Побрзај и почекај

27.09.2011 13:09
Побрзај и почекај

Во земјата на вртелешките

Во Земјата на вртелешките најмногу вртоглавици добиваш ако стоиш в место. Во Земјата на вртелешките името на љубената (иако не си му го кажал ни на најдобриот пријател) веќе го шепоти човекот што продава билети.

Во Земјата на вртелешките на истата вртелешка можат да летаат и пет генерации, оти вртелешките живеат многу подолго од луѓето.

Во Земјата на вртелешките сите ја бараат зимата кога е лето, а кога паѓа снег копнеат по морето.

Во Земјата на вртелешките најлесниот занает е да се свртиш кон некоја друга страна на светот и засекогаш да одлеташ.

Во Земјата на вртелешките најтешкиот занает е да љубиш: саканиот или саканата ти се измолкнува од видното поле како оброкот на астронаут во бестежинска состојба.

Во Земјата на вртелешките купувам уште еден билет за уште едно возење. Чекам ред со надеж дека не си ја напуштила Земјата на вртелешките.

Потрага

Еден кустос ми рече дека и ти си стоела пред истата слика половина час без да трепнеш. (И ти си мавтала со рацете како лебдечките љубовници од платното.)

Еден друг ми рече дека и ти си го претрчала третиот кат од музејот без многу да се задржуваш.

Третиот кустос ми вели дека и ти си се обидела скришум да ја фотографираш истата скулптура. (Како доказ, ми го покажува твојот конфискуван апарат, што ќе му прави друштво на мојот.)

Од четвртиот кустос бегам небаре ме брка бесен загар. Знам дека ќе ми рече дека и ти си заминала од музејот.

Се надевам дека ќе погодам во кој правец.

Додека спиеш

Додека спиеш секогаш сум буден, како да живеам на другата хемисфера. Додека спиеш секогаш сум буден, иако прв ги затворам очите. Додека тонеш во сон, клепките секогаш самите се отвораат, небаре се разденува.

Додека спиеш редовно го подотворам покривот на четири води за да можеш да ги гледаш планетите и ѕвездите на сите четири страни на небото.

Ти свирам по една приспивна песна на сите инструменти од Филхармонијата кога твојот сон е немирен, а кога спиеш цврсто по ѕидовите ковам нови слики за да те изненадат кога ќе се разбудиш.

Додека спиеш, редовно чувам стража да не падне некоја комета од отворениот покрив. (Додека спиеш внимавам на секој кучешки виеж.)

А кога се будиш, моите очи редовно самите се затвораат и тонам во неколкуминутен сон. Не дека сум уморен – сакам и ти малку да ме гледаш додека спијам.

Уште повеќе сакам кога ме будиш и ме викаш спанко.

Побрзај и почекај!

Побрзај да стигнеш до паркот и таму почекај да расцутат дрвцата. Побрзај да влезеш во концертната сала и чекај диригентот да замавне со палката. Побрзај да се качиш на авионот и чекај пилотот да добие дозвола за полетување. Побрзај да го фатиш првиот автобус од аеродромот до градот и таму чекај го трамвајот што ќе те однесе до плоштадот. Побрзај да се качиш со тешките куфери и почекај да ти го побараат билетот. Побрзај да стигнеш навреме на плоштадот, застани до споменикот и почекај ме таму. Побрзај и почекај!

Веројатно малку ќе задоцнам.

Чај за двајца

Ни носат чај за двајца без да не прашаат што ќе нарачаме и дали воопшто ни се пие чај.

Мавтам за да нарачаме нешто друго (кафе или сок од јаболка), но повторно ни носат уште две шолји жежок чај.

Ни носат и лимони за цедење во чајот за двајца.

Ни носат и бел и пожолтен и кафеав шеќер, а и други за мене непознати засладувачи.

За секој случај, ни носат и теглички мед.

Нешто ме тера пак да негодувам, но не ја дигам раката! И онака секој од нас ќе мора да испие чај за двајца.

Преселби

Се селиме од минатото во иднината – во иднината што неизбежно ќе стане минато. Се селиме од стариот дом, што некогаш бил нов, во новиот, што еднаш сепак ќе стане стар.

Заедно со покуќнината ги селиме и трагите од минатото, што некогаш ни беше иднина. Заедно со нашите алишта ја товариме и модата од пред неколку сезони. Заедно со моите книги ги селам и писмата скриени помеѓу два листа.

Заедно со твојата музичка збирка товариме стари ритми и секакви гласови. Заедно со албумите со слики ги натоваривме и нашите купишта спомени.

Веројатно затоа камионот за преселба изгледа пренатоварен и одвај тргнува од место.

По вечерата

По вечерата си ветуваме дека повеќе нема да јадеме, но секогаш ни е најслатка храната по вечерата.

По вечерата го средуваме домот, но секогаш се чувствуваме поудобно кога е малку растурено по вечерата.

По вечерата понекогаш го пуштаме омилениот филм, но секогаш нè фаќа заразна дремка по вечерата.

По вечерата заспиваме по миндерите, иако секогаш на работните маси нè чека уште нешто работа, што мораме да ја сработиме по вечерата.

По вечерата, понекогаш тивко (но многу ретко), си кажуваме по неколку слатки збора, како десерт по вечерата.

Околу полноќ

Околу полноќ ги отвораме прозорците за да си замине вчерашниот воздух. Го гасиме телевизорот за да не ги дознаеме предвреме утрешните вести.

Околу полноќ палиме оган од вчерашните весници, додека утрешните веќе некој ни ги оставил под куќниот праг.

Околу полноќ брзаме да го паркираме автомобилот во гаражата за да не се претвори случајно во тиква.

Околу полноќ пак ги затвораме прозорците, ги гасиме телефоните, компјутерите, светилките.

Во мракот ја потпевнуваме Round Midnight. Околу полноќ на прсти го играме полноќниот танц, со надеж дека повторно ќе ја загубиш макар едната чевличка.

Размени

Ги подигам ролетните и препознавам една моја стара гримаса на твоето лице! Гримаса што одамна не сум ја направил, а кај тебе ја гледам сè почесто. Мојата стара гримаса сега е твоја!

Ти го раскажувам вчерашниот сон, со зборови што сум ги научил од тебе. Откога се вдомија во мојот речник, ти сè поретко ги изустуваш. Твоите стари зборови сега се мои!

Кога ѕвони телефонот моите стари пријатели сè почесто те бараат тебе. Како со мене да нема за што да зборуваат. Како сè да сме си кажале. Кога ѕвони телефонот мислам дека твоите стари пријатели те бараат тебе и сакам да ти ја подадам слушалката, но разговорот трае сè подолго. Сега јас сум нивниот нов пријател.

Откако ги разменивме сите работи, дури и спомените за кои мислевме дека сме ги заборавиле, не знам ни дали и овие мисли се мои или твои.
Затоа, спушти ги ролетните: во мракот ти сум јас, а јас си ти.

Најдолгиот бакнеж

Нашиот бакнеж трае долго, долго, долго, небаре се споиле сите бакнежи од сите досега снимени филмови: трае стопати подолго од цензурираните бакнежи од одамна затвореното Синема Парадизо. Трае барем стопати подолго од Патот околу светот за 80 дена.

Нашиот бакнеж трае безброј пати повеќе од безбројните бакнежи од песните на вљубениот Катул. За арапските цифри потребни за да се измери и напише вкупната бројка на времетраењето на нашиот бакнеж нема простор ни во Гинисовата книга.

Нашиот бакнеж трае стопати подолго од патување со воз што застанува на секоја бандера. Нашиот бакнеж трае од Создавањето на светот, а ќе трае и кога ќе прогласат дека Светот веќе го нема.

Нашиот бакнеж трае дур да трепнеш.

Слики: Ване Костуранов

кај мартиновски

кај мартиновски писателувањето е обратно. тој прво е промовиран во писател, а романите, расказите, тоа се доаѓа наскоро како "чај за двајца". да го цитирам мазев: "трнови сегде ми параат очи, а јас треба да цртам цвеќиња". но би додал, и трњето има цветови, може на тоа се мислело; ок, мазев не знаеше баш да се изрази. и добро почна, форматот на неговата прва книга беше 5 на 4 сантимери, тоа беше симпатично, хаи-буни не се коментира затоа што тоа е капка книжевност во сите мориња во светот, ние не сме на море, така што ги чекам дождовите, во кои нема да знам за која капка се работи. нема врз мене да падне, ок, :). мартин би можел да пишува за универзитетската глембаевштина, добар е за сурогатни форми.

многу е мирен човекот, како пријатписателите на хенри милер у роковиот напоредник, кај него тече кога седнува да пишува.

Коментаторот кој се потпишал

Коментаторот кој се потпишал како „к“ е очигледно љубоморен на тоа што ние студентите го обожуваме нашиот професор Мартиновски! Сите ги сакаме неговите книги и неговите предавања. Сигурна сум дека и останатите мои колешки и колеги од катедрата по компаративна книжевност ќе реагираат против овој злобен коментатор кој не ги сфаќа убавината и естетиката на прозните записи на Мартиновски кои се полни со нежност и љубов.

Со сета почит кон авторот на

Со сета почит кон авторот на горните „раскази“ како човек и професор, мислам дека записите му се крајно неинтересни, неуметнички и, да не испаднам груб, излишни.

И јас се придружувам во

И јас се придружувам во одбраната на нашиот сакан професор. Овие двајца коментатори не можат да ја доживеат емотивноста на неговата проза, која е полна со љубов, нежност и убавина.

Не знаев дека авторот е

Не знаев дека авторот е универзитетски професор, додека ги читав расказиве добив впечаток дека е некој тинејџер, тазе заљубенко. Со сета должна почит кон Студентка, но ирелевантно е дали сите студенти и студентки си го сакаат професорот, ednostavno, писателот во него не го бива.

очигледно е дека има големи

очигледно е дека има големи промени кај студентити на компаративна книжевност. едно време изразот им беше поинаков и препознатлив, да ти е мерак да ги слушаш.
вие што си го сакате професорот, сакајте си го, ама за да го браните, треба да научите да разликувате црно и бело.
овде никој не го комнетира неговото учетелствување, туку неговите раскази.
а ако мислите дека романот напишан во прво лице е автоматски автобиографија, тогаш ништо не сте научиле. или седнете и учете, или сменете ја катедрата.
да не го срамите професорот .

Што било добро професор да

Што било добро професор да бидеш па има кој да те брани и да вика супер си и да ти вика браво и да плука по оние кои сфаќаат дека пишуваш као тинејџер со бубуљици. Него најгадно е што и вие студентки и студенти гарант пишувате таква пубертетска книжевност. Да си направите едно здружение на forever in puberty writers и да си се фалите. И некоја награда можете да си доделувате. Награда за книга со најмногу бубуљици.

Не е страшно што ваква

Не е страшно што ваква литература се пишува и опстојува. За мене најстрашно е што овој пистаел доби награда за поезија (како и да се викаше наградата, сум заборавил)минатата година. Треба да има алтернативи и шареноликост во пишувањето, како и во се' друго, ама кога нешто вакво станува врв на пирамидата - нешто сериозно не е во ред со писателската бирократија.

Vtornik na vrteleshka, so po

Vtornik na vrteleshka, so po chaj za dvajca... A ako na chajot mu se svrti shto ke pravat dvajcata... :)

Bravo profesore

Blagodarnost od Vtornikot:)

Ако не ни верувате на нас

Ако не ни верувате на нас студентите верувајте му на академик Урошевиќ. Во својот предговор академикот воскликнува: „Еве поет кој се осмелува да пишува денес, во ова наше сурово време на губење на сите илузии, едноставни љубовни песни. (Добро, во проза, но сепак песни.) Владимир Мартиновски ги пишува тие песни како никому пред него да не му паднало на ум да пишува за љубовта. Пред нас е очигледно зналец кој се откажува од своето знаење: тој сигурно прочитал илјадници песни на оваа вечна тема – и сепак решил за миг да ги заборави за да ја напише својата. Неговите песни ја слават метаморфозата на светот под влијание на љубовта. Или, подобро: тој ја слави магијата на љубовта која успева секогаш одново да го промени светот. Пофалби во слава на чудата што љубовта ги прави се речени во поезијата безброј пати. Владимир Мартиновски се осмелува да ги рече по милионити пат – сакајќи да го даде својот прилог кон вечната тема, но притоа и да најде свој нов трепет во опишувањето на занесот што е опејуван од кога постои поезијата. Владимир Мартиновски верува во вечната обновувачка сила на љубовта и, верувајќи во неа, успева да напише песни што таа сила ја содржат во себе со толку интензитет, што таа, претворена во лирска енергија, се пренесува и на нас.“

Што има врска дали авторот е

Што има врска дали авторот е професор, дали е добитник на награда, дали е млад или стар? Ова што го прочитав е љубовна поезија во проза. Искрена и свежа, без патетика и извештаченост. Поезијава има душа, внесува во светот на љубовта во кој и стар човек може да се чувствува како тинејџер. Со оглед на тоа што авторот има пишувано и хаику и хаибуни, овие песни се како некој вид продолжување на таа линија, што, според мене, е ретко добра линија во македонската поезија.

Не е потребна рецензијата на

Не е потребна рецензијата на Урошевиќ( којашто најискрено ми делува резервирана и колегијална) за да имам свој став во врска со расказиве. Секој може да се чувствува како сака, како тинеџер или како старец, но суштината е да се пренесе зрелоста искуството и начитаноста на авторот во проза која може да зборува за љубовта, немам ништо против. Овие раскази или песни, сеедно, не се револуционерни, не се свежи, и секако не се ни налик алтернативната литература од овој вид со која се среќавам по форумите каде пишуваат“ненаградени“ и тотално анонимни автори.
А дотолку полошо ако врз ставот на Студент влијаела критиката на Урошевиќ, и тој се повикува на неа во одбрана на истиот, по малце делува патетично. Не е работа дали ние “му веруваме“ на Студент или не, или пак во случајов на Урошевиќ, во чиишто раскази, патем, не постои ни трошка од незрелоста и лигавоста на расказиве.
Поздрав

која патетика човече.. шо

која патетика човече..
шо вреди да се напише после ова..

Голем парадокс е

Голем парадокс е едноставноста, на малкумина им е делено да ја препознаат.

Под едноставност ја

Под едноставност ја подразбираш лигавоста на горнине прознопоетски записи?

Авторот обожува анафори. Личи

Авторот обожува анафори. Личи како поезија во проза. Вештачки празни зборови. Пишувани како за споменар, шесто до осмо одд. Не буди емоции. Многу е, ама мнооооогу мммммнннноооогу досадо. Празно. За прикакување. Патетично.

А знаете што е најинтерено?

А знаете што е најинтерено? Што баш луѓето кои се професионално воведени во движењата на книжевноста, се истите кои под МОТОТО "барам оригиналност" , запаѓаат, всушност, во канонично пребарување на одредени стилски матрици кои би требале ДА бидат уметност, возвишено, естетика, нарација пар екселанс. И така се сjeбуваат и не уживаат во поместувањето на границите, односно се сјебувани ( ЗЕМAJTE ГO TEКСТОТ КАКО ЕРОТСКО ИСКУСТВО, И ЗАМИСЛЕТЕ ОД МИЛИОНИ ПРОЧИТАНИ ( ЧИТАЈ ИЗЕБАНИ ТЕКСТОВИ ВО МОЗОКОТ ) КОЛКУ НЕВИНОСТ ЌЕ ИМ ОСТАНЕ ВО ГЛАВАТА - НИКОЛКУ ). КОЛКУ ЗА ОПСЕРВАЦИИТЕ НА КАТА ЌУЛАВКОВА... ХАХ. ЖАЛНО. А НЕКОИ ДРУГИ ПАК ВЕЛАТ ДЕКА ЛОГОСОТ ГО ДВИЖИ СВЕТОТ, МИСЛАТА ВО НАС. Е КОГА И ТАА СЕ ПОДВЕДУВА ПОД СОМНЕЖ ( ПАК ПАРАДОКСАЛНО ) БАШ ПОРАДИ УВЕРЕНОСТА ДЕКА ЈА ИМА ВЕЌЕ И НЕ МОЖЕ ДА ПОСТОИ ВО ДРУГА ФОРМА, ТОГАШ ЗНАЕТЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА, ЗНАЕТЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА? СЕ ГУБИ СУШТИНАТА НА СЕ ШТО МОЗОКОТ ЌЕ ГО ПРОЧИТА, ПА МАКАР БИЛ ТОА И МОЗОЧЕ НА АКАДЕМИК...

ПРЕКРАСНО НАПИШАНИ РАСКАЗИ, ВЛАДИМИРЕ. НЕ СЕ ПОЗНАВАМЕ ЛИЧНО. АМА ТОА И НЕ Е БИТНО СЕГА ЗАСЕГА НЕЛИ?

Во земја од два милиона

Во земја од два милиона жители на секои сто години можат да се родат пет до шест просечни автори. И еден до два над просекот. Не смеете да го обвинувате Владимир Марtиновски за незаслужениот успех. Да беше во САД, Кореа, Франција или Аргентина ќе беше безначаен и на маргините на книжевната сцена. Овде е звезда на книжевната сцена не по своја вина. Некој и кај нас мора да сјае а кој да сјае ако не она што го имаме, имено просекот.

реален се забава со сите шо

реален се забава со сите шо читале нешо, ме заболе мене за пресеци, овој нишо не напишал бе алооо, не па просек ќе држи. земи просек на мак писатели, земи го татко му на којунџиски тој има 100 книги обајвено, а бог те ебе не знам кој го знае, земи го оној влавот од матица тој има едно 30 40 објавено или оној тикварот божин павловски што пишува книга у година, али овие помладиве како прокофјев, 59, уште одржува добри препишувања со тоа антиупатствата у нова македонија, али тука е вештицата на венко кој шо го изгуби талентот, нели, беспаќајќи по дневните весници или а го земеме владимир надежта на младите писатели, засра јако со оној механички роман ли шо ли ќе е она со пресметки и прошетк, љубов у скопје како ли го викате, да не идеме понатаму, добар е оној чај за тројца расказот у кој алузиите не се директно насочени кон онаа што претставува модерни писатели а нема пет малди писатели објавено у тоа ментално удрената институција, звана три. а да, оние тиквине од магор си делат награди секоја гона у круг си се вртат со таа покаканата балканика, а овој прокофјев тамо пишуеше како односите на издавачот со писателот се светост, може има нешо шо не ни кажуе писателот.
а оној бе од култура брадетиот? сите на куп на букарски можат вода да му носат.

глеам оној книжевник се искакал со коментар, само шо треба да не се дере и да е појасен, т.е. по краток а јасен или јасен а краток ама бар јасно да е.

Вакви како убиец се типичен

Вакви како убиец се типичен пример за сејачи на омраза во интернет просторот. Се расплука и распука по се’ околу себе, измеша баби и жаби, а притоа тоа го направи без да каже ниту еден релевантен коментар или забелешка. Некој бил Влав, друг тиквар, трет имал 100 книги, четврт го загубил талентот итн. И како последица на тоа што добиваме - дека Букарски е најдобриот писател од сите нив! Ама поента. Сите не чинат, освен Букарски! Се гледа неговата релевантост...
Но, поентата не е во тоа. Ако веќе си се зафатил да критикуваш, да коментираш, вклучи го малку познавањата од книжевноста и талентот за изразување (доколку го имаш) - кажи зошто нечија книга не е добра, кажи што не функционира кај конкретен автор, обиди се барем малку да го образложиш она што го преведуваш во навреда, анализирај прво, па дури потоа истреси си ја навредата, ако веќе толку имаш потреба да навредуваш. Вака излгедаш како некој губитник кој сее омраза на се’ околу него. И ништо повеќе...

БРАВО УБИЕН. ВАЖНО ДА СИ

БРАВО УБИЕН. ВАЖНО ДА СИ ПЛУКНЕМЕ ПО СЕ ШТО Е НАШЕ. НИШТО НЕ БИВА , ТАКА? СЕГА МИРЕН СИ ОТКАКО ЗАВРШИ РАБОТА?

Ха! Веднаш коментарот „наше е

Ха! Веднаш коментарот „наше е - да го пазиме!“
Од тоа ни пати тоа малку уметност што го имаме...

Расказиве не ми се допаѓаат, благо кажано.

Да се

Да се доизјаснам...

Македонската критика (што е важна, дури и некој да рече дека најсубјективно им суди на делата) е еден куп ПИСАТЕЛИ кои се пријатели со ДРУГИ писатели. Оттука, ни еден од овие пријателски настроени мрчатори (збор кон кој ги имам сите аверзии), или не суди објективно, или им суди само на тие што го нервираат. Хаосов си има име, ама ние милуваме да си го викаме книжевност. Треба нешто драстично. Треба супер-херој (да се изразам екстремистички) кој ќе се закани да го уништи сето она што не е објективно. Да се исплука гнасното, и само да се поддржи квалитетното. Има време за соништа и илузии. Не чекаме нов Рембо, па да се плашиме дека нема да ги видиме новите таленти.

Мартиновски, патем, е носител на една сува и неимагинативна поетика што или треба да се исмее, или да се уништи. Се' што е помеѓу овие две крајности е незрело, игнорантско и евтино. Фактите за спротивното - досега незабележани - се секогаш повеќе од добредојдени.

Поезијава ЗРАЧИ позитивна

Поезијава ЗРАЧИ позитивна енергија, а дали секој ја почувствувал и на каков начин е субјективен чин. Токму искреноста и детското играње со поимите во делото на Владимир е она што најмногу ме восхитува. Затоа мислам дека и перформативноста е многу значаен аспект на неговата книжевност (земете предвид дека авторот истовремено е и музичар), а токму заради ова и настануваат најголем дел од заблудите кај вас, „начитаните“. Патем, ако веќе треба да го споредувам со Букарски, би потенцирал дека овој му беше исто така студент... Како и да е, секоја негативна критика без реално доживување на делото не заслужува да биде воочена како достоен коментар.

ОкоБоли главаВицФото