите на гробарите. Сопствената одроденост не можат да ја камуфлираат со итроштини од арсеналите на тајните служби. Всушност, обидите на Латас да им импутира на младите граѓани дека се манипулирани од СДСМ, „соросоидите“ и кој ли уште не, претставуваат обид да се ампутира нивната интелигенција, нивните емоции и разум, нивниот инстинкт да застанат во одбрана на правото и правдата. Колку што гледам, тие го отфрлија тој гнасен обид. Одбија да бидат отпишани како извршители на нечии налози. Извршителот Латас тоа никогаш нема да може да го разбере. Извршувањето валкани налози е единственото негово умеење.
14.06.11.

Еден по еден, Груевски ги згази бастионите на слободата и демократијата. Не му беше тешко да го направи тоа зашто сите се надеваа дека ќе преживеат доколку направат „мали” отстапки. Тие „мали” отстапки се претворија во големи концесии чии жртви беа слободите и правата. Правото да се биде член на друга партија освен на владеачката, правото да се има политички став спротивен на ставот на владеачката партија, правото да не се гласа за владеачката партија или, скраја да е, да се гласа за демонизираната опозиција. Груевистичка Македонија стана темен вилает, не помалку темен од оној во „Дервишот и смртта” на Селимовиќ. Еден ум, една партија, една телевизија, еден весник, се чини дека ова е идеалот кон кој цели Груевски.
29.06.11.

Слики: Дарко Марковиќ - Пецко

Ууууу,кодош низаеден,ме умре!

Ууууу,кодош низаеден,ме умре! Те обвинувам,бел ден да не видиш.

Жак Бернули во 1713 година во

Жак Бернули во 1713 година во своето дело Ars conjectandi напишал: Дури и најглупавиот човек, врз основа на некој природен инстинкт, верува дека ќе го намали ризикот од сопствениот неуспех ако го зголеми бројот на релевантните согледувања. И ден денес важи тоа правило: многубројни студии се покажуваат некорисни поради несоодветно малиот број согледувања, т.е. недоволно анализираните податоци.

ДПМНЕ е партија формирана и

ДПМНЕ е партија формирана и водена од мрачни полициски центри. Дури и Љубчо Георгиевски беше совршено свесен за тој факт. Сегашната ситуација во ДПМНЕ е кулминација на таа полициска операција (која во меѓувреме се претвори во операција на пљачка и сеење страв, во што полициските акции често се претвораат). Најголем доказ дека ДПМНЕ е полициска инсталација е што партијата ја водат двајца весели братучеди (едниот за сликање и продавање магла, другиот за „економските“ операции во народот познати како „лева рука десни џеп“) извадени директно од нафталинот на службите (овдешни и соседни).

Дури и не е толку проблем што

Дури и не е толку проблем што ДПМНЕ е пробушена од тајните служби како швајцарско сирење (или уште подобро, како ѓеврек; она што е дупката во ѓеврекот - тоа е ДПМНЕ). Проблемот, според мене, е што со таа партија апсолутно доминира полициско-војничкиот дух. Послушност, страв, заговори, конспирации итн. Политички, економски, национално, државно - профилот на ДПМНЕ (Мијалков, Груевски, Латас, Мирка - клучните играчи) е тотално полициски. Да не беше катастрофално за целата држава, требаше жал да ни биде за тие кутри марионети на децениски разузнавачки игри. Целиот светоглед на тие луѓе е полициски на највалкан можен начин. И тоа загрижува, што земјата е натерана да регресира, политиката да се претвори исклучиво во полициски операции (медиуми, закони, демократија - се’ е тоа полициска работа), т.е. целата да потоне во цајкански сплетки и заговори.

Србија плати ужасно високо

Србија плати ужасно високо цена за „поцајканувањето“ на општеството. Но, тие барем имаат некое оправдување за милитаризмот и паранојата: водеа пет војни за десет години. И покрај тоа, Србија се ослободува од лудилото земјата да ја водат разузнавачи и разбојници (без јасна граница каде почнуваат едните и каде завршуваат другите). Словенија и Хрватска, на пример, полека создаваат професионални полиции, кои не се занимаваат со политика, но кои не клечат пред политиката. Ние во моментов сме 50 години зад Словенија и Хрватска, и барем 10 години зад раскантаната Србија. Не само политиката кај нас е во функција на полициски сфатената партија-држава, туку целото општество, до последната дупка, до последниот куќен совет.

Владимир Милчин има врска со

Владимир Милчин има врска со случајот Шишков онолку колку што Фамилијата има врска со демократијата. Значи - ни форензичари тука нема да откријат траги.

ВМРО е преполно со некогашни

ВМРО е преполно со некогашни кодоши. Ако ги вратите во седумдесеттите и осумдесеттите, веднаш ќе видите дека тоа се истите оние кои ве кодошеле зашто сте оделе на слава. Само што сега ве кодошат дека не одите на слава. Порано ве обвинувале за одењето в црква, а денес го жигосуваат оној што не оди во црква. Таа примитивна, сељачка, поточно малограѓанска структура, главно набутана во „народната“ ни партија, има уште една препознатлива црта: постојано се распрашуваат, кој е овој, кој е оној. Се грижат за народното здравје, некој случајно да не забега од новите кодекси на трлото. И притоа, бидејќи главно се дојденци во градот, мораат многу да прашуваат. Не ги знаат градските луѓе, оти вчера се симнале од планина. Кога ќе дојдеш во некаков град, во некаква средина што ти пружила засолниште, не треба постојано да се распрашуваш кој е кој. Ама тоа е неискоренливиот доушнички, поданички плевел. Да се исцинкари, да се дојави, да се раскринка поинаквиот, другиот...

Тоталитарните режими се

Тоталитарните режими се кревки и ранливи. Оттаму е фрката и оттаму потребата од непрекинати полициски акции. Со оглед на тоа дека таквите режими се втемелени во голата сила и се трошат низ широка полициска репресија, потребно е шефовите на тој режим да бидат тапоглави марионети, медиокритети чијашто безначајност се потпира на божем цврстата волја.
Погледнете го Цицибан царството на имбецилите на Груевски - и се’ ќе ви стане јасно. Мирка и Латас да ви се главни партиски идеолози (како што му беа на Бранко, деведесеттите), тоа значи дека општеството е потполно полудено. Мирка и Латас, во нормална Македонија, би биле скарадни идеолози дури и кај Тодор Петров и Страшо Ангеловски! Мирка и Латас би биле избркани ко параноични сплеткараши дури и од најопскурни цајкански дувла! Ама, во современа Македонија Мирка и Латас се идеолозите на Фамилијата...

Лустрацијата е удар на

Лустрацијата е удар на граната во септичка јама; некои ќе загинат од тоа, некои ќе бидат повредени, а сите ќе бидат извалкани.
Адам Михник

Ур-фашизмот сеуште е покрај

Ур-фашизмот сеуште е покрај нас, понекогаш и во цивилка. Би ни било полесно кога на светската сцена би се појавил некој кој би рекол: „Сакам одново да го отвориме Аушвиц, сакам црнокошулашите одново да парадираат низ италијанските плоштади“. Но животот не е толку едноставен. Ур-фашизмот може да се врати под најневини маски. Наша должност е да го разобличуваме и да го вперуваме прстот во секое од неговите нови отелотворенија - секој ден, во секој дел од светот.
Умберто Еко

Доста мелете секташи! Аман

Доста мелете секташи! Аман веќе, преку таквото! Досадни сте! Немате свежи идеи, затоа изгубивте на сите нивоа!

„Процесот“ против Милчин (а

„Процесот“ против Милчин (а во „процес“ сме сите ние, не треба да се заборави) во моментов има две цели: да се компромитира „непријателот“ (мада човекот го компромитираат пет години, од сите можни орудија; очигледно не им е доста); и да се дефокусира јавноста од одвратно валканите договори Грујо-Ахмети.

Денес во Утрински добри

Денес во Утрински добри текстови имаат Ерол Ризаов и Гордан Георгиев. Еве фрагменти:

Спрегата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во ваков состав е далеку поарогантна и понедемократска. Се виде целата беда на пазарлакот за поделба на власта и зошто Али Ахмети се согласил со помалку фотелји во власта. На бившиот командант на борците за слобода и човекови права повеќе му одговара помалку власт отколку некои од нив да одат на судење за воени злосторства. Додека последниот воен злосторник од последните балкански војни, Горан Хаџиќ, заминува за Хаг, нашите злосторници остануваат на слобода. Всушност, амнестијата на хашките случаи му биле адут на Груевски да даде помалку фотелји, вклучувајќи ја и собраниската.

Сликата беше неверојатна: гробна тишина во Собранието, да ти е жал да ги гледаш пратениците од владејачкото мнозинство како гледаат на своите часовници чекајќи да заврши овој мачен ден и да го притиснат зеленото копче „за“. Ех, ама тоа зелено копче ќе ги мачи уште многу години, бидејќи зад тоа копче симболично и фактички се крие една голема човечка неправда, една голема непринципиелност и хипокризија што и онака беше главна одлика на ова мнозинство во последните пет години. Но, на тој ден, 19 јули 2011 година, пратениците се надминаа себеси. И направија опасен преседан што уште долго ќе демне над Македонија. Со амнестирање на злосторствата против човештвото, со помилување на мачителите, со заборавање на убиените и мачените, нашата држава стана еден голем пазар, во кој секој, во име на некаков коалициски договор, министерски и директорски фотелји, или не дај боже тендер, е подготвен да замижи и да го потисне хуманото во себе.

ОКНО последното место каде

ОКНО последното место каде полициските кодоши од минатото можат себеси да се претставуваат за бранители на човековите права и слободи!

Ромел, фашистичка будало,

Ромел, фашистичка будало, ДПМНЕ е тешко кодошко легло! Мијалков, господарот на ДПМНЕ, е чист криминален производ на УДБА! Да не збориме за Маневски или за полициските основачи на ДПМНЕ.
Секој нормален, разумен и чесен човек во земјава мора да се избербати за гнасите од Фамилијата да можат да кажат: Сите сме исти! „Сите си имаме ситни гревчиња од комунизмот, ама нам Господ ни дал да го предводиме слепото стадо.“
ДПМНЕ е деградација и уништување не само на македонската држава (тоа е евидентно, во земјава не постои веќе ни куќен совет кој не е под контрола на партијата), туку и на секоја идеја за слободен (македонски) граѓанин!
Повторувам, особено се опасни оние што имаат биографија, стаж, ум, принципи, храброст, чувство за слобода... Сите тие вредности се апсолутно неприфатливи за ДПМНЕ. И сите тие вредности ќе бидат уништени, се разбира.

Коља Тролу! Милчин е кодош!

Коља Тролу! Милчин е кодош! Крај на муабетот. Не е важно сега какви се ВМРО...

Ист ќе беше и мојот одговор.

Ист ќе беше и мојот одговор. Очигледно е дека ни мудро мудрите глави од ОКНО не можат да смислат оправдување за својот идол Милчин кој ги кодошел своите колеги па сега еј а бе и други беа кодоши...мизерно.

„Крај на муабетот“?! Значи,

„Крај на муабетот“?! Значи, идиоте Ромел, не е толку проблем што си фашист, туку што си непоправливо глуп! Ама, ај, и глупоста е за луѓе, и тоа се прашта, ама што си непоправлив СЛУГА (и патем, фашист?, јака ствар, нема што) - тоа е дно дна. Беда. Фамилијата краде со самари - Љубе Бошковски е крив. ДПМНЕ е формирано, водено и ден денес под апсолутна контрола на криминалци и кодоши - ама Трендафил Ивановски и тој од Титови леви сили се единствените кодоши во РМ. Грујо прави најцрни дилови со Ахмети - Милчин е третиот легендарен кодош во РМ (покрај Трендафил и Титовиот Лев). И вие, имбецили&слуги, си верувате?! Кога Латас, Мирка, заедно со партиските комисии, Антикорупциски, Антимонополски, за лустрација итн. (буквално до последниот куќен совет) ви кажуваат како стојат работите?! „Крај, значи, на муабетот?“ Ќе видиме.

Генијалецу односно другото

Генијалецу односно другото јас на Коља, сега не те разбрав Владимир Милчин бил кодош или не? Односно дали соработувал со тајните служби(ги прател своите колеги) или не?

Милчин-коодош!

Милчин-коодош!

Знаевме сите ама сега ќе биде

Знаевме сите ама сега ќе биде и со тапија. Два пати го бараат да му ја дадат тапијата не може да го најдат дома. Нека се симнат на дното на општеството во окното може ќе го најдат.

Во случајот Котески, според

Во случајот Котески, според сознанијата на Јасна Котеска (пренесени и во нејзините текстовите објавувани на Окно) обвинители против нејзиниот татко биле Наумов (првиот вмровски министер за правда во самостојна РМ, и Маневски, последниот министер за правда).
Батка, ти си тотален идиот! Запрепастува вашата спремност мозоците да ви бидат миени и исушени до јатката, ебаве слугите на лоповската Фамилија! Експериментални глувци на латасовската пропаганда! Забавно е да се гледа до кој степен можат да ве играат, дур грабаат со лопати во самарите...

Во уметничките, особено во

Во уметничките, особено во театарските кругови, но и пошироко, во Скопје, многу добро се знае, со децении, кој бил а кој не бил кодош. Владе Милчин сигурно не бил! А вие, фашистички идиоти, Ромел и тој другиот, само докажувате дека во дувлата на Фамилијата сте заталкале директно од планина. Вас Маневски, Латас и Мијалков ви ја цртаат стварноста и историјата на Македонија. Сител е вашата единствена лектира.

Комплименти за денешниот спот

Комплименти за денешниот спот избор на музичкиот уредник на Окно! Сурфирањето на скелетите низ гробишта најдобро го опишува опустошувањето на Македонија од страна на скакулската Фамилија. Бендот е Panda Bear, а песната се вика Surfer's Hymn.
Поздрав, Окнаши, и држете се пред фашизмот и глупоста!

Тролу, јас сакам и Наумов и

Тролу, јас сакам и Наумов и Маневски да бидат лустрирани, ама твоето мозоче не може да го разбере тоа- дека ако не сум со тебе не сум ни со другите.

Јака е лустрацијава, стварно!

Јака е лустрацијава, стварно! Третокласни партиски пиуни на Фамилијата досеа открија тројца (3) колосални кодоши: претседателот на Уставниот суд, директорот на најголемата невладина организација и предводникот на Титовите леви сили! Како успех! Каква историска правда! Каков продлабочен и неселективен пристап! Алал вера, преродбеници!

Има време Маневски, Наумов,

Има време Маневски, Наумов, Ѕинго, Стојменов, Латас, Мирка, Мијалков итн. - да бидат лустрирани. Прво со најкрупниве риби да идеме, Милчин, Угриновски и Трендафил. Да го затвориме А1 и Љубе. А еден убав ден ќе дое и некој друг на ред, аха.

Искрено, се надевам дека сите

Искрено, се надевам дека сите нив ќе ги стигне правдата и лустрацијата. Но морам ова повторно да ти го потенцирам Милчин-кодош. За да не ти се важи тролањето :)

oknashi vie ste nevidena

oknashi vie ste nevidena bedotija. Tresnete si ja prvo glavata od zemja ili napojte se rasolnica za da se vratite nazad od slepava vi opoziciska indoktriniranost. Ako za nekogo ima dokazi deka e kodosh ondak e kodosh, bez razlika koja partija na vlast toa kje go soopshti. Sekako deka i tie mozhe da se isfingiraat, no verojatnosta za toa mi se chini deka ne e golema. I neznam shto e chudno vo toa vmro selektivno da lustrira, naprotiv. Mozhe samo da ochekuvame deka pri smenata na ovaa vlast lustracijata kje dobie finalizacija i na drugata strana, a da se bara ovaa da gi sogoli site svoi gadovi pogore navedeni, toa i za oknovo e premnogu. Vprochem, zarem mislite deka MIlchin bi se lustriral da bea drugite na vlast? I togash kje imashe trojca Mijalkov, Guewski, DZINGO the troll, i par bedni dushi. Kako i da e rabotata mora da se istera do kraj, makar i na delovi i so godini, za nekoi semejstva, a gi ima mnogu (megju koi i moeto) na koi im bila nanesena nenadomestliva zaguba zaradi kodoshi, da ja najdat pravdata koja ja barale. Za zhal spored moite soznanija moram da zabelezham deka ova e nacija so ubedlivo najvekje kodoshi vo minatoto, daleku povekje od onie vo nekoi zemji od poraneshniot jugoslovenski blok i kaj istochnite sosedi. Se somnevam deka lustracijata kje bide celosna i deka kje ima nekakov poseben impakt vo sogledbata na ona shto navistina sme. Kako shto pochna taka i kje zavrshi , selektivno. Ednite kako vas kje ja napagjaat koga nivnite kje si go zasluzhat ona shto vie na niv ne sakate da go vidite, drugite sigurno kje vikaat vo nekoe idno vreme deka se povtorno "zhrtvi" na "komunizam" ili nekoj slichen imbecilizam. Vprochem na vas (i na site onie koi direktno ne se zasegnati) i ne vi e bas do lustracija. No toa e se ochekuvan karneval. A ochekuvano e i kodoshot da bide prezren. KODOSH E KODOSH.

КОЉА, почекај. Ќе го отворат

КОЉА, почекај. Ќе го отворат досието. Ќе видиме сите како Милчин го кодошел РИСТО ШИШКОВ. И другите свои колеги.

Денес стана прашање на

Денес стана прашање на престиж и доказ за личен интегритет да бидеш напаѓан, прокажуван и клеветан од власта и нејзините трабанти.

Тоа што Милчин го доставувал

Тоа што Милчин го доставувал до службите во својство на кодош ќе биде дадено на увид. Ќе видиме што доставувал против Шишков, против Унковски, против Ненад Стојановски. Чекајте и радувајте се!

Матеј 23: 25Тешко вам,

Матеј 23:

25Тешко вам, вероучители и фарисеи, лицемери ниедни! Чашите и чиниите однадвор ги миете, а однатре се полни со она што сте го зеле преку грабеж и себично лакомство!

27 Тешко вам, вероучители и фарисеи, лицемери ниедни! Вие сте како варосани гробови кои однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со коски на мртовци и со изгниени трупови!

28На луѓето им се прикажувате како праведници, а однатре сте полни со лицемерство и гревови!

Ма не ги кодошел само

Ма не ги кодошел само колегите Ристо Шишков, Горан Стефановски, Ненад Стојановски, Слободан Унковски... Во неговите достави има многу и за интелектуалци и од други кругови, не само театарските. Ќе имаме што да читаме!

браво бе драгин браво, а ти

браво бе драгин браво, а ти гелевски знаеше ли за ова а или и ти си под иста капа

Мора да е језиво да си

Мора да е језиво да си најблизок пријател со полициски кодош.

И јас сум СОРОС

И јас сум СОРОС

Вие сите сте ЛУДАЦИ,

Вие сите сте ЛУДАЦИ, тажно....како мали деца сте бе сите од прв до последен, оваа нација е најлоша кон себе како народ па после кон другите, ние еден со друг ке се исколеме тука, наместо да се групираме и да градиме единство.

пријатно

Рикардо глупаку! Оваа нација

Рикардо глупаку! Оваа нација ќе биде најдобра кога ќе се одтараси од кодошкото време, ќе ја помине транзицијата конечно!!! ќе изгради болници, ќе едуцира младина и ќе си ја научи историјата. Па после тоа ќе им се радуваме на спортските резултати и на добрата музика, ќе се обединиме под знамето од Куклеш. Конечно ќе можеме и на Коља да му симнеме капа ради пионерскиов му "рад", тогаш кога повеќе луѓе ќе го прават тоа...образовани, либерални, и самокритични, за промена

Духот на Котески, будала еден

Духот на Котески, будала еден јас зборувам за едно ти тропаш за друго, па поголем кодош од тебе нема што се правиш тука најпаметен од сите, зборувам за единство а ти еродираш како отпадник кажуваш сказни, К те утепал.
Такивте како тебе, само за во топилница Велес или пак некаде сапун да те направат

"Оваа нација е најлоша", овие

"Оваа нација е најлоша", овие зборови се твои, а и со твојов исказ ги потврдуваш. Бараш единство а сите ги мразиш! Е браво медиокритету!

не ги вади зборовите како што

не ги вади зборовите како што тебе ти одговара примитивен човеку, разбери ја суштината на мојот текст а не да ме напагаш тука, повторно ќе напишам како народ сме лоши кон себе најмногу сами си ја сечеме гранката на која седиме, ти си пример за тоа шутрак еден шутрак беден

По повод хајката против

По повод хајката против Милчин се сетив дека он имаше пишувано за своето досие за кое дознал по повикот на Доста Димовска. Цитатот е од Шпиц, колумна од 13.04.2011, под наслов,
Ревносната конвертитка , Владимир Милчин (режисер)

“Налогот што овојпат го исполнува „партизанката“ Мирка мора да е од највисоко место штом се залетала толку што ми припишува „патолошки страв од лустрацијата“. Како да не знае дека во 2000 година тогашната министерка за внатрешни работи, Доста Димовска, ми прати порака дека сум бил цел на прислушување, следење и друга оперативна обработка од страна на Службата за државна безбедност. Не драпај колчишта, Мирке, јас уште тогаш си го побарав досието и во неколку наврати, во Белград и во Скопје, јавно презентирав делови од него. Вклучително и тоа дека досието ми било отворено поради „анархо-либерализам и учество во демонстрации“.

Zoshto sega nekoj odi protiv

Zoshto sega nekoj odi protiv togashnite odluki na partijata na vlast?

„Недоветна е божемната

„Недоветна е божемната недоветност на малолетните полнолетни груевисти, нивните партиски сателитчиња и медиумските комбинати. Недоветни им се сите напрегања да ги забошотат заушките што Н.Г. ги доби во Вашингтон. Таму го истуркаа на тротоарот да ни расправа како, божем недоветен за тоа зошто го викнале Бајден и Клинтонка, им продавал басма за „ѕвездените мигови“ на Македонија предводена од него и од неговиот режим...„ Владе Милчин

1. Резолуцијата во која помошта на САД за Македонија се условува со добра волја во преговорите со Грција и во која нашата држава место со уставното име се именува како БЈРМ, помина во Комитетот за надворешни прашања во Претставничкиот дом на САД. (Утрински Весник, 23.07.2011)

2.Американскиот државен секретар Хилари Клинтон од Атина упати јасна порака до македонските власти. Вратите во Брисел се отвораат само со решение за името. (Алфа ТВ, 19.07.2011)

3. Волерс, како и неговите претходници, мораше да одговара на прашањата на дел од сенаторите, блиски до грчкото лоби во Вашингтон, кои посочија на иредентизам во Македонија зашто една од првите одлуки на ново-стариот премиер била на скопскиот плоштад да се подигне статуа на Александар Велики.

„Во право сте кога велите дека станува збор не само за името, туку и за прашањето на идентитет. Во минатото работевме со македонските власти и ќе продолжиме да го правиме тоа и во иднина, исто како што правиме и со Грција. Ќе ги притискаме двете страни за напредок, со големо чувство за компромис и почит кон инволвираните и нивните истории и традиции, со чувство за подготвеност за болни компромиси неопходни за решавање на ова деликатно и емоционално прашање за Македонија и за Грција. Ќе се потрудам никој да не презема иредентистички и други чекори што ја прават атмосферата тензична, а со тоа го усложнуваат процесот. Потребно е вистинско лидерство за напредок“ - изјавил Волерс. (Утрински Весник, 15.07.2011)

Времето истекува.. Веројатно промената на името ќе ја прифатат новиот министер Попоски и Хорхе. Грујовски, по стариот добар обичај ќе се скрие. За да си го зачува рејтингот, нели?

Најважно е тоа што во

Најважно е тоа што во најскоро време и врапчињата на гранките ќе знаат што кодошел Милчин за Ристо Шишков, Ненад Стојановски, Горан Стефановски, Слободан Унковски и ред други уметници и интелектуалци. А тоа дали требало да го лустрираат Милчин - кодошот, или не требало, воопшто не е важно. Важно е да ги прочитаме неговите кодошки приказни напишани во сталинистичко-фашизоиден наплив на убиствена инспирација.

Му се гледа по фаца дека е

Му се гледа по фаца дека е кодош.

Цинкарош.

Цинкарош.

Не бе, Сител да не ни кажеше

Не бе, Сител да не ни кажеше ич ќе немавме појма дека Милчин е дно под дното. Ни ги отворија очите ебаве соросоидните морони, иначе никогаш немаше да ве разоткриеме. Кога некој од вас, дибеците позади дебелите фондови, ќе ми ја објасни разликата на пропагандата на Латас и вашата, како на пример со кутрите „хаикуа“ на приматот Гелевски, тогаш ќе можеме да седнеме за да ве сослушам без да ве плукнам у ’рѓавата и затруена фаца.

најнова вест Милчин не е

најнова вест Милчин не е кодош. Објавува Владимир Милчин пренесува Окно = сигурна вистина!!!

ОкоБоли главаВицФото