Приказната на опозицијата

31.08.2011 12:37
Приказната на опозицијата

Власта го достигна зенитот на моќта и затоа Македонија заличува на политичко мртво море. Сега откриваме дека постоело нешто полошо од апатијата. Токму овој момент што го живееме ни покажува дека тоа е така. Апатијата и анемијата се зад нас, сега влеговме во фазата кога режимот станува нормалност, кога луѓето наоѓаат оправдување за неоправдливоста.

Зошто Љубе Бошкоски е уапсен и зошто неговиот притвор, што е пример за политичка монтировка, за политичка одмазда, за самоволие и за насилство, не испровоцира пожестоки реакции?

Затоа што Бошкоски беше губитник на изборите и немаше кој повеќе да го брани.

Зошто мораше да згасне А1 телевизија?

Затоа што власта сакаше така.

Зошто мораше да се урива "Космос"?

Затоа што така му било пишано на Фијат Цаноски.

Овие три случаи, на пример, лани ова време, дури и кај нас, ќе беа третирани како скандал, ќе се посочуваа како несфатливи случаи за помрачување на политичкиот ум, конечно, ќе имаше и некакви протести. Денес, тие се само прашања кои си ги поставуваат малкумина, по кои следуваат цинични одговори. Всушност, овие случаи, денес се апострофираат за да се искаже резигнацијата и политичкото мртвило. Овие случаи, а ги има уште многу слични, сега служат да се изрази немоќта.

Станувам здодевен бидејќи во релативно кусо време, по стоти пат, ја поставувам истата дилема – до кога ќе трае оваа општа хипокризија? Дали по оваа победа на ВМРО-ДПМНЕ, кога власта се чувствува помоќна од кога било, Македонецот ќе успее да се ресетира? Или, можеби, сме осудени да ја истрпиме оваа власт, сè до нејзиниот слом? Дали власта ќе стане неподнослива и омразена дури тогаш кога таа ќе чукне на сечија врата и ќе ја допре секоја индивидуа, без оглед дали е виновна или не е?

Овие неколку дилеми јасно укажуваат колку нашата состојба е тешка и колку е тешко да се нудат некои брзи и "излезни" решенија. Тезата дека опозицијата треба да се мобилизира и подобро да се организира, сега, звучи како политичка флоскула. Тезата дека граѓанинот треба да се сепне и одново да се разбуди, за да сфати во каков систем живее, е можеби политички коректна, но таа ја отсликува само моралната димензија на проблемот.

Исто така, мора да се признае дека критиката на оваа власт не дава ни приближно онолку ефекти како што се мислеше. Сега, дури сум убеден дека дека со критика ВМРО-ДПМНЕ не се победува. Една власт која е популистичка, која ја демонизираше политиката, која ги искористи сите можни технологии за да ја зацврсти моќта, но која е на пат да извојува и идеолошка победа, станува резистентна на сите критики – и однадвор и одвнатре. Затоа, потребно е нешто друго. Потребно е нешто повеќе.

ВМРО-ДПМНЕ им понуди на граѓаните приказна, која, засега, е непобедлива. Таа приказна ги сублимираше транзициските теми и дилеми во овие две децении. И оние вистинските и оние лажните. Тенката црвена линија што се провлекува во нивната приказна или, основниот супстрат на вмровскиот наратив, е дека сите стандарди треба да се спуштат за неколку нивоа пониско. Така, приказната станува поедноставна и поразбирлива, но ги задоволува и базичните барања на т.н. обичен човек, кој бил шокиран и разочаран од промената на системот.

Значи, во таа приказна доминараат следните теми и идеи – поголема сигурност во сиромаштијата, понагласена државна поткрепа, испервертиран егалитаризам, антиинтелектуализам, повеќе ксенофобија а помалку космополитизам, повеќе лажен патриотизам наместо Европа итн. Во оваа приказна има и политика и митологија, па затоа е полесно и да се состави и да се раскаже.

Опозицијата, досега, немаше успех бидејќи главно се обидуваше да ја демитологизира вмровската приказна. Сега, очигледно, опозицијата мора да парира со своја приказна. Што ќе содржи таа приказна, искрено, не знам и не би сакал да шпекуларам. Но, тајната на успешната приказна е да се погоди нервот на овдешниот човек, а тоа, всушност е и најтешкото. Таа приказна мора да биде автентична и да се приближи до она што се нарекува позитивна кампања. Во таа приказна нема да доминира како опозицијата ја опсервира власта, туку како ќе се афирмираат старо-новите вредности.

Дека е не сè така црно и безнадежно, деновиве се потруди да ни објасни "Вечер", весник кој го немам допрено одамна. "Вечер", имено, ја пласираше тезата дека СДСМ сè уште има медиумска доминација, бидејќи ги контролирала "Утрински весник", Телма и Алфа телевизија.

Првата помисла по оваа латасовштина е дека "Вечер" добил задача да ја забавува јавноста во овие жешки денови со тезата дека не се точни тврдењата за уништувањето на т.н. опозициски медиуми, дека не само што постои баланс во медиумската сфера, туку опозицијата и понатаму доминира во обликувањето на јавното мислење. Втората помисла тргнува од тоа да ги чита буквално намерите на власта. Зарем и овие медиуми ќе одат јабана? Зарем вакви какви што се сега, ни криви ни должни? И зарем ова ниво на критика е неподносливо и опасно за власта? Во секој случај, уште една лажна тема и лажна дилема.

"Вечер" и власта покажуваат мускули и кога треба и кога не треба. Што ли ќе кажат, а богами, што ќе прават кога ќе се појават некои пожестоки "антивладини" медиуми?

Извор: globusmagazin.com.mk

Илустрации: Дејвид Пулман

како вовед во поплавата од 6

како вовед во поплавата од 6 и 8 август, нешто ко хирошима и нагасаки, само месец понатаму, грдиот началник ги освежуваше санитарните чворови по скопските камунистички училишта, бетонираше цели серални. градот беше како паричка то се фрла на коцка. коце го фрли плоштадот како паричка во вис и после неколкуминути, плоштадот доби нов изглед. право во центарот беше исправен аександар, а веднаш под букефал, на мадињата беше закачена клацкалка за децата кои сакаа да се возат. картата изгледаше ефтина, едно евро. изгледаше нереално дека секое дете ќе дојде да се клацка на мадињата на александар, кога тука некаде напред од мадињата беше тврдиот кур на букефал. лево од александар кој можеше да се види од вселенската опсерваторија соуз, како едно од двете светски чуда што можат да се видат од вселена, имено киескиот ѕид и алкес, беше зачукан од нигде, закован, едноокиот крал на македонците од 11 век, самоил. копилето био мошне интелигентно. од десната страна ченто, претставен како грешник кој покажува кон лавовите на самата платформа на која стои потпрен ацо. околу целата платформа на кој се клацкаше ацо, имаше водоскоци, песни од џез музичарот мајлс дејвис. надолу кон вардар имаше уште господа. имаше терористи, кои разговараат пред да си го бапнат пред да фрлат бомби, коњи што личат на големи глуфци, кои им одат со очи во глават на лавовите, фарма со ноеви и зајаци, метална работилница обложена со мермер во форма на цвет кој се затвора и истовремено се отвара, тоа на грдоначалникот му беше јасно, а на скулптурите што здрвено се тресеа дека некој ќе ги искри со хилта и торов чекан, му правеа лице на грдоначалникот смеејчи му се. гргара говнара во меѓувреме поминуваше низ грлото на началникот, и беше мочана надолу кон идното минисерство за надворешни. сите скурптули имаа дупка од доле, како шупак во знак на новата реалност која ги збудалуваше вмрофците. сите беа педери, тоа не беше приказна, тоа ќе се покаже на палавата поплава.

..

Во опозицискиот табор има

Во опозицискиот табор има многу ситни души,бедници како овој погоре што го напишал неговиот прост коментар.
Тоа е едно, второ во опозицискиот табор има многу ситни души,арогантни типови,самобендисана елита која сите работи сака да ги гледа одозгора.
Трето и ние народот го мразиме Латас, затоа што е мајмун
Четврто, зошто вие ОКНАШИТЕ мислите дека вие сте во право кога секогаш плукате по ВМРО.
Петто, зошто не ги искоментирате позитивните промени КАЖЕТЕ ВЕ МОЛАМ, ЗОШТО????!!?!
Па зар сеуште требаше да се возиме во оние СКАПАНИ автобуси,зар сеуште треба да одиме да завршиме административна работа во СКАПАНИ бараки?!?!!

ОКНАШИ ве молам реплицирајте за дел од ова барем за овие малце прашања иако имам навистина многу да ви кажам

не ме интересира ВМРО ама тие ке победуваат се додека прават позитивни промени, незнам за вас кој се промените што треба да се прават наместо веке постоечките кој се тие ПРИОРИТЕТИ..
оваа не е приоритет, она не е приоритет....само да се плукало

И ВИЕ ВЕЌЕ ЈА ГУБИТЕ ВРЕДНОСТА

Erich, тоа само Коља пак го

Erich, тоа само Коља пак го утнал терминот за апчиња.

Очигледно е дека Мицковски е

Очигледно е дека Мицковски е сикофант на снобовската опозиција. Лицемерно ќе запише:

„Зошто мораше да згасне А1 телевизија?
Затоа што власта сакаше така.“

Дури да е така. Но, дали Мицковски знае какви јајца на зло се несат во дувлата на Рамковски?

Додека јас и Лазар Гогов праќавме до овие медиуми написи против владата на Груевски ги објавуваа безусловно, но кога почнавме да ја критикуваме хипокризијата на Астеруд и Шеќеринска кога овие како луди крави мукаа за правата на работниците, сенсот на уредниците за демократски форум им стана настран. Дури и еден од почесните тамошни новинари ќе ми напише со искрено жалење:

„Za prvata kolumna (novata ne sum ja otvoril) zzalam ssto ti i drugi kako tebe izvesno vreme ke bidat zzrtvi na ureduvacckata politika. Ccitaj ssto se objavuva i ke ti stane jasno. jas, se razbira, ne sum kreator na takvata politika. Naprotiv. No, ne mozzam sam nissto da izmenam. Ti ke znaess kakov sud da donesess za toa.“

Правото на слобода на мислата за овие „демократски“ уредници има лице и опачина. Едно „критика на критичката критика“, другото кукавичлок, понизност, непринципиелност, полтронство...

Опозицијата досега немаше успех затоа што беше опозиција за своите лични интереси. Тоа ќе биде заклучокот.

Луѓе, новинари, политичари,

Луѓе, новинари, политичари, навосни невладини активисти, престанете бе со манипулации бе. Народот докажа на последните 3/4 избори дека не е наивен. Вака ништо нема да успеете а знаете и сами дека и правите штета на државата на внатрешен и надворешен план. Но нема да дојдете на власт како спасители на она што го уништувате. Имате шанса само со нов кадат и нова политика која соодветствува н реалноста. Власта каква е кажуваат граѓаните на избори а тие кажаа дека ваквите ваши конструкции се лага. Значи со ова вие само ја одржувате власта да може да се оправда дури и понекогаш кога не е во право. Да е навистина ваква власта како што се обидувате да ја прикажете зар мислите дека ЕУ ке кажеше дека глобално има напредок? Зар ќе ни дадеше позитивен извештај? Зар сеуште ќе бевме кандидат ако сме вакви лоши или недемократски?! Па европската Фридом хаус ја оцени слободата на медиумите сега со повисока оценка од онаа во времето на владата на СДСМ!

Дали сметате дека беа во

Дали сметате дека беа во право новинарите на А1 кога првиот ден откако го уапсија Рамковски излегоа да протестираат? Зошто А1-новци не останаа рамнодушни на тоа, кога беше исправно?

Василе, само два збора си

Василе, само два збора си погодил во писаниево.

Станувам здодевен.

ОкоБоли главаВицФото