Студент на електро викнал полиција поради гласниот секс на двајца пензионери

09.04.2013 20:41
Студент на електро викнал полиција поради гласниот секс на двајца пензионери

Скопје, 9 април 2013

Студентот на Електротехничкиот факултет во Скопје Мирко З. синоќа околу 20:00 часот повикал полиција затоа што пензионерскиот брачен пар во станот до неговиот правел неподнослива врева за време на сексот.

Вревата почнала непосредно по завршувањето на вечерните вести на МТВ1 и траела во текот на следниот час, сè додека полицијата не интервенирала. Во разговор за Пара вести Мирко З. изјави дека ова не е прв пат споменатиот брачен пар да прави проблеми во зградата.

„Редовно прават журки, седенки и пасијанс партии, а најлошо е кога играат домино, бидејќи тогаш доаѓа најголемо друштво. Пушат и пијат иако не смеат, по цела ноќ ги рокаат Петар Нечовски, Јасмина Гуњова и Сузана Спасовска, а неколку пати се случи и да прегорат половина осигурувачи во зградата бидејќи варат енормна количина чај“, се жали студентот.

Сепак, како што вели, сето тоа не е ништо во споредба со вревата која ја прават за време на сексот.

„Во животот имам гледано многу порно филмови, но никогаш не сум слушнал вакво нешто. Дури и да ги занемарам извиците како пази колкот! и душо, стај ги цвикерите!, тоа е една бесконечна низа од најголеми вулгарности и непријатни звуци. Разбирам страст и сето тоа, ама во сè треба да се има мерка“, оценува Мирко З.

За да биде работата полоша, тој не очекува интервенцијата на полицијата да го реши проблемот на долг рок, а дури од споменатиот брачен пар доживеал и закани.

„Кога претходниот пат викнав полиција, господинот претпостави дека тоа сум јас и во лифот ми рече: Мали, пази се, ќе се видиме ние во градски превоз. Оттогаш избегнувам да се возам со автобус, а полицијата вели дека морам да имам доказ дека ми се заканувал за да можат да реагираат. Се плашам за мојата безбедност“, изјави Мирко З. на крајот на драматичната исповед.

Извор: www.njuz.net