Вести од иднината

09.08.2011 11:34
Вести од иднината

Грујополис, 9 ноември 2089. Владата на СДСМ ДПМНЕ свечено ја одбележа 10-годишнината од крајот на транзицијата. Во земјава денес виртуелно нема невработени, а местата во државната администрација се пополнуваат од редовите на сè побројната норвешка имиграција, како и со клонирани хуманоиди. Светски лидер сме по производство на тофу и на 3. место по производство на протеини од фекални материи, веднаш по Јужен Судан и Република Српска. Нашата морнарица е најсовремена на Медитеранот, а ние, гордите потомци на Александар, Џингис Хан, Гилгамеш и Иван Бекјарев, гордо чекориме по патот на галактичките интеграции. Всушност, само што добивме пристапница кон КНЗДБ (Конфедерацијата на Независни Држави на Западен Балкан).

По бурната прва половина на векот: Татковинската војна, 3-часовниот студентски бунт и обединувањето на левицата и десницата под покровителство (и со благослов) на анадолскиот митрополит Лаврентиј – татковината влезе во ера на просперитет, благосостојба и забрзана роботизација.

На комеморативната седница зборуваа повеќе истакнати функционери, меѓу кои и првиот Претседател на Републиката, г. Киро Глигоров, кој по долгиот престој во течен азот, беше реанимиран во 2067 и сите внатрешни органи му беа заменети со биомеханички еквиваленти. Тој, меѓу другото, зборуваше за решение на грчкото прашање, како и за можноста за реанимирање на неговата долгогодишна сопатничка – баба Нада.


...ту би континјуд


Фотографија: Nacho Alegre

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото