И сендвичите во Скопје ќе бидат барокни

11.01.2013 11:26
И сендвичите во Скопје ќе бидат барокни

Скопје, 10 јануари 2013

По најавата дека во центарот на градот ќе бидат изградени шест нови сендвичари во барок стил, во ексклузивен разговор за Пара вести градоначалникот на Скопје, Трале Коцев, обелодени дека и сендвичите што ќе се продаваат во новите објекти ќе бидат барокни.

Станува збор за барок-бургер, сендвич што ќе биде подготвен по стариот македонски рецепт, неодамна пронајден од археологот Спаско Хунзман во еден тревник во градскиот парк во Скопје, во близина на Кермес.

„Рецептот е отприлика ваков: во барок-бургерот има, нормално, плескавица, но се додаваат и печурки, пржени компири, топено чоколадо, кромид, лук, праз, јаболко, мандарина, телешки џигер, чварки, кашкавал, сирење, урда, пача, свинска коленица, спанаќ, зелка, сенф, пастрмка, чаден лосос, јагнешки мозок, а по желба и лешници, авокадо, суви сливи или слатко од смокви“, откри скопскиот градоначалник за Пара вести.

Коцев додава дека ова е сендвич кој ќе ги задоволи вкусовите на сите, затоа што во себе има најразлични состојки. Спаско Хунзман не сакаше да зборува за начинот и времетраењето на подготовката, ниту за цената по која ќе се продава сендвичот.

„Ќе излезат сендвичите, ќе пробате, ќе видите“, изјави Хунзман во краткиот телефонски разговор со нашата редакција.

Неофицијално, на свеченото отворање на сендвичарите, новите барокни сендвичи први ќе ги пробаат премиерот Николај Грубевски, градоначалникот Трале Коцев и архитектот Ванг Ел Господиновски.

Церемонијата директно ќе се пренесува во ТВ емисиите „Јади бургер“ на Џанко Дебилковски и „Емисија ми е, двор ми е“ на Дебиленко Саботковски.

ОкоБоли главаВицФото