1008 hPa
48 %
28 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 13:59
Скопје, 8 јули 2013
Констелацијата на ѕвездите кои се наоѓаат на знамето на ЕУ е исклучително неповолна за Македонија и не треба наскоро да се очекува нивно меѓусебно приближување, тврдат астролозите.
„Дванаесетте ѕвезди на Европската унија формираа затворен круг, што покажува склоност на ЕУ кон статичност. Наспроти тоа, Македонија стана независна во 1991, во знакот на девица, што ја условува нејзината незгодна природа. Во моментов, девиците се наоѓаат во длабок несклад со положбата на европските ѕвезди што доведува до неразбирање и конфликти“, објаснува познатиот астролог Меркур Паланчев.
„Ако прогласевме независност само еден месец порано или подоцна, Македонија ќе беше под друго ѕвездено влијание и нашите евроинтеграции ќе поминеа без никакви проблеми“, тврди тој.
Астролозите ги загрижува и тоа што ѕвездите од американското знаме во овој момент се во положба која е неповолна и создава дисхармонија помеѓу Македонија и САД, што дополнително ја отежнува положбата на нашата земја.
Паланчев вели дека не треба да очајуваме. Тој им советува на македонските власти да продолжат со својата работа и така сите неповолни аспекти по Македонија ќе поминат, штом ѕвездите на европското и американското знаме ќе ја променат својата положба.
Адаптирано од: www.njuz.net