1014 hPa
24 %
33 °C
Скопје - Нед, 16.08.2026 14:59

Бруклинскиот уметник Греам Колдвел е автор на неколку „стаклени“ инсталации со кои ја истражува проблематиката на надзорот, заканите и опсесиите со самиот себе.
Користејќи мноштво стаклени делови кои ги зацврстува на ѕид со помош на метални спојки, овој уметник ги распоредува своите дела за меѓусебно да се одразуваат и да го рефлектираат просторот на галеријата во која се наоѓаат, исто како и набљудувачот кој ги гледа.





Извор: grahamcaldwell.com