Конкурс за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!“ за 2011

01.11.2011 16:02
Конкурс за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!“ за 2011

Издавачката куќа ТЕМПЛУМ по шести пат го распишува конкурсот „Новите!“, за најдобар прозен дебитантски ракопис на македонски јазик.

Наградата изнесува 1000 евра и објавување на книгата во едицијата „Катапулт“.

Спонзор на наградата е Комерцијална банка.

Целта на наградата е да ги промовира и афирмира новите автори во македонската книжевност, новите тенденции во литературата, новите поетички начела, новиот пристап, новиот начин на организирање во сферата на литературата, новите обиди книжевноста да стане општествено повлијателна во секоја смисла: културно, пред сè, но и економски и медиумски...

Наградата ќе се додели кон крајот на месец декември.

Услови на конкурсот: за наградата можат да конкурираат исклучиво дебитанти кои пишуваат на македонски јазик и кои претходно немаат објавено прозна книга.

Под проза пред сè ги подразбираме кусите или подолгите раскази и романи, но како проза ќе ги третираме и специфичните жанровски експериментални форми.

Важно: ракописот не смее да биде подолг од 160 страници, т.е. 300.000 компјутерски знаци, а да не биде покус од 48 страници, т.е. 90.000 компјутерски знаци.

Ракописите кои се испраќаат по електронска пошта треба да бидат напишани на кирилица во македонска кодна поддршка, со фонт 12, проред 1,5.

Ракописите можете да ни ги испраќате до 10 декември 2011 година на следнава адреса:

Булевар Партизански одреди 21 (Порта Буњаковец)
Зграда А2/3, влез 2, стан 4
1000 Скопје

Или на нашата електронска пошта: redakcija_okno@yahoo.com.

За сите дополнителни прашања можете да се обратите на оваа адреса.

Досегашни добитници на наградата Новите! се: Алекс Букарски, Галијана Маркова, Дозгулпмус, Ненад Јолдески и Иван Шопов.

ne e fer... dajte i konkurs

ne e fer... dajte i konkurs za dramski tekstovi ednas :)

Јас сакам да прашам дали тие

Јас сакам да прашам дали тие ограничувања во страниците се однесуваат конкретно за еден расказ/роман или може да речем да се и група раскази? :)

Јас се согласувам со Ивана.

Јас се согласувам со Ивана. Многу би било добро ако покренете иницијатива и за дебитантско драмско дело! Размислете, не сум запознаен дека постои вакво нешто (освен оној конкурс што го организираше МНТ - ама таму учествуваа и познати фаци). Поздрав и со среќа на учесниците на „Новите“ :)

Ограничувањето се однесува на

Ограничувањето се однесува на целата збирка раскази, што значи, книгата (збирката раскази) не треба да биде подолга од 300 000 знаци, и пократка од 90 000 знаци. Истото важи и за романите.

Супер, фала многу за

Супер, фала многу за информацијата. :))

Сакам да прашам дали може да

Сакам да прашам дали може да се испраќа повеќе од еден ракопис?или сите учесници се ограничени само на едно дело?
 
Почитувана, можете да испратите повеќе од еден ракопис.
 
Од редакцијата на Окно

Vi blagodaram na odgovorot

Vi blagodaram na odgovorot

Dobro, Vi blagodaram na

Dobro, Vi blagodaram na odgovorot :)