1025 hPa
87 %
6 °C
Скопје - Чет, 12.12.2024 04:59
Образложение
Најдобро оценет прозен ракопис на шестото доделување на наградата „Новите!“ е „Педерски катахрезис“, збирка раскази од авторот потпишан како Хигсов Бозон. Во продолжение, накусо, во име на жирито составено од тројца членови Никола Гелевски (претседател на жирито), Владимир Јанковски и Ѓорѓи Крстевски, следува образложението, т.е. одговорот на прашањето зошто сметавме дека дебитантскиот ракопис на Хигсов Бозон е најдобар во 2011 година.
„Педерски катахрезис“ е мрачна политичка парабола (или повеќе сатирска отколку сатирична општествено-политичка фантазмогорија), згуснато ткиво од шеесетина сосема нетипични раскази чиишто аморфни кожурчиња често се пробиени од снажните лирски и драмски тонови. Оттаму е тешко ракописот на Хигсов Бозон јасно да го категоризираме во вообичаените книжевни ниши и фиоки.
За оваа пригода издвоиме три главни вредности во книгата на Бозон: книжевната сила (експресивноста); ангажираноста (во комбинација со радикалност и провокативност); новите поетички постапки (особено во рамките на нашиот книжевен контекст).
Највидлив слој во структурата на „Педерски катахрезис“ е експресивноста, јарките и драматични раскажувачки потези, постојано на работ на инцидент, на радикално кршење на општествените и книжевните правила. Раскажувачката постапка и стилските фигури што ја проследуваат се снажни, незауздани, наизглед без контрола расфрлани, но често во форма на река понорница - ретко излегуваат на површина и главно течат низ мрачни подземни текови. На многу места ракописот на Бозон до тој степен се згуснува што прозата почнува да наликува на поема, на некое чудно рецитирање налик на шаманска инкантација која со фантазија ги надминува границите на овоземноста и болката предизвикана од неподносливата стварност. Тие два аспекта исто така треба да се истакнат кај Бозон: нагласена фантазмагоричност во комбинација со снажно изразена бол, како првото да служи да го скроти или да го пренасочи второто. Притоа хиперартикулираноста на авторот често граничи со неартикулираност, како бесот, крикот и страста да ги разбиваат граматиката и синтаксата... Јазикот на Бозон, значи, е самораспаѓачки и себенапаѓачки; тој е фуриозен и деконструктивен не само кон надвор, туку и кон внатре.
(Кога велиме „снажна фантазија“ мислиме и на неконвенционалната употреба на стилските фигури, на честото отсуство на појасна драматургија и на психолошки појасно профилирани ликови и релации /што може да се смета и за слабост на ракописот, зависи од ракурсот/. Инаку, Вилијам Бароуз во современата книжевност на голема врата го внесе ваквиот тип на испосечена, испокршена наративна структура, на реченици и приказни кои бегаат од „фокалните точки“ како некакви музички фуги. Филозофски татко на ваквиот тип „детериторијализирана книжевност“ /„тело без органи“/ веројатно е Жил Делез, а на таа поетичка линија пишувале и други големи писатели-превратници, Арто, Жене, Гинзберг, Лири итн.)
Вториот повидлив слој во прозата на Бозон, според нас, е ангажираноста, т.е. цврстата ситуираност во невеселото политичко секојдневие на нашата земја. Бозон на еден фантазматски и драмски начин ги става во литература гласините и приказните што инаку, надвор од очите на големата и официјална јавност, се тркалаат по кафеаните, по улиците и за по дома. Бозон е храбар во својот радикален израз, но тој радикализам сепак е облагороден со имагинација и со книжевна вештина, така што тој во својата проза успева да ги трансцендира границите на голото политичко, но и ги прави појарки, зашеметувачки флуоресцентни, како да ги сенчи тие линии-ровови меѓу лудото општество, лудата политика и лудата уметност. Во таа смисла „Педерски катахрезис“ навистина е релативна новост во македонската литература, иако некои луѓе од рабните подрачја на нашата книжевност (сликарот Ацо Станковски или музичарот Кирчо Арсовски, на пример) пишувале проза на сличен начин како и Бозон: експресивно, ангажирано, со многу маски, но и сатирично. (Кај Бозон сатирата не е толку присутна, неговиот удар е подиректен, посуров, наизглед со помала самоконтрола.)
Третиот слој, значи, што во оваа пригода сакаме да го истакнеме како доблест на ракописот „Педерски катахрезис“ е новумот, т.е. новите тематски и стилски постапки што ги внесува Хигсов Бозон. Ние, како жири, сметаме дека таквото „ширење на подрачјето за борба“ и’ е потребно на македонската книжевност, па и на јавниот збор, воопшто. Сметаме, исто така, дека повеќето наши писатели се прилични зачмаени, често исплашени, ескапистички, во функција на слуги на политиката, без интегритет, неавтономни, анахрони, и затоа во голема мера и игнорирани од читателите. „Педерски катахрезис“ го шири, повторуваме, потенцијалното подрачје за борба, за артикулација на судрените општествени енергии и можеби со тоа ќе поттикне и други македонски писатели да тргнат кон некои поинакви книжевни подрачја. Зашто, да потсетиме, една од најважните функции на литературата е да ја буцка малограѓанската зачмаеност, да истражува, да отвора нови подрачја, да биде провокативна и преиспитувачка.
Скопје, 26.12.11.
Расказот „Мартин Нешковски“, преземен од книгата „Педерски катахрезис“, можете да го читате на следниов линк.
Наградата за најдобар прозен дебитантски ракопис Новите! изнесува 1000 евра и објавување на книгата во едицијата „Катапулт“.
Спонзор на наградата е Комерцијална банка А. Д Скопје.
Досегашни добитници на наградата Новите! се: Алекс Букарски, Галијана Маркова, Дозгулпмус, Ненад Јолдески и Иван Шопов.
Некој коментатор пишува: „И
Испратено на 27 декември 2011 од ХумористкаНекој коментатор пишува: „И уште една работа: кај Бозон речиси нема хумор, бар од она што јас го разгледав. За разлика од Гелевски.“ Каков хумор си видел во кој било текст на Гелевски!?! Хумор кој само тој го гледа и никој друг! Тешка глупост. Гелевски никогаш немал смисла за хумор, ниту во расказите ниту во колумните, ниту во јавните настапи (сум била сведок на неколку негови јавни настапи, од типот на дебати, и единствено со што зрачи е фрустрација, негативна енергија и мрак, да не кажам дефетизам), без разлика дали станува збор за телевизија или во некој јавен простор. Еднаш ми беше духовит: оваа година на Саемот на книга во Скопје, на минувачите им ја рекламираше својата книга „Скопски приказни од 2014“ (самиот тој) како, цитирам, „многу духовите и смешни приказни за проектот Скопје 2014“. Само тогаш Никола Гелевски ме насмеал. И никогаш повеќе.
Пандалф Вулкански Убиствениот
Испратено на 27 декември 2011 од ХумористПандалф Вулкански
Убиствениот виц
Еден ден лично пред водачот се појавил советникот во Градот Скопје, Бранислав Саркањац, со цел на политичко-филозофски начин да го обрани неодбранливиот проект СК 014.
„Глејте вака, пастиру, излезната стратегија за нашиот епохален проект, особено на надворешно-политички план, се вика: killing joke. Финтата ја знаете од филмот Монти Пајтон. Да потсетам, за време на Првата светска војна, со цел масовно уништување на германската жива сила, специјалните британски служби развиваат тајно оружје: смртоносниот виц. Британскиот војник нa фронтот, од безбеден заклон, колку што може погласно, го декламира вицот, којшто, пак, за него е безбеден, оти не разбира германски. Разорната сила на урнебесната шега, der britische zenze of humour, кај крутите тевтонски непријатели ќе предизвика помор. Почнавте да копчате, пастиру?! СК 014 со својот раскошен но збунувачки антички вокабулар кај нашите архинепријатели, Грците, може да предизвика помор, а кај другиве ЕУ мивки само бенигни насмевки на неразбирање“, накусо го објаснил Бранислав Саркањац својот стратешки предлог.
Пастирот само кусо рекол: „Она што во спортот се нарекува пад на концентрацијата кај тебе, Саркањац, се нарекува - бладање“.
Брзо притрчал Мартин Протоѓер и дур се рекло „пиксла“ во кабинетот на премиерот веќе немало никој.
Пандалф
Испратено на 27 декември 2011 од Само за љупката мрачна хумористка!Пандалф Вулкански
Халуцинација
Еднаш сликарот Ацо Станковски седел пред кафеаната Пелистер и гледал како пред него, на центарот на плоштадот, еректира македонскиот идентитет.
Кога ги ставил очилата одеднаш на врвот на фонтанскиот столб се појавил Никола Груевски со подигнат среден прст.
Сликарот ги извадил очилата и Груевски исчезнал.
Сликарот одново ги ставил очилата и одново на врвот од столбот се појавила џуџестата но мошне јасно видлива фигура со подигнатиот среден прст.
„Ова треба да се наслика, како невидливото е поприсутно од видливото“, помислил психоделичниот скопски сликар и побрзал најновава паранормална случка да му ја раскаже на Коки Јанев.
И овие два поста треба да се
Испратено на 29 декември 2011 од derfektИ овие два поста треба да се хумор!? Ха!
Мене коља ме смее само во Еднооки :)))
Да бидеме искрени, Коња е
Испратено на 27 декември 2011 од РационаленДа бидеме искрени, Коња е еден од најсаморекламирачките типоси во македононскава литература. На корицата од својата книга 250 хаику си напишал: „Ретко видено удвојување на ракописите и перцепциите... Дали е можно со помош на 250 куси записи да се направи досега најкомплексното потретирање на човекот што мошне негативно и мошне снажно обележа еден период од македонската современа историја?... Благиот но прецизен хумор спречува збиркава да биде прекумерно тревожна и мрачна.“ И по стилот и по лексиката веднаш сфатив дека самиот Коља/Коња си го напишал текстов за себе. За да се осигурам, еднаш прашав еден уредник во Темплум кој го има пишувано текстот на корицата на книгата и тој ми рече дека најверојатно самиот Коња си го напишал. Значи, самиот за себе пишува дека направил досега најкоплексно портретирање на Груевски... Па после се чуди зошто сметаме дека оваа година конкурсот е нелегален?
Чудна работа е тоа, да се
Испратено на 27 декември 2011 од ИрационаленЧудна работа е тоа, да се зборува во сопствено име, бидејќи тоа не доаѓа со посматрањето на себе како јас или како особа или субјект кој зборува во свое име. Токму спротивно, индивидуата пронаоѓа вистинско име за себе само со помош на најсериозна вежба по деперсонализација, отворајќи се за мноштвата кои преминуваат од дел во дел, за интензитетите кои минуваат низ нив. Името како непосредно разбирање на таквото интензивно мноштво е спротивно на деперсонализирачкиот учинок на историјата на филозофијата; тоа попрво е деперсонализација низ љубов, отколку потчинување. Она што се кажува доаѓа од длабочините на сопственото незнаење, длабочините на сопствената неразвиеност. Се станува збир од ослободени сингуларитети, зборови, имиња, нокти, ствари, животни, мали настани: токму спротивно од славната личност.
Жил Делез
Коља си го наместил
Испратено на 27 декември 2011 од ЛелаКоља си го наместил конкурсчето, си пријавил книгиче со псевдонимче, сам си доделил наградиче од илјада евра. Коља, гробар на младата македонска литература.
Драги мои, конкурсов си е на
Испратено на 27 декември 2011 од ах...Драги мои, конкурсов си е на Гелевски и тој(очигледно) има право да си ги лечи политичките комплекси преку поттикнување и промовирање на млади „политички ангажирани“ автори. Жал ми е за Петар, кој за мене беше најдобриот од тие четворица, иако и тој не ми изгледаше како да го заслужил финалето. Што зборувам? А, да, зборувам по стандарди кои би работеле за доброто на литературата и уметноста, воопшто; но овде имаме... Ништо немаме, реално гледано. Никогаш не се надевав дека младата македонска книжевност ќе може да се издигне со вакви... „конкурси“, ама тоа и ме прави среќен - зашто конечно може да сфатиме дека ако не сме младите-за-младите, од политички магариња како Гелевски не можеме да очекуваме ниту обид за Ренесанса (ајде така да си ја викаме).
Поети и прозаисти, соберете се на кафе и во талогот ќе има повеќе уметност отколку овде.
Полутрија јеботе скака, а у
Испратено на 27 декември 2011 од СмешкоПолутрија јеботе скака, а у стомак више се варат пар мефца. Зигзаг, дај бе чоече досада ме фаќа од ова вашево умнеожуење на копијава, бар коа точите време со досадни и бедни некреативни коментари, дај нешо има ли да научиме?, кажете нешо, еве тука све стари, спори и одрти, онакви паметни.
Не навлекуе гнетењево..
Еве, ти ќе кажеш нешто ново и
Испратено на 27 декември 2011 од ах...Еве, ти ќе кажеш нешто ново и поучно. Или веќе кажа... Од кај да знам?!
Ако „ново“ значи неразбирливо (автоматски и подлабоко, зашто по теорија на заговор, ако и самиот автор не разбира што трици јаде - сигурно е нешто длабоко и генијално), повели, уметникувај.
Јеботе теорија на заговор да
Испратено на 27 декември 2011 од СмешкоЈеботе теорија на заговор да те ебе Господ Бог, Исус од Назарет, гоподин господин Стефан и СОРОС him self!
Ти кажав, спор сум, стар и малце забегано одрт, ужасно ДОСАДЕН СИ!
КАЖИ НЕШТО ! ! !
! ! !
Поздрави ги и господ, и бог,
Испратено на 27 декември 2011 од ах...Поздрави ги и господ, и бог, и исус... Не знам што би ти кажал и што би ти помогнало. Кажав што мислев - интерпретацијата е твое право. :*
Стигна камионот идам до
Испратено на 27 декември 2011 од СмешкоСтигна камионот идам до магацин да растоварам. Морам да се откажам, физичка работа ослободува, знаеш?
Растовари таму; ослободува,
Испратено на 27 декември 2011 од ах...Растовари таму; ослободува, секако... Кој нема во главата, има во мускулните влакна.
Оф, боже... се пројде, само
Испратено на 27 декември 2011 од TosterОф, боже... се пројде, само твојата бедна интерпретација на Буковски не.
Дојдов само тоа да си го кажам, немам мислење за книгата зошто никогаш немам да имам шанса да ги прочитам сите 39 кои учествуваа за да оценам.
А ова се однесува на?...
Испратено на 27 декември 2011 од .....А ова се однесува на?...
Смешниот кој се обидува подло
Испратено на 27 декември 2011 од TosterСмешниот кој се обидува подло да наведе некого на безполезен дуел со лажен идентитет превземајки доста добро познати карактеристики на ликовите на Буковски презентирани преку Кинаски (Пошта) и неколку други ликови често безимени во неговите кратки раскази. Ова особено поради повикот на староста, досадата и физичката работа, кажани на таков начин што самиот буковски би се препознал.
А доколку смешниот е навистина стар издртан мајко ебач кој својот интелект го држи скриено длабоко во себе додека крева вреќи бетон и товари дрва за огрев, најсрдечно извинивање и повели да испиеме една флаша тежок алкохол по твој избор и да си помуабетиме на некој од градскиве тротоари.
Така и си мислев :) Не сум ја
Испратено на 27 декември 2011 од .....Така и си мислев :) Не сум ја читал „Пошта“, ама стилот ми изгледаше страшно познат. Фала за појаснувањето.
A na koricata od knigata
Испратено на 27 декември 2011 од Umeren kriticarA na koricata od knigata Skopski prikazni od 2014 si napisal: Samo satirata na Vulkanski ja dolovuva apsurdnosta na ptroektot Skopje 2014. Znaci, povtoruvam: samo satirata na Vulkanski. Nisto drugo ne moze da ja dolovi apsurdnosta na proektot – nitu iskazuvanjata na arhitektite, istoricarite na umetnosta, urbanistite, nisto od seto toa. Samo satirata na Vulkanski moze da go napravi toa! Aj sto e ordinardna glupost ova da se kaze, barem da go kazese nekoj drug toa za nego, kje razberev – nekoj tip od ne znam kakvi pricini (duri i da bil platen za toa - go izjavuva i si se potpisuva, pa potoa si gi snosi posledicite za sikazanata glupost), no ne samiot Vulkanski, izvinete, greska – Nikola Gelevski so objektiven kriticarski pristap go cita “neverojatniot” Vulkanski i sfakja – covece (zamislete go negoviot glas od Ednooki), onaa glupost od proekt, negovata apsurdnost moze da ja dolovi samo satirata na Vulkanski.
Iako, da bideme realni, malku e i blag kon sebe, ponekogas – treba da bide malku poekstaticen, malku povekje da go ceni svoeto delo, da ne bide tolku skromen! Na primer, zosto da ne si napise deka e najdobriot pisatel momentalno vo Makedonija? Se' dodeka ne go napravi toa za sebesi do togas kje mislam deka gi potisnuva svoite kriticarski nagoni.
Пандалф Вулкански Во школка -
Испратено на 27 декември 2011 од Неумерен во секој погледПандалф Вулкански
Во школка - океан од кал
Во кафето „Рома“, на улица „Македонија“, еднаш седеле (а тоа било толку ретко!, како кога се кубат за коса јазикот и животот!) Никола Гелевски и Пандалф Вулкански и разговарале за Карл Краус, малата инспирација тие денови.
Вака му рекол Гелевски на Вулкански: „Сите звуци на временскоста како да се заробени во твојот стил. Тоа го прави фрустрантен за твоите современици. Но подоцнежните ќе го држат на уво како школка во која музицира океанот на калта.“
А Вулкански дообјаснил: „Во мене се бунтува самиот јазик, носителот на најбунтовната животна содржина, против таа содржина. Јазикот се руга самиот од себе, крешти и се тресе од гнасење. Јазикот и животот се влечат за коса се’ додека не се искубат, а крајот е неартикулиран метеж, вистинскиот стил на времево.“
На соседната маса седел и Љубомир Фрчкоски, кој се препознал во реченицата на Гелевски: „Како го рече она, школка во која музицира океанот на калта?! Тој сум!“
Драги Коља, Ти честитаме на
Испратено на 27 декември 2011 од Комерцијална банка а.д.Драги Коља,
Ти честитаме на нагарадта Новите! и ти посакуваме и натамошни успеси со твоите побелени коси. Се надеваме дека нашите директори и натаму ќе кинат од нашите плати за и до година сам да си доделиш награда. По можност под друг псевдоним.
Срдечни поздрави
шалтерските работници од
Кемерцијална банка а.д. Скопје
генерален спонзор на наградата Новите!
Глеаш, дегенче-легенче (за
Испратено на 27 декември 2011 од ОкнашГлеаш, дегенче-легенче (за блуеници и гнојни исцедоци), оставен си овде ко огледен пример на свињарија, на подлост, на сосема недозволен фаул. Вакви простаци-костоломци ко тебе, дегенче-легенче, во нормални средини не добиваат само црвен картон, туку се исфрлаат од фудбал, ко некои хулигани што се на црн список за сите стадиони.
Бидејќи претпоставувам дека си доволно глуп/а за да не сфатиш зашто твојот фаул е надвор од умот, ќе ти објаснам, кутар створу од дното на клозетската шоља: 1. се претставуваш лажно, во име на стопански субјект, во име на група луѓе на кои можеш да им наштетиш, вака или онака, со твојата имбецилна шега; 2. парите од банката одат кај младите писатели во мк. Со оглед на тоа дека кон нив не одат ама баш никакви други пари, дегенче-легенче, ја кастриш речиси едиствената гранка не на Коља, не на Темплум, туку на младите писатели; 3., имплицираш, имбецилу, дека луѓето од стопанскиот субјект страдаат затоа што нивното претпријатие спонзорира една крајно благородна и паметна акција/конкурс. Комерцијална банка добива неспоредливо поголем публицитет со своите 1000 евра награда од што би можела да плати во обичен оглас.
Ете само три причини зашто, малоумнику, твојот начин на шегување е под секое ниво. Но, кога ве гледам вака зли, разуларени, без чувство за игра, за хумор, острвени на крв, гладни и глупи - јасно ми е зашто начинот на кој „си играте“ е баш ваков - имбецилен и ѕверски.
Баш интересно, си се шамарате
Испратено на 27 декември 2011 од Ненад од ИЛИ-ИЛИБаш интересно, си се шамарате тука затскриени зад вашите псевдоними а во стварноста најверојатно често седите на иста маса и бенигно си интелектуализирате за ова, она...А победникот... чекајте бе луѓе, ќе видиме, можеби го бива, можеби не...дајте му шанса.
Не би се согласил, но, ок..
Испратено на 27 декември 2011 од ОкНе би се согласил, но, ок..
Драги Коља, Ти честитаме на
Испратено на 27 декември 2011 од чистачките од Комерцијална банкаДраги Коља,
Ти честитаме на наградaта Новите! и ти посакуваме и натамошни успеси со твоите побелени коси. Се надеваме дека нашите директори и натаму ќе кинат од нашите плати за и до година сам да си доделиш награда. По можност под друг псевдоним.
Срдечни поздрави
чистачките од
Кемерцијална банка а.д. Скопје
генерален спонзор на наградата Новите!
Идиоте, те има и горе, со
Испратено на 27 декември 2011 од ОкнашИдиоте, те има и горе, со истото! Ти напишав и коментар! Прочитај го! Глеј, дегенче-легенче, за посебни случаи на интернет злоставување (лажно претставување со потенцијално сериозни импликации итн.) на врата ти заѕвонуе полиција, малоумнику! До каде сакаш да си играш малоумнички игри?! Си имал лошо детство? Си немал играчки, па си разбивал главчиња на мачиња од ѕид, ко јојо? Па, си викаш, боље ипак психопат на интернет него у гаража? Ако е така, машко, само ролај! Твои сме!
Ги читам коментарите и
Испратено на 27 декември 2011 од Мирен набљудувачГи читам коментарите и неинтелигентните одговори на Коља кој се брани со извадоци од свои книги и во ситуации кога не може да се одбрани (кога некој пишува дека е најсаморекламирачниот автор во МКД, или кога некој ќе каже дека воопшто не е духовит), но најважното е во тоа што треба да се каже дека Никола Гелевски е ужасно лош писател кој нема и никаква рецепција како писател. Се обидов да најдам некој критички текст на интернет за него, имам буричкано и во домашни списанија – нула, компир. Како е тоа можно, за писател кој првите книги ги објавил пред 15 години (оние „одлепени речници“, Призракот против Сенка и слично...), а во оваа година објави две книги, никогаш никој да не посакал да напише ни збор за него. Едноставно нема текст од друг македонски писател, критичар, професор на факултет и слично во кој се разгледува Никола Гелевски како писател и се оценува или толкува неговото творештво. Со други зборови, мислам дека му предаваме преголемо значење – бил гробар на книжевноста или слично... Никола Гелевски не може да биде гробар, затоа што и да бидеш гробар на нешто значи да имаш некакво влијание и моќ. Никола Гелевски има некакво влијание на Окно, можеби на некоја политичка дебата, на телевизија кога ќе го викнат како противник на позицијата и тоа е се’. Не велам дека тоа е малку, ама велам дека тоа нема многу врска со литературата. Тој едноставно нема никаков писателски легитимитет. Воопшто не е преведуван (освен со неколку куси раскази во едно српско елекнтронско списание) на кој било јазик, никогаш не бил поканет како писател на ниеден книжевен настан надвор од земјата и нема ниту еден текст за него (освен самите што си ги пишува за себе, па тоа го оправдува со Делез, свои раскази и слично). На крај, воопшто и не е читан – на пример пред 5 години на саемот на книга неговите книгички - речничиња ги даваа гратис ако купиш 3 книги. Значи 10 години по објавувањето имало примероци од книгите од кои сфатиле дека можат да се ослободат само ако ги даваат бесплатно.
Најдобриот коментар на Окно
Испратено на 27 декември 2011 од СимонаНајдобриот коментар на Окно за темава!
Лајк
Испратено на 27 декември 2011 од ПоштарЛајк
А каква врска има рецепцијата
Испратено на 27 декември 2011 од Ханибал Лектор&КоректорА каква врска има рецепцијата на Гелевски со расправата за Хигсов Бозон, добитникот на наградата Новите?
И каков е тој аргумент, немал Гелевски рецепција? Па што? Ниеден македонски писател никогаш и нигде (вклучувајќи ја и самата Македонија!) немал никаква посериозна рецепција. Ситните преводи и туристички патувања на грстче автори немаат блага врска со некаква посериозна рецепција. Рецепцијата што божем постои речиси исклучиво е по клановски, колегијални, пријателски, академски линии. Критика кај нас одамно не постои, а и кога постоеше (во социјализмот) во голема мера беше артифициелна.
Но, ова е прашање за долг муабет.
Гелевски само е надвор од паланката, еден од стварно многу ретките. За мене, тоа го објаснува божемниот недостиг од рецепција.
Има голема врска. Прво затоа
Испратено на 27 декември 2011 од Ханибал коректорИма голема врска. Прво затоа што целата расправата отиде во насока и на моралниот капацитет и писателскиот кредибилитет на Никола Гелевски. Рецепцијата на книжевното дело има огрооомна улога во целиот процес на пишување, објавување книги, во нивното влијание во контекстот во кој се појавуваат. Претпоставувам дека ги знаеш основните елементи на секое создавање на книжевно (и уметничко) дело, во кој огромен чинител е и комуникациската функција на едно дело. Средношколските финти на некој кој пишува сам за себе (да се изрази и слично) функционираат само кај средошколските автори. Уште повеќе тоа важи за гореспоменатото авторче бидејќи на цел глас често вреска дека со своите дела се боро против конкретна политичка влас. А како тоа ќе се бори и ќе оствари какво било влијание кај потенцијалните читачи кога никој не го чита. Тоа дека ниеден македонски писател никогаш и нигде (вклучувајќи ја и самата Македонија!) немал никаква посериозна рецепција е само фрустриран извик на некој автор кој нема никаква публика, а како утеха за тоа си ја кажува старата добра идеја за теорија на заговорот според која го игнорираат затоа што не бил член на клан, немал пријатели, немал никакви академски контакти. И да расчистиме нешто многу прецизно - нема „божемен недостиг на рецепција“, туку навистина отсуствува рецепција. Нека Гелевски испрати барем 5 линкови до текстови за него (а самиот да не биде автор на нив) може да се размислува дали станува збор за божемен или вистински недостиг на рецепција.
Дури и надвор од
Испратено на 27 декември 2011 од ОвидијДури и надвор од литературата, која е тоа добра работа која вирее во Македонија? Која има благопријатни услови за развој? Добрите ресторани и продавници, на пример, се затвараат зашто нема публика. Добрите уметници, занаетчии, воопшто производи - исто така немаат публика, или зашто се скапи или зашто свеста е на многу ниско ниво. Кој било поделикатен, посуптилен и поразумен човек (не книга!,не исказ!, не стил! туку човек!) е речиси осуден на екскомуникација во Македонија. Хараат медиокритети и силеџии, речиси на сите нивоа. Така што, аргументот дека некој баш и не е видлив во нашава средина повеќе наликува на комплимент отколку на навреда.
Така е Коља! Коља нема
Испратено на 27 декември 2011 од Коља за претседател!Така е Коља!
Коља нема публика затоа што е добар автор. Ако не беше добар автор сите ќе се тискаа во ред за да ги купат неговите книги!
Во Македонија е проблемот! Кој било поделикатен, посуптилен и поразумен човек (не книга!,не исказ!, не стил! туку човек!) е речиси осуден на екскомуникација во Македонија. Коља да беше во Франција, Германија или Србија евентуално, знаете што ќе беше? Сега ќе правеше муабет со Уелбек и Уелбек ќе му викаше - браво бе Коља, навистина си најдобар! Така е Коља - аргументот дека некој баш и не е видлив во нашава средина повеќе наликува на комплимент отколку на навреда. Најголемото достигнување на македонскиот писател треба да биде да има колку што е можно помалку публика и треба да се стреми да биде колку што е помалку видлив... Освен ако не сака да с епојавува на секое место за да брмбори за своите политички ставови!
А и надвор од Македонија да
Испратено на 27 декември 2011 од ОвидијА и надвор од Македонија да тргне човек, на истото ќе налета, мада не во олку вулгаризирани и брутализирани форми. Историјата на литературата (и не само на литературата) е историја на игноранција. Живите се непожелни, особено ако се необични, бунтовни, превратнички... Мртвите се малку поокеј, ама често и за нив треба временска дистанца, да му влезат во глава (т.е. во лектира) на вечниот малограѓанин.
Аргументот на широка рецепција, висока читаност, голема прифатливост итн. - баш и не е книжевен аргумент. Тоа повеќе е социјален или економски аргумент отколку книжевен. Тоа е исто ко да каеш дека некаков растителен отров од кашкавал што чини 10 денари е подобар од некое манастирско чудо чијшто рецепт е пеглан 500 години и чини, да речеме, 3000 денари. Да, за сиромавиот дури и отровот е поокеј, меѓу другото и зашто другово ионака е недостижно (боље да и’ го брцнеш на коза два пати отколку на Анџелина Џоли еднаш - квантитет си е квантитет:).
Kolja e Lotreamonot na
Испратено на 27 декември 2011 од Ogledaloto na OvidijKolja e Lotreamonot na makedonskata knizevnost. Zatoa sto e buntoven, neobicen i prevratnicki ne go sakaat. Kolja e danskoto muvlosanoi sirenje na makedonskata literatura. Zatoa vam vi smrdi, citaci mediokritetski bez vkus. Da bevte malku posuptilni, tri plati kje davavte za knigickata na Kolja.
Сигурно се палишѓ на тоа како
Испратено на 27 декември 2011 од ДопбронамеренСигурно се палишѓ на тоа како 50 години по смртта те откриваат и како други големи уметници кои не биле сфатени за време на животот идните генерации се соочуваат со твојата големина?
Луѓе, па дали сте вие
Испратено на 27 декември 2011 од АнонимнатаЛуѓе, па дали сте вие нормални?! Како ви се троши толку многу енергија за меѓусебно навредување?! Што добивате од сето тоа?! Толку многу злоба на едно место, тажно!
Само пет-шест комантари на постов се конструктивни и аргументирано образложени. Самите си се уништуваме, полнејќи си ги сопствените суети, несвесни дека суетата е деструктивна.
Прво, само лош читател може да помисли дека текстот од Хигсов Бозон е дело на Никола Гелевски. Поетиката и на едниот и на другиот е приказна сама за себе.
Второ, го користите овој добронамерен конкурс за да си излечите некои комплекси и фрустрации, и тоа не само лични, туку и пошироко ангажирани.
Книжевната полемика не е битка на суети, туку битка на идеи, знаење, начитаност, информираност, интелигенција, продуховеност, проникливост, луцидност.
Зборувате за пари, 1000 евра... кој ќе ги земе, за што ќе ги потроши? Бидете реални, пари ли се тоа, тоа е само еден неважен симбол на вредноста. Што ќе му се на Гелевски, ви личи ли на некој среброљубец, Ви се молам, смешни сте?! Пазете, не го бранам, и мене многупати ме вади од такт со нихилизмот, но човекот прави нешто во што си верува... мислам дека тоа не ви е забрането ни вам. Најдете достоинствен начин и спротиставете се, не плукајте во празно.
Велите дека расказот од Бозон не е добар... напишете зошто, што е тоа што не ви се допаѓа. Зарем ни малку не чувствувате обзир спрема трудот што некој го вложил да напише книга? Не мора да ви се допаѓа вам, но секогаш важи излитеното „за вкусовите не се спори“. Не верувам дека некој од вас ја прочитал книгата, а ја напаѓате ко да сте ја читале синоќа пред спиење.
Не заборавајте,ова е дебитантска книга, мора да има некои фалинки. Дајте му шанса на авторот, зарем не ја забележувате огромната болка којашто извира од секој негов збор? Се согласувам дека именувањата се непотребни, но книжевноста секогаш експериментира, иновира и шокира. Расказот не е за М.Н., тоа е расказ за лошото во луѓето, за нашето слепило и чмаење, за болката, за смртта, за самобендисаните власти кои го иритираат народот. Не зборувам само за оваа власт, туку за сите и овде и онаму. Задачата на книжевноста е да укажува и да потсетува и не мора тоа секогаш да биде скриено, туку напротив, во итни случаи, и директно, со целосно соголување.
Кажете ми еден македонски автор, освен Венко и Гоце (зборувам за последниве десетина години) за кого сте слушнале, сте го прочитале или макар малку ви разбудил љубопитност. Ги имам прочитано сите книги од едицијата „Новите“ и мислам дека нема ниту една утка. Не се ремек дела, но се почеток на нешто.
Огромен лошотилак има во вас, луѓе... кои и да сте?! :(
Расказите од Вулкански беа
Испратено на 27 декември 2011 од Љубител на убавиот зборРасказите од Вулкански беа ставени во коментарите, меѓу другото, за да укажат дека стилот на Вулкански (Гелевски) нема речиси никаква врска со стилот на Хигсов Бозон, оти навредите и подметнувањата одеа и во таа насока.
До Анонимната: Каков е тој „нихилизам“ на Гелевски? Тоа што се труди, на неколку општествени рамништа (но нек биде и само на рамништето на конкурсов „Новите!“), е нихилизам? Или неговото пишување е нихилизам? Или борбата против лудачкиот режим на Груевски е нихилизам? Или Гелевски е нихилизам зашто сите вие другите не сте нихилизам?!
@Љубител на убавиот збор -
Испратено на 27 декември 2011 од Анонимната@Љубител на убавиот збор - Напротив, не го кажав тоа во некоја негативна конотација, туку да укажам дека сум објективен, непристрасен набљудувач на така нареченава дебата. Инаку, неговите размислувања ми се понекогаш предепресивни, што се коси со мојот личен пристап кон основните животни прашања. Му фали малку поведар дух, а неговиот интелект и внатрешен порив никако не ги оспорувам. :)
Добронамерно,
Анонимната!
Тебе, моме, ко и на повеќето
Испратено на 27 декември 2011 од Љубител на убавиот зборТебе, моме, ко и на повеќето коментатори, доста работа во главата ти се збркани, но не и ни важно, секој со својата глава (до некоја, дај боже, киборг иднина, ко ќе може главите да си ги менуваме ко ташни:). Друго сакав да ти кажам, изгубено моме: дури и „рецепциските шампиони“ (ова звучи ко од квасец набубрени мекици) на мк литературата, според тебе, моме, Гоце и Венко (ах, каков фамилијарен тон!, овде кајшто ни е најтопло и сите си се знаеме!) се апсолутна нула и на регионалната книжевна карта, а да не зборам за европската или не дај боже светската! Само во Словенија (една мала и више-мање безначајна еу држава) има минимум 20 (дваесет) писатели и поети кои имаат неспоредливо повеќе преводи и рецензии на неспоредливо повеќе јазици од нашиот славен двоец без кормилар: Венко&Гоце (може школите у мк за едно 50 години, коа скроз ќе надвладее „Гоцевата раса“ ќе носат имиња: „Венко&Гоце“?). И пази сеа, изгубено и распарталено книшко моме, сеа иде поентата: ДУРИ И ТИЕ 20 СЛОВЕНЦИ ВИШЕ-МАЊЕ СЕ СВЕСНИ ДЕКА СЕ ГОЛИ КУРАЦ ВО ЕВРОПСКАТА ЛИТЕРАТУРА (скоро сите, да не претерувам, оти и кај нив ги има баеги забегани). Ко што вели Јуриј Худолин, они идат по промоции, по странства, по читања итн. више да се начукуваат гага и да ги ебат податните преведувачки и лекторки од малите јазици отколку што целиот тој „дијалог меѓу културите“ има реална културна (а да не зборам пазарна!) смисла. Значи, дваестиот во Словенија во ЕУ е повеќе познат од нашиот славен двоец, со тоа што дури и првиот Словенец е никој и ништо во ЕУ! (а да не зборам за дваестиот).
Поинаку кажано: неписмен тајкунски кретен (ко овие нашиве доктор Лапас-Мапас Бојо-Војо итн.) да реши утре да вложи сто илјади евра за да биде „најпознатиот мк писател у ЕУ“ може да го напраи тоа дур каеш пиклла, и плус од парите да му остане да си купи еден џип од 50 илјади евра!
Ама кому зборам... Ништо, моме, иди врати се у леглото на Гоцевата раса, нешто ме фати напад на нихилизам, нагло...
Коља, а дали сфаќаш дека и
Испратено на 27 декември 2011 од Убавиот збор личноКоља, а дали сфаќаш дека и ваквиот твој текст има само навредувања, вулгарности и просташтво. Што е поетната на сето тоа - не можеме во странство ништо да направиме, Словенците се свесни дека се голи курац. Авторите што ги навредуваш (нека се и десет пати полоши од тебе) постигнале многу повеќе од тебе, ти немаш ни стотинка од тоа постигнато. Да, се согласувам - ти си стопати подобар од нив, ама заговорот на светските сили работи против твојата литература и твојот лик и големо дело. Какви бре европска литература спомнуваш - во литературата и воопшто во културата не е лесно да се направат топ листи, па првиот Словенец да е никој и ништо во ЕУ. Во културата валоризацијата има некои други свои патишта - не е тоа спортски натпревар - па прво место е овој, второ е оној, трето е тој и тој. Има некои други патеки, влијанија, вредности итн. Ама толку можеш, толку знаеш.
znaci nikad ne pisuvam na
Испратено на 27 декември 2011 од dorisznaci nikad ne pisuvam na forumi uste pomalku komentari, ic ne me interesira koj pobedil i zasto, karanicive mi bea preporachani, ama 'replikata na kolja' do besvest me iznasmea i malku me nazali. bejbi, 'replikata na kolja', sakam da te chastam pijachka na moj teren!!!
Е се изнасмеав, среќа што
Испратено на 27 декември 2011 од Е.И.Е се изнасмеав, среќа што фрлив пглед на другата страна од коментарите.
Отишол Цветко кај некоја гатачка и тропнал на врата, а таа прашала:
- Koj e?
А Цветко:
- Ебатe видовитата.
П.С. Упатувам благодарност за конкуросов. Ако не беше тој ќе си ја раздолжував книгата. Вака барем истерав нешто до крај. Во добро ве оставам до некоја наредна прилика. Се надевам дека избранава книгата е добра и се надевам дека во брзо време ќе бидам во можност да ги читам авторите кои имаа испратено ракописи. Секој кој сака да чита а и пишува би се одкажал од своето за да прочита нешто добро. Коментарите против избраната книга ме радуваат затоа што насетувам дека има луѓе кои ќе пишуваат. Не мора сите да бидат отпечатени. Може да читаме и е - книги. А тоа ме радува. 49 е солидна бројка. Колку повеќе писатели се намножат толку повеќе ќе се изостри критичката маса и тогаш ќе можеме да читаме по препорака. Вака читаме што ќе стигнеме со надеж дека ќе ни се исплати потрошеното време.
Почитувани и помалку
Испратено на 27 декември 2011 од Никола Гелевски самиотПочитувани и помалку почитувани читателки и читатели на Окно, сакам да ви разјаснам уште неколку работи од овогодинешниот конкурс „Новите!“.
Сите четири најдобро оценети ракописи (Петар Андоновски, Олгица Станковска, Тина Иванова и Хигсов Бозон) имаа доста слабости. Лично, самиот посакував конечно наградата да ја добие еден роман, оти досега цело време наградата ја добиваа раскази. Годинава Петар Андоновски беше единствениот со колку-толку пристоен роман, ама роман, одново, со низа слабости. Тој роман, барем според мене, беше најсериозниот конкурент на Хигсов Бозон. Откако ги извагавме добрите и лошите страни на сите четири ракописи, сепак претегнаа позитивните аргументи во однос на Хигсов Бозон.
Инаку, сосема сум свесен дека книгата на Бозон има барем исто толку слабости како и другите три. На неколку од тие слабости му укажав на самиот Бозон, во брзаницата да се испечати книгата. Но, моја проценка беше дека тој ракопис имаше малку повеќе добри работи од другите три ракописи. Е сеа, што е добро и позитивно секогаш е прашање на перцепција; во случајов, жестоката ангажираност на текстот на Хигсов Бозон и неговата политизираност мене ми изгледаа како доблест; меѓу другото и зашто живееме во зачмаени времиња и со зачмаени души. Радикализмот на Бозон ми изгледаше позитивен, иако сум свесен дека на многумина тој драстичен стил (башка неуреден, „аљкав“, тоа е несомнено) им е одбивен.
Најпосле, тоа е критериумот на овој конкурс и ова жири. Ние не претендираме да бидеме универзални книжевни арбитри. И ние сме робови на сопствениот вкус и светоглед, како и сите други луѓе. Во Темплум и на Окно, ангажираноста, политизираноста, втурнатоста во светот, каков и да е тој - се доблести. Знам дека истите вредности можат да бидат и оловни кугли на нозете, но во летово 2011 во Македонија - тоа беше мојот и нашиот избор.
Втората работа што сакав да ви ја соопштам, почитувани проследувач(к)и на конкурсот „Новите!“: ова беше мојата последна година на учество. Од 2012 ги напуштам „Новите!“ Досега мислев дека е корисно во жирито да биде и некој малку повозрасен (како мене), чисто од „педагошки“ причини, заради потребата и од поинаква, меѓу другото и генерациски малку поинаква перспектива. Но, денес веќе не сум сигурен во тоа и решив да се повлечам. Тоа мене сигурно ќе ми донесе малку повеќе мир и малку повеќе од толку потребното слободно време, ама се надевам дека таа моја одлука ќе биде добра и за иднината на наградата.
Ви благодарам за паметните коментари и за вниманието:)
Никола Гелевски
претседател на жирито на „Новите!“
WOW!!! Волку рибање одамна
Испратено на 27 декември 2011 од АнониминиотtWOW!!! Волку рибање одамна немало на порталов. Но и вака демонстрирана стерилност и медиокретизам на мислата, ретко се чита.
Незнам кој ви е курац со ова младите кај нас, младите за нас и слично, или гробар на младата литература, како и да беше. Младите кај нас кои во слободно време ја задоволуваат сопствената потреба за автентичност, исфрлајќи тешки фекалии на хартија, се парадигма за олош од опортунисти кои чекаат прилика да се доберат до најбезбедното место среде просечноста. Медиокритет со диплома, малограѓански празник, што би рекол Миленко Перовиќ, противречни суштества пар екселанс. Нивната егзистенција е контрадикторна, бесмислена, а посебно онаа на амбициозните "автори" од кои ми се гади. Борба за концепт не се пројавува (нити нешто такво ги интересира), но затоа борбата за гратис кафе и центрирање во просечноста е крволочна. Му се допаѓало на некого тоа или не, младите се калта на оваа земја, глина за изработка на марионети (политички, економски , културни), гасеници самоубици- доживувајќи ја секоја промена како напад врз нивниот конформизам, се решаваат да си ги скратат маките. Ризикот е неподнослив, малограѓанството работи, незнаењето и неспосбноста ги урива. Сума сумарум младите (а посебно овие авторишта и зналци кај нас, без никаква политичка и општествена одговорност, она НИКАКВА!) се некаква си бавна назадувачка еволуција (бавна бидејќи сепак некако успеваат да се изебат и да се котат), штетна за малкуте прогресивни, штетна за брзите назадувачи. А што прават за да се задржат на статус кво-то? Се. Се за корка леб, вода и шеќер (пластична чинија мора сами да купат, најчесто верглајќи по штабови на секои пар години). На таква младина јасно е што и пречи кај конкурсов. Кур ги боли за авторот и стилот и сл. Но, 1000-та евра од конкурсот на нечија сметка е веќе нешто друго:леб и вода (и шеќер)на долгорочно.Пред 1000-та евра се е небитно. И ова се чита зад речиси сите коментари погоре. Но не чуди и јасно ми е зошто е така, не ве окривувам во целост иако вината е главно наша.
Како и да не сакав за ова да коментирам, премногу е, но беше погоре напишано следново:
"Никола Гелевски не може да биде гробар, затоа што и да бидеш гробар на нешто значи да имаш некакво влијание и моќ. Никола Гелевски има некакво влијание на Окно, можеби на некоја политичка дебата, на телевизија кога ќе го викнат како противник на позицијата и тоа е се’. Не велам дека тоа е малку, ама велам дека тоа нема многу врска со литературата."
Младите во земјава се истовремено и парадигма за бладачи. Ова не ме изненадува, бидејќи како напишав погоре секоја трансформација им е смртна закана, секој кој се издига над просечноста е причина побрзо да се уништи. Така и Гелевски со Точка,Темплум, Маргина, Новите...
На младата одозгора сакам само да и порачам подобро да пребара на интернет што се направил и какво е влијанието на Гелевски и на оваа група луѓе собрани во Темплум за оваа(во најмала мера ќе земам)скопска културна средина.
Да ти олеснам -импактот на оваа издавачка куќа и поранешниот културен центар Точка врз се она што денес може да се окарактеризира како последно ехо на здравиот разум тука е неспоредливо со било што напревено во доменот на културата (и уметноста и литературата...) од било која друга инстанца во земјава. Од Маргина преку 20/21, Магма, Новите, стотици можеби илјадници културни и уметнички настани, (на кои немаше само шест нови, туку стотици нови) доволно зборуваат за начинот на кој во минатото овие кои ги напаѓате го обликуваа интелектуалното ткиво во земјава. Дел од тоа ткиво денес подржува и работи активно на владеачките интереси, другото се бори некако преку порталов и низа други настани.
За мене лично, Точка (и на двете локации) претставуваше единствено место, единствена опција во овој град, во која можеше да се земе учество во некаков си свет во кој постои грижа за тој свет, и тоа за чудо беше токму светот во тој единствен момент. Беше причина за постојано критичко резонирање и зеркање на "слевањето на хоризонтите". Воедно овој културен центар е заслужен за голем дел од моето интелектуално кредо, а и на моите блиски пријатели, и тоа назад уште од средно образование. Изродите како младата погоре, кои имаат потреба да бараат на интернет за да дознаат кој е овој човек и кои се овие луѓе и колкаво влијание имале во овој град (свашта!!!) и што ја знам, е само пример за дисконтинуитетот настанат во релативно мал временски период на тотално затрупување на критичкото мислење.Благодарение на она што е останото имате можност слободно да се изразите на порталов,без страв од покани за информативни разговори.
Како и да е, не ме чудат ваквите ваши испади. Оние кои не се задоволни со корка леб, вода и шеќер, денес ќе ги плукате. По неколку години, во поинаква констелација, истите вие, на нив ќе им плескате, од истиот порив. Леб, вода и шеќер. Се што има смисла во вашата бесмислена, контрадикторна, малограѓанска егзистенција. Прашина среде облакодери од луѓе.
Да, Коља не е гробарот на
Испратено на 27 декември 2011 од ...Да, Коља не е гробарот на македонската книжевност, Коља е ШУТОТ на македонскаата книжевност.
Коља, долга е раката на Хари
Испратено на 27 декември 2011 од Камата или смртКоља, долга е раката на Хари Костов!
na samiot sebe ili na drugiot
Испратено на 27 декември 2011 од lakanskina samiot sebe ili na drugiot vo sebe pa i ne e bash bitno neli Kolja, chestitiki za aktot i "iskrenoto" otkrivanje preku naslovot... otsekogash si znael "pederski" da igrash
Најверојатно по неговата
Испратено на 28 декември 2011 од Собирач на големите мудрости на КољаНајверојатно по неговата смрт, долго долго по неговата смрт, кога конечно ќе може да биде откриена големата мудрост и книжевна вредност на Коља (заедно со неговите превратнички квалитети), ќе бидат објавени овие негови мудрости:
Глеаш, дегенче-легенче (за блуеници и гнојни исцедоци)
Бидејќи претпоставувам дека си доволно глуп/а за да не сфатиш зашто твојот фаул е надвор од умот, ќе ти објаснам, кутар створу од дното на клозетската шоља
ДУРИ И ТИЕ 20 СЛОВЕНЦИ ВИШЕ-МАЊЕ СЕ СВЕСНИ ДЕКА СЕ ГОЛИ КУРАЦ ВО ЕВРОПСКАТА ЛИТЕРАТУРА
Незнам кој ви е курац со ова младите кај нас
кој не ги попил ваквиве дебилероси од критичари налик на „критичар“.
Навистина денес го закопавте
Испратено на 28 декември 2011 од Site psevdonimi na KoljaНавистина денес го закопавте Коља. Главно во негов стил и со негов тип стратегии. Но, не можам да кажам дека чувствувам какво било сочувство кон него. сето ова си го заслужи од одамна.