Кампања против употреба на зборот „наметливи“ кој ги навредува жените

21.03.2014 13:23
Кампања против употреба на зборот „наметливи“ кој ги навредува жените

Влијателни жени како Бијонсе, Џејн Линч и Џенифер Гарнер ја поддржаа кампањата на Шерил Сандберг „Ban Bossy“, покрената за да се исфрли од употреба зборот „bossy“ (наметлива, која сака да шефува), со кој често се карактеризираат жените.

Повеќе од 100.000 луѓе на интернет страницата BanBossy.com ветиле дека ќе престанат да го користат тој збор и дека ќе се обидат да ги убедат другите да го направат истото, а за кампањата се дебатираше и на социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер.

Кампањата настана како резултат на партнерството меѓу Girl Scouts USA и Leanln.org, организација која ја предводи претседателката на управата на Фејсбук Шерил Сандберг. Целта на проектот е да се подобри самодовербата кај девојките. Исто така, кампањата треба да ги поттикне жените да се борат за себе на работното место, барајќи признание за своите достигнувања и треба да води кон постигнување напредок во затворање на родовиот јаз во платите и позициите на моќ.

Истражувањата покажуваат дека на жените им е тешко да се изборат за себе, бидејќи од мали нозе се воспитувани да се однесуваат „како дами“, што значи да бидат скромни и понизни.

Една третина од Американците изјавиле дека претпочитаат маж како шеф на работното место, додека жена во таква улога порадо би виделе 23% од испитаниците. Женската одлучност се смета за негативна карактеристика, поради што и вработените потешко ја прифаќаат.

„И ние како девојчиња бевме нарекувани наметливи. Години подоцна тој збор сѐ уште боли и се сеќаваме на чувството кое го предизвикуваше: биди тивка, немој да креваш рака, не преземај водство, ако го направиш тоа, никој нема да те сака“, пишуваат на LinkedIn Сандберг и коосновачката на LeanIn Рејчел Томас.

Извор: voxfeminae.net

Слични содржини

Активизам / Историја
Активизам / Свет

ОкоБоли главаВицФото