Сорос ја „разбира“ окупацијата на Волстрит

04.10.2011 13:59
Сорос ја „разбира“ окупацијата на Волстрит

Милијардерот и берзански шпекулант Џорџ Сорос вчера изјави дека има разбирање за демонстрантите кои на Волстрит протестираат поради алчноста на американската финансиска елита.

„Имам разбирање за нивните ставови“, изјави Сорос на прашањето на новинарите во седиштето на ОН. Тој изјави и дека го разбира незадоволството на банките и наведе дека по кризата во 2008 г. малите стопанственици имале загуби поради зголемените трошоци за користење на кредитните картички.
„Одлуката да не се вбризга капитал во банките, туку да им се дозволи ефикасно да се ослободат од својата лоша актива, и потоа да им се овозможи да заработат на патот додека излегуваат од банкрот, на банките им остави огромни заработки а потоа им дозволи и да исплатат огромни бонуси“, рече тој.

Сорос е најпознат во финансиските кругови по тоа што во „црната среда“ на 16 септември 1992 г. ја опустоши Централната банка на Англија (Bank of England), обложувајќи се на пад на фунтата, што му донесе заработка од над една милијарда долари. Тој вчера зборуваше на прес конференцијата на која соопшти дека ќе донира 40 милиони долари за проектот Millennium Villages со кој се помага развојот во многу африкански земји.

Со неговата поддршка или без, во Њујорк продолжија протестите под називот Occupy Wall Street со перформансот на активистите кои облечени како „корпоративни зомбија“ јадеа лажни пари.
Во Лос Анџелес демонстрациите беа одржани пред зградата на судот каде што се одржува медиумски проследеното судење на докторот на починатата музичка и поп ѕвезда Мајкл Џексон. Најмногу демонстранти се собраа во Бостон, околу 1000. Протестите не го заобиколија ни родниот град на американскиот претседател Барак Обама – Чикаго. Медиумите известуваат дека слични протести се најавени и во Канада на 15 октомври, во градовите Торонто, Монтреал, Калгари и Ванкувер.

Извор: e-novine

ОкоБоли главаВицФото