Политичко читање на улиците

19.06.2012 09:19
Политичко читање на улиците

Насловот на овој напис е преземен од книгата на финскиот професор Кари Палонен објавена во 1996, но може да гласи и „Промена на власта, промена на улиците“, според студијата на професорот Бојан Марјановиќ од Факултетот за политички науки – Загреб, објавена во списанието Социологија бр. 4

Станува збор за феномен кој не само што не е „технички“ ниту „прашање на проценти“ или, пак, за „обично ротирање“ туку за проблем кој има длабока идеолошка, политичка, социолошка, идентитетска и психолошка димензија.

Проблемот со промената имињата на улиците е дел од идеолошката матрица на режимот кој го воспоставува одредена политичка структура на власт. Целта е секој кој ќе помине преку мост, покрај одреден споменик или, пак, по одредена улица, кога ќе пополнува одредени формулари во кои е потребно да се испише адресата или ќе погледне во својата лична карта или пасош, да се потсети на идеолошката матрица на власта, односно дека станува збор за препрочитана историја или пак редефиниран идентитет. Тоа се симболи на едно владеење од кои не може да се побегне дури сте принудени дури и самите да го спроведувате. Тука се вкрстуваат политичките идеали, националната историја, идентитетските супстрати, религиските определби и други вредности кои се израз на вредности на општеството во кое живееме. Минувајќи низ улиците и преку плоштадите не секојпат сте индиферентни кон тоа кои се лицата според кои се именувани улиците, чии се спомениците и другите споменичните симболи покрај кои поминувате, какво е нивното значење што тие „сакаат“ да ви „порачaaт“.

Во стратегијата за создавање на „новиот идентитет“, промената на имињата на улиците, плоштадите или населбите се израз на манипулативна политика која сеќавањето и поимањето на историјата сака да го насочи во правец на „препрочитување на историјата„ и редефинирање на идентитетот. (Пре)именувањето на имињата на улиците е единствена прилика за (пре)пишување на историјата, преобележување на светите места и личности од историјата (Б. Марјановиќ), секако, според барањата на владејачката елита.

Промените на имињата на улиците се извонредна можност, под паролата за дезидеологизацијата на еден претходен режим, да се пишуват „нови поглавја на историјата... за моделирање на историјата во функција на интересите на владетелите...‘‘ (Б. Марјановиќ), но и синдром на самодокажување на моќта која им ја дава власта да ја наметнат својата идеолошка и вредносна матрица. „Со распоредот на улиците може дополнително да се создаде нова историска хиерархија на настаните“ (Б.М.) или нова хиерархија на личностите како симболи на едно минато, а целта е да се преобликува и создаде нов идентитет според интересите на оние кои се на власт.

Преименувањето на улиците, градовите или друг вид на населби, промената на топонимите, појавата на „нови“ личности како продукт на „преиспитаната историја“ од аспект на нивната улога во историските настани, не ретко служат за дефинирањето на границите на некоја држава, регион, град или населби, особено кога етноцентризмот е составен дел на политиката на владеењето. Тие покажуваат до каде и со кои имиња или симболи граѓаните треба да се идентификуваат меѓу себе и во однос со другите. Сите други вредности се во втор план.

Македонскиот народ првпат ја имаше историската можност да именува улици и гради симболи, по победата над фашистичкиот окупатор и создавањето на НР Македонија како државен и национален конституент на Југословенската Федерација. Именувањето на улиците и симболите беше мотивирано и имаше за цел:

1. Да го изрази својот национален идентитет, при што највпечатлив симбол било пренесувањето на моштите на идеологот на македонското национално движење Гоце Делчев, но и фактот што многу улици биле именувани со херои од Егејска и Пиринска Македонија;

2. Да се раскине со наследство од Кралството Југославија во кое, заедно со другите националности, беше изложен на национално и социјално угнетување како и наследството кое го остави бугарската окупација;

3. Да се изрази заедничката борба со другите со југословенските народи и народности;

4. Да се изрази припадноста на светската антифашистичка борба, под чии симболи се одржа и Второто заседание на АСНОМ;

5. Да се изрази радикалното раскинување и промена на класно-социјалната основа на владеењето, при што, именувањето на улиците покрај и имињата на народните херои ги изразувало и работничко-класниот карактер на власта. Секако дека неодминливо ако не и пресудно било влијанието на Комунистичката партија и идеологија во услови на еднопартиско владеење, но и како израз на признание на загинатите комунисти.

Сепак, од денешен аспект, колку и да може да се зборува и за одредени пропусти или, пак, идеолошки монопол или разидувања, социјалистичката власт во никој случај не може да се обвини дека го избришала националниот идентитет, дотолку повеќе што дотогаш македонскиот народ и македонската нација не биле правно признаени ниту, пак, имале сопствена национална држава. Напротив, тоа е период на градење на првите национални институции и национални симболи, вклучително и именување на улиците и населбите.

Секако, од посебно значење за граѓаните е прашањето колку, како поединци, можат да се идентификуваат со симболите покрај кои секојдневно поминуваат, со (пре)именуваните улици, но и колку тие промени се силни да поттикнат одредени емоции или чувства на (само)идентитет како на ниво на вредностите со кои располага единката или, пак, врз системот на вредности кои владеат во општеството. Всушност, низ еден реверзибилен процес се одвива хомогенизацијата или раслојувањето на идентитетот на даденото општество.

Минувајќи преку плоштадот Македонија во Скопје вие сте истовремено и антички потомци на Александар Македонски и Македонци со словенско потекло на Цар Самуил кој ја основал Охридската Патријаршија (Охридската Архиепископија), и следбеник на Јустинијан и припадник на „Гоцевата раса“ и на Гемиџиите, за по извесно време да бидете потомок и на Мајка Тереза и што уште не. Ако, пак, преминувате преку „Душановиот мост“, заради него многу лесно може да ја добиете етикетата на „Србин со говорна мана“. Минувајќи го мостот, зад велелепните згради со барокна архитектура, пред вас ќе се појави монументалниот споменик на Скендербег, овде во Скопје, наместо во Дебар, Свети Град, Модрич и Нерези или, пак, во Ливада кај Струга, кај што овој јунак, со своите воини, ги остварил најголемите епопеи и победи над Османските султани, меѓу кои и Мурат II-Освојувачот на Константинопол, но поразениот во Ливада.

Локалната самоуправа, чија суштина е приближување на граѓаните во вршењето на власта, сè повеќе станува „феудален“ посед на власта која, од позиција на „демократско прегласување“ или коалициско нагодување, менува називи на училишта кои имаат полувековни традиции или изразуваат друг идентитет, менува имиња на симболи и на топоними, урива споменици од 16 век или селективно обновува или обележува споменични симболи кои многу често имаат многу повеќе културни и религиозни, отколку идеолошки вредности, сè со цел да го обележи просторот на своето владеење.

Културниот и национален геноцид кој го има доживеано македонскиот народ, особено во периодот по Балканските војни, како историско паметење е причина повеќе за големата сензибилност кога станува збор за (и)менување на улиците и симболите кои, во никој случај, никогаш не биле ниту можат да се сведат на обично ротирање, проценти, а најмалку на техничко прашање.

17 јуни 2012

Илустрации: Стивен Олдрич

Odlicen tekst, vo celost. Za

Odlicen tekst, vo celost. Za zal, mislam deka nema da dopre do vlasta i vlastodrscite koi se odlucija na vakov cekor iako toa bese sosema nepotrebno. I ne samo nepotrebno tuku i stetno vo ovoj opstestveno-politicki moment na drzavata vo koja ziveeme. Vakviot cekor na preimenuvanje na ulici i objekti i vo vakva golema mera moze da predizvika mnogu drugi stetni implikacii i namesto posakuvanata cel od strana na aktuelnata vlast, da napravi nepredvidliva steta vo bliska idnina.

Нема дилеми, улиците ќе си

Нема дилеми, улиците ќе си бидат вратени оригинално како што си беа, скулптурите ќе се разместат, а зградите, тоа може да се покрие со чаршав, хехе. Тоа им го должиме на жртвите на наци-фашизмот, над 22 илјади луѓе од оваа страна на границата и околу 20 илјади од егејската страна кои се бореа како и историски секогаш било на страната на левицата, но времињата се променети од тогаш. да не ги заборавам и над 7 ијади македонски евереи кои завршија во треблинка. Тоа е бројка која вџашува; се согласувам дека имало пропусти во смисла на имиња, но, не треба на сите да им се изградат споменици за да се рехабилитираат, за нив е пишувано, објавувано и нема дилеми дека имао пропусти, но ако се спореди оваа бројка од 50.000 жртви кои Македонија ги положи, ова сето што го прават овие морлачки смрливци, ГАДНО, ЕПТЕН ГАДНО ќе им се врати! И да Ви е јасно на сите, тоа Бранко Црвенковски нема да го прави, тој ќе биде излижан и поклопен од историјата!

НИЕ СМЕ ДРУГИ! ПРАВАТА ЛЕВИЦА!

ти и Шекеринска ли бе Геле,

ти и Шекеринска ли бе Геле, со Шема и Макрадули ли бе, да ебамаму да ебам?! :))