Забранет пристап за хомосексуалци

18.04.2012 13:55
Забранет влез за хомосексуалци

На хомосексуалците и девојките кои се однесуваат „како машки“ ќе им биде забранет влез во училиштата, пишува денес весникот „Шарк“.

Комисијата за промоција на чесност и превенција од пороци, најригорозната агенција во Саудиска Арабија, доби наредба од највисокиот врв новите мерки да ги примени врз хомосексуалците и девојките кои се однесуваат „машки“.

„Инструкциите за забранет влез на хомосексуалците и девојките кои се однесуваат „машки“ им се испратени на сите јавни училишта и универзитети со цел да се интензивира напорот за борба против тој феномен кој го промовираат одредени веб сајтови“, пренесува весникот „Шарк“.

Исфрлените тинејџери можат да се вратат на училиште само ако „престанат со таквата пракса и неприфатливото однесување“ на јавни места и кога ќе го променат својот изглед, облекување и начин на однесување. Во Саудиска Арабија владее шеријатскиот закон и хомосексуалците добиваат телесни, неретко и смртни казни.

Саудиските власти го заострија законот и пред две години забранија вработување на хомосексуалци.

Извор: 6yka.com

ОкоБоли главаВицФото