Зошто пишуваат македонските писатели?

12.08.2011 15:01
Зошто пишуваат македонските писатели?

Никола Маџиров

Пишувам заради тоа што не можам да конструирам градски библиотеки.

Пишувам заради тоа што не сум загубил пријател во војна, туку во тишина.

Пишувам заради тоа што не можам да кинам албуми од некогашни и идни љубови и домови.

Пишувам заради тоа што има празни места во Менделеевиот периодичен ситем и во сеќавањата.

Пишувам заради тоа што не можам да ги напуштам боите на детската соба.

Пишувам заради тоа што не можам да го погледнам синот кога тој молчи.

Не можам да пишувам заради тоа што историјата памети зборови, зборови, убиства.

Владимир Мартиновски

Еден пријател,

Штотуку по телефон
ми го постави прашањето
„Зошто пишувам?“.

Како послушно учениче,
веднаш влетав во првото
интернет-кафе и еве сега
пишувам зошто
можеби пишувам:

... оти ненапишаните работи
често ме сврбат по прстите
многу посилно од ревматска болка
или од недоизлечена рана

... оти кога пишувам
никогаш не сум сигурен
што ли ќе испадне од
она што го пишувам

... оти повремено ми
се случува она што
некогаш сум го нашкрбал
набрзина да ме изненади
или пак да поднаучам
нешто за себе
(што во меѓувреме
сум го заборавил)
нешто што не ќе можам
да го најдам на друго место

... оти она што го пишувам
можам и да го бришам без
никому да му полагам сметка
(те молам, прости ми што ги
избришав останатите одговори)

Румена Бужаровска

Пишувам поради потребата да раскажувам. Без непотребна сентименталност и буквалност, добрите приказни умеат суптилно да ја изразат сложеноста на нашите кревки чувства. Всушност, зад секое чувство – срам, љубов, завист – се крие приказна, различна за секој човек. Споделувајќи ги овие приказни, учиме еден за друг и на одреден начин се облагодаруваме. Како љубител на приказните, имам желба и јас да ги создавам.

Ирена Јорданова

Пишувам заради многу причини а истовремено ниту една од нив не е вистинската причина. Демек имам приказна за раскажување, имам нешто што сакам да им го прераскажам на другите, имам идеја итн. Всушност веројатно пишувањето е единственото нешто што го правам за да си потврдам дека постојам, односно има некаков онтолошки аргумент и, второ, веројатно тоа е единственото нешто што воопшто знам да го правам (некој знае да слика, некој да поправа заби, некој да решава сложени математички формули), јас пишувам. И пак понекогаш (кога имам дилеми од финансиска природа) се прашувам зошто пишувам - а одговорот е едноставен: за ништо друго не ме бидува. Пишуваат оние на кои не им е доволно само да се соблечат комплетно голи пред целиот свет туку имаат потреба бесрамно да ја соголат и кожата и да бидат уште поголи од најголата жена или маж на земјава.

Живко Грозданоски

Има доста причини зошто пишувам. Пишувам затоа што не можам одвреме-навреме да не пишувам. Пишувам поради радоста која ми се раѓа кога ќе ми тргне пишувањето, поради оргазмичното расположение кое ме тера да шетам неодредено низ соба во моментите кога целосно ќе се изгубам во пишување. Пишувам за да запаметам, за да кажам некому нешто, за да поканам некоја девојка на кафе. Пишувам затоа што тоа е како патување при кое немаш претстава низ кои нови и невидени улици ќе поминеш за најпосле да стигнеш во една нова дома. Пишувам за да насмеам некого, за да се направам мудар, пишувам затоа што сакам, и за уште повеќе да сакам, пишувам за да се исполнам со нешто неопределено, а убаво, за да се олеснам, па така одново да ми биде убаво. Пишувам за да не можам да заспијам, пишувам за да не престанам да верувам дека можам да сменам нешто, а можеби и повеќе. Пишувам поради сите наивни причини. Пишувам затоа што тогаш сум во свој елемент. Пишувам, иако малку се чита, а уште помалку се дискутира напишаното. Пишувам, и, како што вели еден стар италијански писател, никогаш нема да бидам доволно благодарен кон себеси затоа што имам храброст да го правам тоа.

Иван Шопов

1. Пишувам затоа што не можам да не пишувам. Верувам дека тоа е она што најдобро знам да го правам.

2. Пишувам затоа што сакам да измислувам/создавам светови на хартија кои понекогаш се повистински од сè останато што постои.

3. Пишувам затоа што пишувањето е дејствување. Да се пишува значи да не се молчи.

4. Пишувам за да ме читаат. Важно ми е да го споделам напишаното.

5. Пишувам затоа што верувам во магиската моќ на зборот. Во почетокот беше зборот, а дури потоа крстозборот.

6. Пишувам за да не полудам.

7. Пишувам затоа што пишувањето носи возбуда како ретко кое останато искуство.

8. А зошто да не пишувам?

 

Слика: Ване Костуранов: Поезија

Импресивно, добро кажано и со

Импресивно, добро кажано и со едноставен стил, не би издвојувала кое е најдобро затоа што се гледа дека секој различно, а сепак слично го доживува пишувањето :)

Ми се блуе на вашиве

Ми се блуе на вашиве пишуванки , ај намалете малце предизвикувате булимија.

Мене не ми се блуе од тебе,

Мене не ми се блуе од тебе, баш ме инспирираш. Кога би се запознале, може и би те засакал.

Makedonskite pisateli

Makedonskite pisateli pissuvaat zatoa ssto:
1. imaat ogromna ccitatelska publika, te ne bi sakale istata da ja izneverat so nepissuvanje
2. od pissuvanjeto zarabotuvaat dovolno za da zziveat ko holivudski zzvezdi.
3. tretata priccina e dlaboko intimna, i kaj sekoj od niv razliccna, ali uglavnom ja dopira nivnata umetniccka susstina

1. Имаат мала читателска

1. Имаат мала читателска публика, но поубаво е да пишуваш литература отколку зајадливи коментари.
2. Со пишувањето се релаксираат, а притоа заработуваат 2 просечни македонски плати од книга.
3. Интимните причини се помалку или повеќе исти кај сите.

Pisatelcce, a ti si bass

Pisatelcce, a ti si bass inspirirano da odgovarass na komentarive ovde, a? Daj be idi pissuvaj si gi delata za svoite 2 ccitateli i 2 proseccni makedonski plati. Mislam, relaksiraj se issuvajkki dela mesto da se voznemiruvass pissuvajkki odgovori.

Што предлагаш? Никој да не

Што предлагаш? Никој да не пишува ништо? Или да пишуваме малоумни коментари како тебе? Кај ќе води тоа?

Jas imam skromen predlog. Jas

Jas imam skromen predlog. Jas da prodolzzam da pissuvam maloumni komentari, a site vie da si gi pribirate maloumnite gluposti vo knigi za koi kke cedite pari sobrani od danokot ssto go plakka makedonskiot narod. Sekako, i da spomnuvate deka vi se sobiraat po edvaj dve proseccni makedonski plati za honorar za toa maloumnite knigi.

Jas imam skromen predlog. Jas

Jas imam skromen predlog. Jas da prodolzzam da pissuvam maloumni komentari, a site vie da si gi pribirate maloumnite gluposti vo knigi za koi kke cedite pari sobrani od danokot ssto go plakka makedonskiot narod. Sekako, i da spomnuvate deka vi se sobiraat po edvaj dve proseccni makedonski plati za honorar za toa maloumnite knigi.

Е супер. :) Писателите се

Е супер. :) Писателите се душманите на македонскиот народ. Сега и ја имам еден предлог: мислам дека македонскиот народ треба да крене востание и да ги личува сите писатели затоа што тие им ја цицаат крвта. Еееј, македонскиот народ црнчи, а парите од даноците им ги даваат на писателите... Наместо да се подобри инфраструктурата, патиштата, да се отворат нови погони, да се градат споменици, да се намали невработеноста, да се исплатат долгови - парите од буџетот се трошат на писателите.
Ете, сега чувствувам грижа на совест.

Ne be, pisatelcce. Dzzabe

Ne be, pisatelcce. Dzzabe moliss nekoj da posaka da te linccuva. Tebe da te linccuva mozze samo zzena ti. A izgleda i taa ne te ccita. Dzzabe moliss nekoj da posaka da te linccuva, pa da privleccess vnimanie. Treba koneccno nessto vredno da napissete. Dosta se zaebavavte. Od vassite tvoreccki isprdoci smrdi samo na nezrelost.

Овие како „као бајаги“ се

Овие како „као бајаги“ се најголемите патриоти, а плукаат по највредното од својата земја.
О просветли ги, голем познавачу на книжевноста - кои дела и кои автори ти ги сметаш за вредни, за да знаат да се моделираат на нив?

Eve ti vredni avtori: Moite

Eve ti vredni avtori:
Moite top 5 klasici: John Milton, William Shakespeare, Fjodor Mihajlovic Dostoevski, Dante, Cervantes.
No sekako, makedonskite pisatelccinna treba da ccitaat sovremeni avtori, za da znaat kako nekoj vo svetov vo ovoj mig go opissuva svoeto vreme.
Top 5 sovremenici: Don DeLillo, Haruki Murakami, Hanif Kureishi, Viktor Pelevin, Paul Oster.

Има еден култен графит вели:

Има еден култен графит вели: Мразам Хејтери. Као бајаги, сфати го како сакаш. Прочитај ги прво нашиве, па исплукај ги. А, којзнае можеби тогаш ќе ти се бендисаат...

Навистина, каква омраза, и

Навистина, каква омраза, и тоа за што... за греота човеков (Као бајаги) што толку злоба и горчина носи во себе.

Нечесно е за она кое мене ме

Нечесно е за она кое мене ме чеша да плаќа државата под изговор дека со моите драпаници се збогатува нејзината култура.
Книгата е стока како и секоја друга.
Изработи ја и продавај ја на пазарот.
Уште попријатно е ако ја подаруваш.
=================
Поетска слобода

1
Поетот не полага за да има сообраќајна дозвола
за метафорите да ги вози на патот кон славата;
тој е покераш кој за себе карти дели одоздола,
со надеж дека на читателот празна му е главата.
2
Поетот нема лиценца за книговодител на зборот
но радо станува стечаен управник на смислата;
тој секогаш се закатанчува на чело на секое оро
и офка дека за мудроста му нема рамна исплата.
3
Со заблудите свои тој не може да се разминува
оти истовремено ги зафаќа двете ленти од патот;
фалангата на неговата суета мора да се аминува
и пофалбата за него мора да е облечена во злато.
4
И само на неколкуте поети во сета светска доба
пајак им ја однесе погрешно паркираната злоба.

Сигурно има такви кои

Сигурно има такви кои пишуваат заради егото, заради парите (иако не верувам во тие 2 плати), заради тоа што имаат премногу слободно време, заради работи неповрзани со било што и несфатливи за било кого.

Ама во сите нив ќе се најде и по некој што пишува зашто мора да пишува - на некои зборовите им се единствен излез; терапија, ако сакате.

И не гледам некоја потреба да се дели потребата за пишување на „Македонска“ и „Светска“ - иако во други држави сигурно повеќе се заработува од пишување. Сепак, кога еден автор создава, тоа е активност прилично оддалечена од материјалното и егоистичното. Мислам, простете што мислам, ама така мислам.

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото