Американските Индијанци

03.12.2012 13:45
Фотографии од американските Индијанци

На почетокот на XX век се случува еден од најголемите геноциди во историјата на човештвото. Во првата деценија САД ги отвораат резерватите, во кои од болести, очај или од рацете на американските војници умираат американските Индијанци.

Едвард С. Куртис, фотограф од Сиетл, ја сфатил важноста на исчезнувањето на Индијанците. Триесет години од својот живот посветил на документирање на преживеаните. Многу од неговите култни фотографии сега може да се најдат собрани во книгата „Short Nights of the Shadow Catcher: The Epic Life and Immortal“.

Ловецот на сенки, како што го нарекувале Куртис, починал во 1952 година на 84-годишна возраст. Бил полетен човек, висок и брадест. Парите за своите проекти за фотографирање на секојдневниот живот на осумдесет племиња ги добивал од елитата, истата онаа елита чии индустриски операции довеле до истребување на Индијанците.

Со тек на време, Куртис успеал да ја стекне довербата на многу племиња, а трпението и упорноста му овозможиле да оди на неколку експедиции на кои ги фотографирал лицата, камповите и ритуалите на Индијанците, а ги следел и кога оделе на лов. Исто така, бил повикан да присуствува на нивните тајни ритуали, што е можност која ја добивале малку белци.

Направил речиси 40.000 фотографии и 10.000 снимки на 75 јазици, што е едно од најтемелните антрополошки истражување спроведени кога било.

Слични содржини

Фотографија / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Психологија / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Наука / Око

ОкоБоли главаВицФото