1008 hPa
48 %
28 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 13:59
Деновиве ќе биде официјализирано името на олеснувачот од ЕУ кој ќе се обиде да помогне за новиот партиски трансфер на Филип Петровски.
Откако Петровски веќе околу 2 години не ги сменил партиските бои, ЕУ стана загрижена за овој застој во политичкиот процес во земјава и потенцира дека тоа може сериозно да се одрази врз политичкиот дијалог. Засега се наведува дека олеснувачот ќе дојде во текот на март во Македонија, односно еден месец пред изборите, што е погоден термин за евентуален политички трансфер.
Пред назначувањето на олеснувачот во Брисел имало дебата дали да се вклучи ова прашање како дел од нова серија на „Дијалог на високо ниво“ (HLAD) или пак да се третира одделно, но заради значењето на овој процес за севкупната демократска атмосфера во земјата, сепак назначено е посебно лице.
Во кусата потврда на овие најави не се наведува дали Петровски ги дефинирал своите барања за премин во некоја опозициска партија, или пак во некоја од партиите кои се дел од владејачката коалиција.
Извор: brejking.net