Петиција за Европа

24.03.2012 12:35
Петиција

Доколку Европа се обединеше, денес ќе беше најголемата економска сила. За Европа да го заземе своето место во меѓународната заедница, таквото здружување е потребно денес повеќе од кога било, во време кога сведочиме за растот на новите светски сили, и кога на светот во наредните години му претстојат бројни предизвици. За да дојде до тоа, државите членки треба да направат нов чекор кон демократска, економска, социјална, буџетска и фискална федерација.

Во понеделник, на 12 март, започнав кампања за собирање потписи за петиција, достапна на адресата www.eurofederation.eu, за претставниците да ја прифатат оваа задача. Манифестот на оваа петиција може да се прочита на интернет страницата. Се надевам дека многумина од вас ќе ја посетите и ќе ја потпишете петицијата за обединета Европа.

Петиција

Европската унија е најбогатиот регион на светот. Таа има најмалку невработени, најмал долг и помал дефицит од САД. Нејзината демократска, културна и индустриска сила е голема. Квалитетот на животот и просечниот животен век овде се најголеми во светот.

Сепак, на ЕУ ѝ се заканува опасност поради сериозните проблеми со јавниот долг и потребите за ускладување на социјалниот модел. Унијата може да опстои во новиот свет само ако тргне напред, кон поголема солидарност и длабоки интеграции, ако го запре социјалниот и еколошкиот дампинг на своја територија, ако најде начин повторно да прерасне во континент на знаење и иновација, да се врати на реалниот раст, и да ја заземе положбата која ѝ припаѓа во глобалната економија.

Пред нас, Европејците, денес стои едноставен избор: или својата сувереност ќе ја препуштиме на нерегулирани пазари, или ќе изградиме федерални, демократски, буџетски и социјални институции.

Нашето културно наследство, нашите ремек-дела, нашите изуми, поуките на нашата историја, фактот дека не се предаваме безнадежно – сето тоа ни налага да се обединиме и да реагираме.

Ние, граѓаните на Унијата, во желба да ја зачуваме нашата нација во светот, слободата на нашиот народ во историјата, и единствената структура која заедно ја изградивме од Римскиот договор, ги повикуваме сите држави да се обединат во интегриран политички ентитет, вклучувајќи и Конгрес на Унијата, составен од Парламент – непосредно избран во едноставна област и на основа на транснационална листа – и Сенат на народот. Конгресот на Унијата ќе избира претседател, кој евентуално може да биде избран со гласање на избори.

За таа цел, ја повикуваме Европската комисија да ги преземе потребните чекори и да им предложи на земјите-членки федерална, економска, социјална и демократска агенда.

Извор: L`Express Blog

ОкоБоли главаВицФото