Бебе прозборело со зборовите дела и проект

22.03.2013 14:13
Бебе прозборело со зборовите дела и проект

Скопје, 22 март 2013

Во семејството на младиот брачен пар Стојна и Трпе Штабовски од скопското село Барокце, се случил необичен настан: нивниот едногодишен син прозборел, а првите зборови што ги изговорил биле - дела и проект.

Кога малиот Страшо наместо очекуваните мама или тато, ги изговорил зборовите дела и проект, родителите прво биле шокирани, но потоа се израдувале и велат дека веруваат дека Страшо во иднина ќе стане добар гласач.

„Деуа, плоект, промрморе, убав на мама. А го учев - кажи мама, кажи мама, ама ете, телевизорот си го направи своето“, вели мајката, додавајќи дека најчесто го смирувала со платената политичка програма на владејачката партија.

Таткото Трпе вели дека го учел малиот Страшо да го изговори зборот тато кога ќе го праша „кого најмногу сакаш“, но без успех.

„Кого најмногу сакаш, го прашувам а тој - проект. Златен на тато, да му расте курето колку од Александар споменикон“, вели Трпе Штабовски.

Семејството го посетија премиерот Николај Грубевски и скопскиот градоначалник Трале Коцев и на малиот Страшо му подарија пакет пелени и членска книшка од владејачката партија.

Фотографија: Даниел Наполи