Цвеќето навистина ги „разоружува“ жените

02.07.2012 15:35
Цвеќето навистина ги „разоружува“ жените

Тадиционалниот подарок – букет рози, навистина може да го освои женското срце, барем ако ги имаме предвид резултатите од новото истражување во Франција, пренесува британски Telegraf.

Психолозите од Универзитетот во Јужна Бретања открија дека цвеќето ги прави жените многу поотворени кон мажите. Тоа дури и не мора да биде подарок – доволно е да се наоѓа во близина.

Исто така, докажано е дека жената побрзо ќе му го даде својот телефонски број на некој непознат маж ако ја застане пред цвеќарница, отколку ако ја сретне во продавница или бутик.

Универзитетот регрутираше пет доброволци кои неколку жени претходно ги отцениле како привлечни. Тие имале задача да им приоѓаат на жени на возраст меѓу 18 и 25 години на улица во обид од нив да го добијат телефонскиот број.

Тие морале да се претстават, да дадат некој фин комплимент и да побараат број за да отидат на пијалак со некоја од нив.

Од 600 жени, една четвртина (144) прифатиле да го дадат својот телефонски број доколку мажите им пришле во близина на некоја цвеќарница.

Научниците го претставија своето истражување во Списанието за социјална психологија, а д-р Том Буханан, психолог од Универзитетот во Вестминстер, тврди дека погледот на некои предмети може да предизвика друг образец на однесување кај луѓето, дури и кога ти не се свесни за тоа.

Со други зборови, послушајте ги советите на постарите и освојте ја дамата која ве интересира со некој убав букет цвеќе.

Извор: b92

ОкоБоли главаВицФото