Прозорец во светот околу нас

11.02.2013 15:23
Прозорец во светот околу нас

Преглед на извонредните фотографии од конкурсот Sony World Photography Awards 2013

Холи - фестивалот на боите - несомнено е најзабавниот и најбурниот од сите индиски фестивали. Тоа е настан кој донесува чиста радост и веселба, со многу игри, забава, музика, танц и, се разбира, многу светли бои.

Усаин Болт од Јамајка трча пред Рајан Бејли од САД, Јохан Блејк од Јамајка, Џастин Гетлин од САД и Тајсон Геј од САД во трката на 100 метри на последниот ден од Олимписките игри во Лондон, на Олимпискиот стадион на 5 август 2012 година.

Прекрасна глетка на јужното зимско небо 240 степени од Млечниот пат, од зад шумата во близина на Кетманшоп, Намибија.

Сестрите Лаура и Белн на прославата на нивниот петнаесетти роденден. Во Латинска Америка, прославата на петнаесеттиот роденден е многу важна затоа што го означува преминот од детство кон зрелост.

Бубамара се обидува да задржи парченце со полен, затоа што не сака да остане сама.

Жена ветеран од Втората светска војна во Белорусија. Ветераните имаат речиси 90 години, а војната започнала кога биле на возраст помеѓу 16 и 18 години. Белоруската држава ги користи како пример за добри патриоти и примерни граѓани.

Островот Горамара се наоѓа во регионот Западен Бенгал. Како резултат на драматичното зголемување на нивото на морето, предизвикано од глобалното затоплување уште во 1960-те, бреговите на овој остров се буквално збришани. Во 1980-те повеќе од половина од територијата исчезна поради ерозијата предизвикана од морето.

Семејства го посетуваат светилиштето Хазрат Али, или Сината Џамија во Мазар-и-Шариф во Авганистан, на 11 мај 2012. Историската џамија привлекува илјадници аџии секоја година.

На 20 ноември 2012, вооружената група М23 го зазема градот Гома во провинцијата Киву во Демократска република Конго. Овој настан е само уште еден чекор во хаосот во земјата кој трае речиси дваесет години. Масовните силувања, арбитрарните убивања, раселувањата, учеството на деца-војници се секојдневие во оваа област. Овој конфликт е најдолгиот во XX век. Исто така, конфликтот ја отсликува најлошата реакција на изморената Меѓународна заедница до сега.

Две бездомни деца си играат со чадот од запалената слама во Читагонг, Бангладеш. Одеднаш, густ чад ги прекрива и тие се обидуваат да се заштитат и да избегаат.

Девојче од селото Туртук, во долината Нубра, Ладак, Индија.

Монаси гледаат во величественото ноќно небо исполнето со илјадници светилки на фестивалот Ји Пенг. Сите светилки се направени од органски материјали.

На 14 февруари 2012 израелските одбранбени сили започнаа седумдневна операција во појасот Газа кој е под контрола на Хамас. Палестинскиот Центар за човекови права соопшти дека за во операцијата биле убиени 158 Палестинци од кои 102 цивили.

Австралискиот машки олимписки ватерполо тим се фотографира во празен базен во Бонди Бич, на 31 мај 2012 во Сиднеј, за време на последните подготовки пред Олимпијадата во Лондон.

Една од фотографиите направени во текот последните четири месеци од претседателската кампања на Барак Обама. Фотографијата беше користена во кампањата на телевизија, интернет, социјалните мрежи и печатените пропагандни материјали.

Слика од изложбата „Еден ден од историјата“, составена од фотографии од деца и млади што го преживеале масакрот на островот Утоја во близина на Осло. „Ги соголувам лузните со достоинство, зашто ги добив борејќи се за нешто во кое верувам“, вели 15-годишната Илва Швенке, која беше застрелана во рамото, стомакот и двете нозе.

Мелиса Ву од Австралија за време на еден од тренинзите за скокање во вода на Олимписките игри во Лондон, во Аквариус Центар, 25 јули 2012.

„Љубовта расте“ е проект кој започна во 2011 и сѐ уште трае, а ги претставува двата можеби најважни моменти во животот на жената: бременоста и мајчинството. Ова се моменти на комплетна промена, физичка и психичка, промена на идентитетот што може да добие и позитивни и негативни конотации.

Времето во Хавана во јули и август е брутално жешко. Кратките, но силни дождови се многу пријатни и добредојдени за населението. На дождот особено му се радуваат децата.

Дрво, Полска.

Лекве Дезија, докторот на домородното население во Нигерија, тврди дека има моќ да лекува ментални болести со молитва и традиционална медицина со билки. Додека се подложени на лечењето, кое понекоаш трае со месеци, пациентите се врзани за дрво во дворот на „ординацијата“. Тие немаат никакво друго засолниште или заштита, а некои од пациентите се жалат дека понекогаш се тепани без причина.

Загар пристигнува прв на целта на трка за кучиња во Белгија. Иако објективот е вперен директно во него, кучето продолжува да трча напред и фотографот е принуден да отскокне на страна откако ја прави фотографијава.

Аџии се собираат за да гледаат како неплодна жена се симнува со јаже во базен со света вода, при чинот на покрстување. Групата верници е убедена декар ритуалот ја лекува неплодноста. Секоја година, токму пред Божиќ, илјадници христијани одат на Аџилак во Лалибела, мало гратче во Етиопја, познат како Црн Ерусалим. Градот е познат по монолитните цркви кои датираат од XIII век.

Феликс Баумгартнер размислува во неговата капсула за време на тренинг во Ланкастер, Калифорнија на 22 февруари 2012.

Традиција, Иран

Вработен во киното Памир во Кабул продава пијалаци и храна за време на проекција на филм. Авганистанските кина кои некогаш биле сметани за луксуз наменет за елитата, сега ја прикажуваат сета беда и пропаѓање на земјата, особено видливи по воените судири и светската економска криза. Во кината обично играат пакистански филмови, американски акциони филмови и филмови од Боливуд.

Враќање во пејзажите од детството. Оваа фотографија е направена во Романија, од возот на линија Букурешт - Баја Маре, во едно магливо утро во есента 2012.

Фотографија од прославата на 100-годишнината од раѓањето на починатиот лидер на Северна Кореја, Ким Ил Сунг, во Пјонгјанг, април 2012 година.

Слични содржини

Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија / Живот
Фотографија
Активизам / Книжевност / Фото

ОкоБоли главаВицФото