1022 hPa
100 %
5 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 09:59
Повод за разговор со Рената Салецл, социолог, филозоф, теоретичарка на психоанализата и истражувачка на Институтот за криминологија на Правниот факултет во Љубљана, како и гостувачки професор на London School of Economics и на њујоршкиот Benjamin N. Cardozo School of Law, беше нејзиното гостување на штотуку завршениот Subversive фестивал во Загреб, на кој ја претстави и својата нова книга „Тиранија на изборот“. Во разговорот за „Новости“ таа зборува за начинот на кој капитализмот, под маската на поттикот „биди свој“, доведува до сè поголемо незадоволство на поединецот и како таквата наводна слобода на избор може да ја оневозможи општествената промена. Зборува и за новите идентификации на левицата, можниот крај на капитализмот и иднината на Балканот и Европската унија.
Во книгата се придржувате до тезата дека изборот не е едноставен и дека во поголем број случаи не е рационален. За каков избор, на кој инсистира денешното капиталистичко општество, станува збор и дали е навистина, во тој контекст, невозможна општествената промена?
Идејата на „Тиранија на изборот“ беше да се покаже дека изборот не е секогаш индивидуален чин во кој рационално одлучуваме. Бидејќи, секогаш сме под влијание на општеството, односно на она што другите го перцепираат како добар избор или она што е општествено перцепирано како идеален или посакуван избор. Во тој контекст, што и да направиме, секогаш ќе го имаме чувството дека некаде грешиме и дека не сме биле доволно добри. За сè во животот се обвинуваме себеси, а најмногу за својата економска исклученост и неуспех. На тоа почива капиталистичката идеологија. Значи, ако си сиромашен, ти најпрвин ќе се обвинуваш себеси, иако живееме во општество во кое толку големиот број невработени лумерпролетери е нужност. Тезата на мојата книга е дека идеологијата на изборот е една перфектна идеологија која му овозможува на капитализмот од постиндустриската доба сè уште да функционира. Луѓето се интернализирани дека тие се виновни за својот неуспех и оти секој има можност да направи нешто од својот живот, и имаат слика за себе како за некој недостаток кој уште треба да го подобрат.
Автократи сами на себеси
Значи, и приватно, во четирите ѕида, живееме на пазарен, капиталистички начин?
Парадоксот е дека теоријата за рационален избор, која дојде од економијата, се всели во сите други нивоа на човековиот живот. На нашиот личен живот, љубов, емоции, гледаме како на нешто со кое можеме рационално да управуваме, манипулирајќи со нашите чувства и чувствата на другите. Субјектот кој сега во таа идеологија на избор е пропагиран, на некој начин, е како манипулатор. Ако читате прирачници за самопомош од областа на љубовта или претприемништвото, сите го перцепираат субјектот како некој со кој можеш да манипулираш. Па, ти нудат начин на кој треба да се однесуваш, на пример, да најдеш момче, да го задржиш и слично.
Како да ѝ се спротиставиме на идеологијата која под маската на изборот дава само привид на слобода?
Најпрвин, изборот да не го доживуваме како индивидуален чин, туку да инсистираме на фактот дека постои и општествен избор. Наместо кон индивидуалните добра, изборот би требало да го насочиме кон развојот на општеството. За таквиот избор денес не размислуваме. Ние сме цинични и околу политичките избори, малку време им посветуваме или мислиме дека е сеедно во која насока се одлучува. Францускиот филозоф Луј Алтисер рече дека идеологијата функционира така што одредено нешто почнуваме да го доживуваме како вообичаено, што е само по себе такво. Можност за избор има само оној кој има пари. Субјектот кој може да прави некои апстрактни избори е субјект на потрошувачкото општество. Тој не е повеќе субјект на човековите права, каде што претпоставуваме дека субјектот како таков е надвор од некои детерминанти на полот и парите, и дека треба да го заштитиме. Поради тоа настојувам да се отвори општествена конотација околу прашањата на избор. Ја критикувам таа доминантна индивидуалистичка теорија на изборот, како и изборот на индивидуално ниво кој го сметаме за рационален чин.
Страст за незнаење
Реферирате и на нуклеарната катастрофа во Фукошима: велите дека многу млади и образовани Јапонци, иако свесни за проблемот, ги игнорираат последиците на катастрофата и купуваат озрачен зеленчук и овошје. Ги нарекувате субјекти на ароганција, повикувајќи се на познатата максима на францускиот психоаналитичар Жак Лакан, кој рече дека денес не превладува страст за знаење, туку страст за незнаење. Можете ли да го објасните тоа?
Тоа што се случи во Фукушима, ни се случува на сите нам. Ако го погледнеме овдешното капиталистичко општество, гледаме дека страста за незнаење е присутна насекаде. Кога луѓето ќе западнат во многу тешка ситуација, во игноранцијата пронаоѓаат некое решение. Од Фукушима многу луѓе немаат каде да се отселат, при што владата многу лошо ги информира. А штом не можат да се отселат, незнаењето е единствениот начин да преживеат таму. Би го споредила тоа со конфликт трауматичен како војна; на почетокот имате голема мака, а потоа вашите механизми за преживување ја игнорираат можноста дека секој момент може да го изгубите животот. Тоа се механизми на самоодржување, кои секогаш функционираат со некоја доза на игноранција. Во медицината имаме примери каде што некои многу болни луѓе живеат подолго со некоја доза на игноранција. Парадоксално е што во некои случаи тоа може повеќе да му користи на субјектот, но тоа е секогаш многу индивидуално.
Па, имаме ли затоа оправдание за тоа што не се буниме повеќе и пожестоко поради неправедната распределба на богатството? Зошто, на пример, со поголем ентузијазам не се поддржуваат повисоките даноци за богатите?
Станува збор повторно за парадокс, при што токму идеологијата на избор е клучна. Луѓето ја усвоија идејата дека секој може да успее. Логиката дека ќе се отвори некоја можност имплицира дека луѓето сега прават работи против своето добро. Игноранцијата најдобро овозможува да функционира капитализмот. На пример, веќе со години сме во силна економска криза, но ништо не се промени – игноранцијата е во највисоките ешалони на општеството, сè уште го имаме тој казино финансиски капитал и целосно криминалното однесување.
Води ли тиранијата на изборот нужно во насилство, ако од неа произлегуваат маката, нервозата и фрустрациите?
Капитализмот успеа во тоа луѓето да ги исполни со самоагресија, автодеструкција, а тука се и анорексијата, алкохолизмот, дрогата и другите насилства кон себеси. Така функционира капитализмот. Лакан рече дека капитализмот оди сè побрзо и побрзо, што значи дека не само што сè повеќе работиме и сме станале хиперактивни во сè, туку и дека побрзо трошиме пари, за што издвојуваме премногу време, како и на одржување на своето тело, за на некоја точка да започнеме да се јадеме самите себе. Идеологијата ја маскира таа автодеструкција и ја прикажува како некој избор и подрачје на можности, промени и слично. Толку е силна дискрепанцијата кога човек е условен со некој режим кој го уништува, па почнува да се уништува самиот себе и уште верува во илузијата за можност за промени, идеална иднина и идеологија дво која секој може нешто да направи и излезе од тие окови.
Како да се ослободиме од тие окови?
Поединецот, ако е тоа возможно, би требало некако да истапи надвор од себе, да ја погледне идеологијата којашто го турка во тој правец и да си рече дека изборите кои ги направил се нешто што не може секогаш да се контролира, дека тој е продукт на тоа и дека во тоа секогаш има некоја загуба. Ние сме субјекти на несвесното, не знаеме секогаш рационално што нè принудува во еден или друг правец, и најмногу што можеме да направиме е изборот да не го доживуваме премногу сериозно. Потребно е да направиме мала дистанца од себеси и малку повеќе да гледаме на општеството како структура во која сме се нашле.
Европа излегува од Европа
Славој Жижек, и не само тој, најави скорешен крај на капитализмот. Колку е тоа реално да се очекува?
Мислам дека капитализмот се наоѓа во перманентна криза и дека не му се пишува добро, иако најверојатно на различни начини ќе се обиде да се одржи во живот. Освен големите поделби на богати и сиромашни, имаме сè повеќе задолжени, кои се толку заглавени во кредити што не можат да функционираат како потрошувачи, што значи дека капитализмот дојде до точка каде сè помалку му требаат луѓе кои произведуваат, но и сè помалку оние кои можат нешто да купат. Во развиеното општество имаме премногу „гаџети“ и други обични производи, а капитализмот се обидува да најде начин како и најсиромашните слоеви да добијат пари за и понатаму да можат да го поддржуваат. На пример, во Бразил голем успех доживеа програмата „Bolsa Familia“, социјална програма на владата со логика најсиромашните да добијат дополнителни пари, што овозможува потрошувачкото општество понатаму да се развива.
Можно ли е во класниот капитализам левицата да отвори некои нови канали на идентификација?
Основното прашање е каде е левицата: многу од таканаречените леви политички опции прифатија некој неолиберален модел на капитализам. Допрва некои нови движења, како движењето Occupy, започнаа да отвораат нова врата за некоја нова лева опција. Мислам дека проблемот на левицата е како да најде пунктови на идентификација, со кои кај луѓето би разбудила емоции. Десните опции се многу подобри во провоцирањето емоции, затоа темите околу хомосексуалноста, абортусот, крајот на животот, жените и сексуалната доминација се доминантни во нивниот дискурс. Во Словенија изгубивме на важен референдум околу прашањата за семејните права, околу комплексот закони кои многу би помогнале луѓето подобро да регулираат некои семејни работи. Во пакетот на тој предлог постоеше и можност хомосексуалците да посвојат дете и токму тоа беше пункт околу кој црквата и десницата толку се ангажираа и манипулираа што целиот закон пропадна. Некои емоции, значи, беа запалени, но работата сепак остана прекриена во магла.
Колку се важни протестите и движењата кои ги сведочиме во Европа, па и во Хрватска, и покрај тоа што национализмот и конзервативизмот сè уште се постојани на Балканот?
Тие двиежења се клучни, зашто не го отвараат само прашањето за Европа, туку и прашањето за капитализмот како таков. Со тоа мислам дека од нив ќе израсне нешто повеќе. Во Америка движењето Окупирај направи многу, бидејќи ги спречи банките да им ги одземат куќите на најсиромашните граѓани. Тоа се можеби мали движења, но им отвораат врата на новите и мислам дека во Европа околу нив ќе настанат нови дебати.
Како го гледате процесот на балканизација внатре во Европската унија и истовремената европеизација на Балканот, иако во длабока криза и под критичко преиспитување?
Прашање е каде се наоѓа денес Балканот, кој сè уште се доживува себеси како Балкан или само надвор од него го доживуваме како таков. Можеби сè оди во некаква медитеранизација, држави кои, според германскиот модел, премногу уживаат, трошат и премалку работат. Се плашам дека на Европа нема да ѝ биде лесно да ја одржи кохезијата и тоа поради бирократските структури, тесното гледање на економијата и некои бесмислени диригирани финансиски пактови. Страв ми е да не се отвори врата за некое ново фашистичко општество, бидејќи некои конфликти веќе се формулираат онака како што се случуваше во триесеттите години на минатиот век, а нема голема рефлексија околу тоа. Секој народ гледа на другиот како на некој кој не работи доволно и многу троши, а тука е и односот кон исламот и имигрантите. Не е само прашањето дали Грција ќе излезе од еврозоната, многу е важно дали во иднина ќе излезе голема сила како Германија. Ете, Хрватска влегува во Европа, а Европа излегува од Европа.
Мило ми е поради изборот за жена на годината.
Минатата година во весник чијшто издавач е медиумската куќа Дело бевте прогласена за жена на годината во Словенија. Колку тоа ви значи и каква е положбата на жените во Словенија денес?
Владата ја затвори канцеларијата за еднаквост на половите, имаме само една министерка и нешто повеќе жени во парламентот. Не можам да кажам дека сме во фаза каде што еднаквоста меѓу половите се изедначила со сериозната желба нешто да се помрдне. Тоа што како теоретичарка бев прогласена за жена на годината е своевиден парадокс, поради кој ми е драго. Ги прикажуваат ли некои списанија и оние жени кои не се само пејачки и модели, отвораат ли позитивна идентификација на жената? Освен тоа, со прогласувањето добив некоја поширока платформа и повеќе можност за комуникација.
Извор: novossti.com
Илустрации: Christophe Avella-Bagur
Феноменално интервју -
Испратено на 06 јуни 2012 од НиксФеноменално интервју - катастрофален превод. Окно.мк, ве полам, почнете повеќе внимание да обрнувате на преводите. Голем број од зборовите во конкретниов текст не ни постојат како такви во македонскиот литературен јазик. Имате ли лектор воопшто во вашата редакција?
Никс, ви благодарам за
Испратено на 06 јуни 2012 од koljaНикс, ви благодарам за забелешката, но не би било лошо да наведете барем некој пример за лошиот превод.