Сулуд сон

29.10.2009 00:07
sulud son slikicka 2.jpg

Пред некоја вечер куцав цела ноќ некои текстови, башка повремено буричкав и на Блогерај и на Фејсбук, па ај реков да се занимавам со нешто земав да акам чаеви, малце да се потсетам коа некад кисневме у „Багдад кафе“ и слични култни чајџилници у Чаршија.

Тука мислам на чај, јак, црн, дал индиски, цејлонски, англиски или ко у Русија шо пиевме секој ден (растението чај, не оние безвезе квази „чаеви“ липа, хибискус, шипинки). И коа ми тргна со чаевите, ќе покуцам малце на комп, ќе станам, ќе сварам нов, ќе покуцам пак малце, пак ќе станам, ќе стаам нов и све така, пиј, пиј, пиј, абе испив петстомиљарди литри. Коа ми удри у глаа кофеин ли е тоа што ли има у чајот (дрва сме се праеле порано со јаки турски мали, густи), абе не можев да спијам. Врти се, врти се, едвај некако заспав. Коа почиње сулуд сон!

Сонував некаков имагинарен најнов спот од ASIAN DUB FOUNDATION??! ОК бенд се и имав прилика да ги глеам и у Скопје коа беа пред неколку години, меѓутоа, долго време не сум ги свртел по дома. Всушност долго време не слушам некаква одредена музика, без разлика дал разни врсти на рокенрол, електроника, сеедно, се иам сморено пошо цел живот тоа па тоа. Музика, музика, музика. Kао помлад сум свирел у бендови по гаражи и подруми, па свирки у МКЦ и слични детински фази, па идење на фестивали по странство, собирање плочи, цедеа, списанија, па и пишував за музика и во печатот и на веб, праев радио емисии итн.. итн... итн... Едноставно, во последно време сето тоа ме замори. И така, у задње време не слушам ништо специјално, коа одеднаш ниоткуда се појавуе сонов, па уште со музичка тематика!

Спотов идеше вака: Камера иде бавно од лево на десно зззз и покажува соба. Не е голема, ама е некако пријатна. Сликата е некако „топла“, на жучкасто. Као што иде камерава, покажува тука предмети едно- друго (рецимо книга остаена до кревет отворена и така нешто, суптилно), и како што иде камерата, поминува преку кревет, на кој, покриени со бел чаршаф лежат машко и женско. Спијат, а иначе е утро, не е ноќе, што се гледа по тоа што низ прозорците со завеси допира понекој сончев зрак, но сепак, не е лето. Момаков и девојката ваљда се дечко и девојка, ама некако повеќе личеше на млад брачен пар (или на партнери кои живеат заедно). Возраст не знам, ај да речеме од 25-30 за цурата и 35-40 па нагоре за момакот.

Девојката е горе- долу убава, сеа не беше 100% по мој вкус, ама сепак генерално симпатична, така некако arty цуца, има некако портокаловка боја на коса, која и’ е со средна дужина (нешо до под уши) ама косава не е ни виткана, ни права, ни таласаста, туку некако модерно ишишана, не знам да објаснам, као choppy, распрчкана или зашилена на краевите. Барав соодветни слики на девојки, ама не можев да најдам 100% таква. Најдов некои слики приближни, па ги искомбинирав заедно: КЛИКНИ ТУКА ДА ВИДИШ. Некако, тип на девојка к’о Dido пејачката ама не баш. Делуваше паметно, можда маалце студено (фацата и се гледа одблиску, спие, со главата потпрена на дланките, она класика поза на спиење, на бок, на работна креветот).

Типот до неа пак, нешто постар, више малку сив у косата, ама ипак делуе паметно и донегде и привлачно. Типот у имагинарниов „спот“ уствари личи на еден глумец од една серија нешо со форензичари, да го видите ќе ви текне, ама не знам како се викаше. Не е прв ешалон Холивудски актер сеа Џорџ Клуни, не е дотолку познат.

Судејќи според ентериерот у станчето, се работи за, ај да речеме, урбани интелектуалци, ни премлади ни престари или така нешо, се глеа тука полица со книги, све асални некои избрани со вкус, па незнамти рафт со цедеа, нешо амбиентали тука, џезои, електроники, може и понекое нетолку упадливо егзотично сувенирче од патувања, од незнамти Индија или сл.
Камерава вози што вози низ станчево, доаѓа до прозорец или врата на тераса и низ развиорени проѕирни бели завеси искача надвор и „лета“ низ екстериерот, тука згради ко у Њујорк, некако кафеавки ко на Вуди Ален филмовине, а камерата (односно сликата која ја гледате) летајќи низ просторот ко авион, од време на време се накривува улево или удесно, што му дава една посебна драж на спотот. Као да сте пилот у кабина. Ззз лета така, бавно ко низ сон, но не е страшно, туку е пријатно.

Надвор е инаку дење, утро, а сликата  како и во станчето и надвор е „топла“, ко ефект да е ставен, накај жуто, светло кафеавкасто, не баш сепија али така нешо, к’о на спотот "In The Closet" од Мајкл Џексон или "Se bastasse una canzone" од Ерос Рамацоти или сл. Еве склепав една слика колку за пример, иако не доловува точно како беше атмосферата во спотот: КЛИК ЗА ДА ВИДИШ ТУКА.

Додека тераат сцениве од спотот, одозгора иде имагинарната „песна“ на  Asian Dub Foundation. Пријатна е за слушање, иде некоја електронска dub/ ragga комбинација, а цело време, синхронизирано со ритамот пејачот повтара некоја фраза као „МУМБАИ, МУМБАИ“ (тоа е Бомбај, Индија), ама не беше со викање, него онака, нормално, „МУМБАИ, МУМБАИ“, али уз ритамот.

И така си тераше си тераше КОА одеднаш у еден момент СОНОТ СЕ ПРЕКИНУЕ!!! ШИТ!! Станувам целиот у бунило, у глава уште ми свиреше мелодијата, викам дај брзо некако да се снимам на нешто, на некој диктафон, на мобилен ли и слично, да се зачува, но дур се снајдов- ИЗВЕТРЕА.

Пу у пичку матер, а добра беше!!! @#$%^ Иначе, звучеше као стварта на Asian Dub Foundation, "Riddim I Like", тиинг- тиинг тд- д’н- д’н тинг- тинг дудуду ддд тиинг- тиинг ал ја имаше таа фразата „МУМБАИ, МУМБАИ“.
Сеа дали стварно постои некој таков спот и таква песна или сум предвидел нешто што допрва ќе искочи, не знам?! Пошто, не да се фалам, ама упатените веројатно приметиле дека многу работи, кои беа пишувани кај мене на блог, подоцна и се реализираа (поготово од македонската музичка сцена, не знам ти реиздавања на албуми, реоформувања на групи итн.). Си викам, замисли ADF некако дојдат до Блогов и ја здиплат идејава, она глеаш утре седнуеш уз кафе пушташ ТВ и КОА иде спотов „МУМБАИ, МУМБАИ“, и онака зинат глеаш WHAT THE F...??!

Лудо, а?


Во продолжение, аудио клип од студиската верзија на песната на Asian Dub Foundation, "Riddim I Like" од  нивниот албум "Community music" од 2000 година (клик пар пути на плеј за да прселушаш), како и видео клип од концертна изведба на истата ствар (live варијантата е „понафурана“, обратете повеќе внимание на студиската).

 

 

Слични содржини

Музика
Музика / Историја
Уметност / Теорија / Музика / Историја
Книжевност / Култура / Музика

ОкоБоли главаВицФото