Комшија пантомимичар тивко го реновирал станот

13.06.2013 12:54
Комшија пантомимичар тивко го реновирал станот

Скопје, 13 јуни 2013

Пантомимичарот Александар Георгиевски (34) на третиот кат го реновирал својот стан без ниту еден звук, јавуваат сигурни извори од зградата.

Самиот Георгиевски со движења на рацете и гестови, без ниту еден збор, објасни дека целокупната работа требало да трае многу пократко, но му се расипала невидливата дупчалка, па морал да замисли нова.

Перо Ангеловски, првиот комшија на Александар, вели дека реновирањето било ужасно тивко, така што никој во зградата не забележал што се случува.

„Од неговиот стан не допираше никаква врева, иако божем го рушеше ѕидот за да ја помести вратата за два метри. Сите во зградата веќе неколку недели бевме сосема невознемирени од неговото реновирање“, заклучува тој.

Соседот Перо вели дека единствениот проблем со Александар Георгиевски го имал кога му се јавил на телефон да му каже да ја намали гласната музика, но „тој само молчел“.

Извор: www.njuz.net