Европа во повеќе брзини

25.11.2011 11:31
Европа во повеќе брзини

Досега обично беше така што земјите кои се зачленуваа во ЕУ (порано во Европската економска заедница) или имаа со неа некој вид интегрираност, или самите бираа дали сакаат да пристапат само на заедничкиот пазар, или и во политичката унија, или и во шенгенскиот систем, или и во финансиската унија. Следниот избор ќе биде еден или друг вид фискална унија. Така што, степенот на интегрираност со ЕУ и во рамки на самата Унија е главно избор на земјите-членки.

Влијанието на земјите кои се веќе зачленети врз оние кои допрва се стремат кон зачленување е двоен: некои земји или региони не се ни сметаат за потенцијални кандидати за членство, а од оние на кои им се ветува членството, како што е сега случај со сите балкански земји, се бара исполнување одредени услови кои се утврдени уште во 1993 г. и се нарекуваат Договорот од Копенхаген. Треба да се исполнат дополнителни услови за да се пристапи кон шенгенскиот систем или во монетарната унија. Кај заклучувањето на договорот за членство обете страни можат да изберат да применат одредени елементи, на пример, економски слободи познати под називот „Четири слободи“, но не веднаш, туку во некој рок. Тоа најчесто се користеше во случај на правото на работа и правото на купување недвижности, пред сè, земјиште.

Треба да се очекува дека така ќе биде и во иднина. Значи, не станува збор за систем на лига, да се изразам така, бидејќи сите облици на интегрираност се отворени за сите членки и кандидати за членство, туку за изборот на земји на кои им одговара тоа ниво на интегрираност.

Нема интегрираност ако не постои некој облик на слободна трговија, а сè останато е работа на избор на видот договорени обврски кои ѝ одговараат на некоја земја.

Така ќе биде и кога станува збор за фискалната интеграција и засилувањето на зедничките демократски институции. Некои земји не се ни брзаат да ѝ се приклучат на монетарната унија, а веројатно уште помал број од нив ќе сака да се зачлени во фискалната унија, дури и кога би можеле да ги исполнат условите кои допрва треба да се утврдуваат. Европската унија е договорна, а не принудна заедница.

Извор: Blic

ОкоБоли главаВицФото