За дрвјата, за побуната и за тиранијата

29.04.2013 08:11
За дрвјата, за побуната и за тиранијата

Понекогаш се прашуваме зошто Македонците толку долго останале под туѓа власт? Зошто последни успеале да формираат своја држава? Зошто имале толку неуспешни востанија?

Тоа сигурно не е заради тоа што немало храбри луѓе, паметни луѓе, бунтовници, непокорници. Такви имало и ќе има.

Она што недостасувало било организација. Континуирана, систематска, сериозна организација која развива стратегија, прави планови, организира поддршка и развива различни методологии на постапување.

Тоа ни се случува и денес кога се обидуваме да се спротивставиме на очигледно диктаторската власт која своето владеење го базира на криминал, незнаење и манипулации.

Само најнов пример е она што се случи со сечењето на дрвјата пред Бристол. Така спонтано се собраа, се изнавикаа и си отидоа дома задоволни и горди на својата граѓанска непослушност. Меѓутоа, тоа е само залажување и тоа се виде ептен брзо кога дојдоа и ги исекоа дрвјата ноќе, кога ги немаше, кога спиеја, кога не можеа така брзо да се соберат.

Како треба да се прават работите:

1. Да се ангажираат невладините организации кои се бават со човекови права и со заштита на животната средина

2. Да се поврзат со академската јавност (стручњаци од областа на заштита на животната средина)

3. Да се направи организиран фронт и мрежа на известување која ќе овозможи промптно собирање на заинтересираните да реагираат

4. Да се поврзат со сите заинтересирани страни (родители, пензионери, …) кои може да дадат поддршка

5. Да се организираат стражи на соодветните локации, да се поведат правни постапки, да се поднесат кривични пријави против секој оној кој дозволил/овозможил сечење на дрвјата

6. Да се направи план за идно дејствување во слични ситуации

Ајде да го срушиме владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, како што била разрушена Картагена.

Или ќе бидеме кучиња кои лаат на карванот што минува или ќе станеме луѓе кои се организираат и делуваат.

Извор: kvadraturanakrugot.crnaovca.mk
Слики: Џастин Малангони