Канаѓанките бараат родово неутрална химна

14.10.2013 12:32
Канаѓанките бараат родово неутрална химна

Коалицијата на истакнати канадски жени бара канадската химна да се врати на изворниот, родово неутрален текст.

Кампањата RestoreOurAnthem.ca ја покренаа дел од највлијателните жени во Канада, вклучувајќи ја и првата и единствена канадска премиерка, Ким Кемпбел, пензионираната сенаторка Вивиен Пој, сенаторката Ненси Рут и светски познатата писателка Маргарет Етвуд.

Во видеото објавено на Јутјуб коалицијата наведува дека канадската химна се изведува за „нивните деца да научат кои се и за да ги прослават своите најгорди моменти“. Затоа, коалицијата на истакнати Канаѓанки бара канадската химна да се наврати на изворниот, неутрален текст.

Зборовите „заповед за сите твои синови“ сугерираат дека единствено мажите се повикуваат на лојалност, вели Етвуд. Овие стихови во оригинал гласеле „заповед за сите нас“.

„Канаѓанките стојат рамо до рамо со мажите во секоја сфера на дејствување. Потребна е химна која ја одразува оваа стварност“, тврдат во коалицијата.

Ова не е прв пат да е упатен повик во Канада да се усвои родово неутрална хумна. Во 2010 година малцинската Конзервативна влада објави дека ќе побара од парламентот да ги провери изворните стихови на химната.

Извор: www.tportal.hr