Формирана партија на донатори на органи

28.10.2012 13:34
Формирана партија на донатори на органи

с. Слепче, 28 октомври 2012

Пред месарницата „Машко месо“ во демирхисарското село Слепче, со настап на локалната играорна група „Машко оро“, беше претставена најновата македонска политичка партија, Партија на донатори на органи (ПДО). Интересно е тоа што ова е прва партија во Македонија чии членови се само мажи.

Амбицијата на ПДО е да придобие голем број гласачи на претсојните локални избори, а ќе настапи со слоганот „Еве ви кур“.

Претседателот на ПДО, Дончо Органовски објасни дека во партијата членуваат само мажи кои никогаш немале сексуален живот, па затоа можат слободно да им го донираат на граѓаните органот споменат во слоганот.

„Ќе покажеме дека, за разлика од оние кои се удираат во гради и на цел глас кажуваат колку се загрижени за народот, навистина сме подготвени да помогнеме. Кој друг е спремен им донира органи на граѓаните?“, изјави Органовски.

Повеќето аналитичари сметаат дека нема место за преголем оптимизам во ПДО, затоа што кога-тогаш ќе дојде до недостиг од органи. Иако бројот на мажи без сексуален живот (а со тоа и бројот на потенцијални членови на ПДО) е огромен, не постојат толку органи за донирање колку што граѓаните побаруваат и се спремни да примат.