Иднина

28.04.2014 12:22
Иднина

Иднината е најстар збор од новоговорот; секогаш се работи за неа и се граба за неа. Но, речено е:

Народот гласа молчешкум.

Подобро од ова не можевме. А не ни смеевме. Сѐ подобро од ова би било големо изненадување. Вака изнедувањето ни е малечко. Само колку добро да се види дека остануваме на своето. Секоја ни чест. Никој друг не би го можел тоа. А не би ни смеел.

Од потомството.

Не дозволивме пречки во овие наши зафучени тркала на обновата. Ниту некаков си белосветски какол во благородната домашна сорта. А нема да го дозволиме ни она што веќе им го дозволивме на другите. Никако. Туку ќе се држиме на страна, на својот единствен и најпосле докажано оригинален пат.

Ех, да гласавме во кафеана. Ама, не гласавме. Не умеевме, а не ни смеевме.

Ни да сонуваме за улица.

А друго, не сум сретнал човек кој сретнал човек кој гласал за она за коешто гласал.

Кој вели дека историското паметење ни слабее? Како, инаку, да се толкува отсуството на секаква желба за промена, ако не со сеќавањето на онаа единствената. Големата промена која ни беше однела сѐ и - донесе сѐ.

И затоа сега немаме ништо.

Цитиран е почетокот на „Време на уживање“ на Миливој Мајсторовиќ, објавен на 14 јануари 1991.

Извор: vreme.com
Слика: Оливија Локер

Слични содржини

Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор

ОкоБоли главаВицФото