Нова акција на МФР наречена „Индекс“

01.03.2013 13:47
Нова акција на МФР наречена „Индекс“

Вечерва во салата за прес-конференции на Министерството за фнатрешни работи беа презентирани доказите од големата акција наречена „Индекс“ со која беше разбиена банда на студенти. Доказите кои беа презентирани пред јавноста се состоеја од скрипти, учебници, тетратки и индекси со заверени семестри и положени испити.

„Во последната акција на МФР беа запленети голем број материјали за едукација, неколку индекси и неколку калкулатори. Сношти припадниците на специјалните сили на МФР во тесно кординирана акција што се случи паралелно на две места, во 23 часот уапсија 5 студенти кои се дел од озлогласена студентска банда“, соопштуваат од МФР.

Двајца студенти биле уапсени во читалната кај студентскиот дом Медицинарко во моментот кога ковале план како да положат испит по Физика 1 на ФЕИТ. Другите тројца биле уапсени во читалната на ФЕИТ каде што како и првата група ковале план како да го положат истиот испит. Нивниот план се состоел од макотрпно решавање задачи и учење како да се изведуваат формули од темите кинематика, динамика и теорија на релативност.

Студентите на овој начин сакале противправно, со учење, да го положат испитот.

МВР долго време ги следеше овие студенти и нивниот план, изјави портпаролот на МФР кој додаде дека против овие студенти ке се поднеси кривична пријава за прекршување на првиот член од уставот на РМ, во кој се вели дека испит може да се положи само со мито, врски од тетка/вујко/стрина/комшивка и препишување.

Според обвинението кои го изнесе МФР, на студентите им се заканува казна од неполагање три сесии по ред што може сериозно да ги загрози нивните амбиции да завршат факултет, да се вработат со диплома наместо со партиска книшка и со своето знаење да придонесат во својата струка.

Извор: www.radiomof.mk