Да се не сме биле ослободиле

01.02.2012 12:21
Да се не сме биле ослободиле

Да си бевме останеле Јужни Срби денеска ќе можевме да кажеме дека сме победници на Австралија опен. Дека сме вицепрваци во ракомет и прваци во ватерполо.

А да прифатевме да бидеме браманска каста во рамките на бугарската нација, што великодушно ни се нудеше и сè уште ни се нуди, ќе можевме да се фалиме со Стефка Костадинова, со Пиронкова и Бо Рис Оф.

Но, ние одбравме да славиме кога ќе нè пуштат да играме квалификации за олимписките игри и нерешено во првото полувреме на Вембли. Не одбравме, туку тоа нашата борба ни го даде.

Спортот е активност која на спектакуларен начин ја покажува бесмислата на таканаречената борба за национално ослободување. На борбата за таканареченото национално ослободување. Или на борбата за националното таканаречено ослободување.

Спортот ја исмејува идејата за нацијата. Јас, да речеме, се скинав од смеење кога хамлетчињата од Копенхаген ни го начукаа пред да свршиме таа вечер во Белград.

Признавам дека звучи малку парадоксално, можеби, дури, и перверзно, ама така е. Ако имате Триумфекална капија – триумфите ќе дојдат. И фекалиите нема да ги нема, се разбира. Ако предвреме не се откажете од можноста да бидете препознаени од скаутите на лудоста и ако не одбиете да разберете дека лудоста е сериозна дисциплина која бара големи жртви од секој спортист и од секоја нација. Нацијата што ја има арената „Филип Втори“ еден ден ќе си го добие својот Манчестер Јунајтед.

Како тргнала работата, многу е веројатно дека петтопласираните на европскиот шанкерски шампионат во фаќање на полни чаши од дистанца или лудаците кои на некое светско првенство ќе изедат најмногу гомна без прибор, ќе добијат национална пензија и ордени на левиот ревер. Сребрена или титаниумска ѕвезда. Заслуги за заебавање на народот. Веќе ја чувствувам тремата што ќе ме обземе кога Хорхе ќе фати да ми го закачува одликувањето за македонската слава што сум ја пренел без вилушка и лажица.

Каква смисла има борбата на таканаречената нација, односно каква смисла има самата нација како објект и субјект на таа борба, кога на најкритичното ниво на развојот, на некој волшебен начин, речиси закономерно, еволуира во идиотизирана маса која има своја Триумфекална капија, не за друго, туку за да им даде на знаење на сите добронамерници дека задолжително треба да ги примат сите вакцини пред да решат да ја посетат библиската вукојебина на која светот не ѝ дава да се вика така како што сака да се вика. Точно ли е дека УНЕСКО ја прогласил капијата за споменик на некултурата од нулта категорија?

Капијата е клучна буква во нашата вселенска азбука. Како што се космодромските шари за јужноамериканските Индијанци. Навигацијата на атомската бомба на Мелмак ќе ги следи координатите на нашата татковина.

Каква смисла има таканаречената национална слобода ако таа слобода е слобода да се избере Хорхе Иванов за претседател, а Шарло Акробата за премиер. И надвојвода на јагнешките бригади за национално ослободување. Двајца во еден(нестле) што владеат така што ги продлабочуваат процесите на општата кретенизација (Басара) на тоа што беше било тргнало да се вообличува во нација. Чипирани идиоти кои прават кораксирани (Предраг Кораксиќ) фашистички процесии по повод некои места на некои таканаречени национални херои. Како поклон кон врховното божество на власта.

За петто место во ракомет Ацтеките би отсекле пет илјади глави на деца во претсунетска возраст, а Македонците ги носат своите во Табановце или во Долината на идиотите во Скопјанг. Тоа не е мал цивилизациски исчекор: децата на нашата млада нација се живи, ама не верувам дека се попаметни.

Има ли уште нешто што нашата борба ни го има дадено? Има, како нема!

Еве, да речеме, без националното ослободување немаше да има кој да нè заебава во врска со самитот на НАТО во Чикаго. Гратчето на Ал Капоне е само една станица на која Господ или некој овластен од него господин удира печати во пасошите на македонската разочараност. Чикаго е изграден врз основите на таа идеја. Чекањето е смисла на нашето постоење. По Чикаго ќе го чекаме Владивосток со навестување дека поканата можеби ќе ја добиеме на самитот на Северноатлантската алијанса во Техеран. Ако нашата дипломатија има памет да ги врати во своите густи редови амбасадорите Никовски и Мирчев.

- Ај ам Мирчев. Димитар Мирчев. Ај ам нула, нула седум..

- Ти си нула, нула, нула, бикоус ви хев нот кралица, ви хев а Хорхе...

Мене ми е јасно дека името не смееме да го дадеме ако без името не сме ништо. Ако нема да нè биде. Ама никој не се прашува зошто ние воопшто треба да бидеме. Кој курац сме ние? Може ли името да остане, а нас да нè снема? Јас мислам дека околу таа солуција ќе се доближат ставовите на домашните и на странските иди(ј)оти. И дека ако нема да се доближат тоа нема да значи дека иди(ј)отите решиле да се разнебитат.

Кога е следното првенство во што било.

Ако нема ништо на хоризонтот можеби ќе биде паметно да организираме избори. Нацијата не е нација ако не е нонстоп во кондиција. Ударна доза може да биде истовременото одржување на избори за фонтањери (градоначалници по старата номенклатура на апашите) и на Шарло Акробата за доживотен премиер со мандат од три-четири месеци. Еве, нека бидат пет.

Цело време се тресам да не нашите раководители ждрапнат на црвената линија на националните интереси. Да не светот им свирне некој седмерец.

Главната полициска будала побарала на телефонска седница српската влада да го смени Сретен Угричиќ, генијален писател на привремена работа во Народната библиотека на државата во која полицаецот е член на владата. Потпретседател. Тоа е како Гордана Јанкуловска да го трга Хемингвеј од шанкот во Хавана.

Кој е тој Угричиќ? Воопшто. Зошто таканаречената македонска нација треба да се изјаснува за некој човек кој се презива на „иќ“. А не се изјаснува. Зафатена е со изборот на нови членови на Македонската академија на неуките и уметностите.

Имав едно другарче што во неслободата на Југославија го праќаа на лекување во Иќиќи. Во Иќиќи го праќаа. Тоталитаризмот на Тито ги праќаше во Иќиќи. Ни беше мака што не сме болни.

„Аномалиите го живеат својот незабележителен и смртоносен живот заштитени во резерват, без ризик, без природни или човечки непријатели, скриени во очигледното. Скриени во очигледноста, секојдневното страдање, неправичноста, приземноста, суровоста, и понижувањето, истрајуваат и се шират. Пошироко од тоа не се може.“

Сакате ли уште една доза нормалност или ќе чекате власта да ви додаде пелистерка за беванда.

Разликуваме четири врсти уметници, вели Угричиќ:

- оние кои се слепи и глуви, во служба на поредокот што се заснива на привидот на безусловната невиност;

- оние кои не се во непосредна служба на поредокот, ама во својата работа се преправаат дека сè е в ред;

- оние што го евидентираат и репродуцираат тоа што го гледаат, без да видат што се случува;

- оние што се спремни да се занимаваат со претпоставките и причините, кои гледаат што се случува и како се случува и зошто се случува и не се плашат тоа да го кажат и покажат;

Само овие од четвртата група се способни за невозможниот пресврт. За вознемирување на мртвилото на лошата бесконечност на самосожалувањето и самозалажувањето.

Можете ли да замислите дека некој човек со вакви бури во мозокот може да биде шеф или е шеф на библиотеката на Внатрешната антимакедонска контрареволуционерна инсталација што го носи името на славниот „Ни Кол А“. Гр Уевс Ким. И кој курац би барала таму? Таа величина на сивата маса. Знаете ли воопшто кој е директор на нациолната библиотека на антикосите фром фајром?

Македонскиот интелектуалец е зафатен со анализа на ударите на Кире Лазаров од девет метри. Со форматирањето на топкарошот во национален херој. Генијалецот од Белград беше Србин за кого нè требаше да нè боли курот (курац(от) според Вук Караџиќ). Тоа е најголемиот морален пораз на македонија со мало м.

И сега ние треба да чекаме да видиме кои ќе бидат новите членови на МАНУ. Ниту една индивидуа која не најде за потребно да се јави во јавноста во врска со случајот Угричиќ не треба да биде избран за академик на Македонската академија на науките и уметностите, а Македонската академија на науките и уметностите сместа треба да се обеси со бело јаже врз белиот врат на Блажета Конески со поглед кон „Холидеј Ин“. Скапаници скапани. Да им го начукам. Нема да може да се каже дека сите шанси ни се загубени ако светот го соочиме со таква морална здравост.

Извор: globusmagazin.com.mk

Da ne ima stanato avtorot na

Da ne ima stanato avtorot na leva noga,fabricka maana ili e pod dejstvo na narkoticni sredstva. . .:)

Bljak!

Bljak!

Колумниве на Тричко се една

Колумниве на Тричко се една вешто артикулирана логореа. Не сум видел некој да сере на толку елегантен и уметнички издржан начин. Освен се разбира, Саша Барон Коен. Можеби писанијава звучат нападни и кај некого предизвикуваат гадење. Но, за почеток да се запрашаме зошто на Тричко и на голем број други интелектуалци им се гади? Факт е дека сме доведени на европското економско и културно дно, а да биде работата уште посериозна, некои уживаат во тоа. Свињата ги јаде своите гомна и притоа се чуди зошто Тричко се гади на сето тоа. Зошто бе Тричко ај кажи им?

lealeeeee.........i ovoj

lealeeeee.........i ovoj Branko e na teska droga....definitivno......kill your self !!!

ОкоБоли главаВицФото