Еден априлски ден во карантин

29.04.2020 17:02
Еден априлски ден во карантин

Во време кога целиот свет е во изолација а движењето е строго ограничено, фотографите се најдоа во мошне необична ситуација. Особено оние кои беа растрчани по светот во потрага по фотографски мотиви, а сега се принудени да ги прилагодат својата естетика и креативност на тесниот и густ простор на домот.

Јас, пак, веќе подолго време, од оправдани причини, мотивите за моите фотографски проекти ги барам (и наоѓам), во непосредната околина. Но, и покрај тоа, оваа ситуација на општа изолација, исполнета со мирување, чекање и повторливост, за мене беше фотографски предизвик. Во моето семејство има неколку различни генерации, сите со различни потреби и карактери, затворени во 70 квадрати. Ние треба да ја преживееме изолацијата, а да го зачуваме здравјето и здравиот разум.

Како фотограф чиј интерес е човекот во неговата околина ја искористив можноста да ја истражувам и да зачувам трага од оваа необична ситуација на која сме колективно принудени. Овој мал фото есеј раскажува како моето семејство минува еден ден во изолација. На трага на магнумовскиот начин на гледање, зачинето со мојот поглед на фотографијата, се обидов да ја доловам атмосферата во мојот дом, на моменти комична, на моменти мачна...

Фотографии, Драги Неделчевски,
22 април 2020 година во Тетово.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Слични содржини

Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија / Живот
Фотографија
Фотографија / Уметност / Историја

ОкоБоли главаВицФото