Македонија ќе воведе визи за земјите од ЕУ ако продолжи азилантскиот бран

25.05.2013 14:32
Македонија ќе воведе визи за земјите од ЕУ ако продолжи азилантскиот бран

Скопје, 25 мај 2013

Портпаролот на владата на Македонија, Среќко Добровестов, на денешната прес конференција соопшти дека властите размислуваат да воведат визи за земјите од ЕУ доколку азилантскиот бран продолжи со ист интензитет.

Според податоците од МВР, во 2013 година бројот на лицата кои побарале т.н. економски азил во Македонија е во постојан пораст, а особено е зголемен од неодамна, по избувнувањето на немирите во Шведска.

„Знаеме дека Македонија е не само инвестициски и економски рај, туку и едно од најубавите места за живеење во Европа. Сепак, не постои азил кој може да се одобри на економска основа и сите нелегални емигранти од ЕУ ќе бидат вратени во своите земји. Строго ќе се придржуваме до тоа“, изјави премиерот Николај Грубевски.

Единствен од владата кој се противи на оваа идеја е министерот за труд и социјална политика, Ристо Спировски, кој стравува дека Македонија ќе остане без работници доколку азилантите од ЕУ бидат вратени.

„Доволно проблеми имаме со младите македонски мрзливци кои не сакаат да работат. Ако ги изгубиме и азилантите како работна сила, ќе настане голем дефицит на пазарот на труд“, предупредува Спировски.

Радикалните струи во владејачката партија повикуваат на бојкот на ЕУ и прекин на сите евроинтеграциски процеси, бидејќи Македонија само трпи штети од Унијата која и онака ќе се распадне. Според сознанијата на Пара вести, тие претставуаат занемарливо малцинство и немаат големо влијание во ДПМНЕ, иако повеќе независни новинари од исто така независни медиуми го делат нивното мислење.